МАКЕДОНЦИТЕ ВО ОКТОМВРИСКАТА РЕВОЛУЦИЈА

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ОКТОМВРИСКАТА РЕВОЛУЦИЈА (25/26. Ⅹ 1917) – учество на македонската емиграција во Русија во преземањето и зацврстувањето на власта на Болшевичката партија во Русија. Во тие настани се истакнале Македонците Михаил Антонов од Неврокоп, д-р Владимир Каваев од Струга, д-р Гаврил Константинович од с. Смрдеж (Костурско), Димче Милевски, Васко Паноски и др. Првите тројца заземале и мошне високи функции во советската власт. Д-р В. Каваев и неговата сопруга д-р Доброволци во шпанската граѓанска војна, од лево на десно: Трајко Мишковски, Божидар Маслариќ, 1989), Скопје, 1990; Анастасија Каракаси-Алексо Демниевски-Бауман, Родољуб Чолаковиќ и Стефан Белиќ Елена Етингер-Каваева биле долгогодишни лични пријатели со врвните советски раководители, а М. Антонов станал и генерал на Црвената армија. ЛИТ.: Б. Н.: Елена и Владимир Каваеви, „Нова Македонија“, ЏЏВИИ, 9267, Скопје, 7. Ⅺ 1972, 6; Живко Димоски, Сета младост за Октомври, Средби, „Просветена жена“, Скопје, декември 1977, 9; Р. Т., Малечката бунтовничка – голема пријателка на Ленин. Сеќавања на Елена Каваева за Октомвриската револуција, „Нова Македонија“, Скопје, 31. Ⅲ 1979, 7; Д-р Петар Стојанов, Антивоеното расположение на фронтот во Македонија кон крајот на 1917 и во текот на 1918 година, „Гласник“ на ИНИ, Ⅺ, 2, Скопје, 1967, 55-68; Д-р Орде Иваноски, Октомври и Македонија меѓу двете светски војни, „Културен живот“, Ⅺ, 2, Скопје, 1967, 16-18; Д-р Ѓорѓе Миљковиќ, Македонците под знамето на големиот Октомври, И-В, „Комунист“, Скопје, 2. Џ – 6. Ⅺ 1987, 23. С. Мл. „