МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН КОМИТЕТ ВО ПЕТРОГРАД

МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН КОМИТЕТ ВО ПЕТРОГРАД – македонска национално-револуционерна асоцијација, формирана од македонските патриоти Димитрија Чуповски, д-р Гаврил Константинович, Доне Пешковски, Глигор Н. Угриновски и др. На 18 јуни (1 јули) 1917 г. во централните весници „Воля народа“ и „Новая жизнÏ“ е објавена Програмата за Балканска Федеративна Демократска Република со мото „Балканот за балкан-Првата страница на Програмата на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград (18. Ⅵ 1917) ските народи. Полно самоопределување на секоја нација“ и со троен потпис: Македонски револуционерен комитет, Македонско другарство „Кирил и Методиј“ и Редакација на „МакедонскиŸ голосÍ“. По Октомвриската револуција во Русија МРК ја продолжува својата дејност и ја усогласува со новите реалности. Федералистичката концепција на Комитетот пледира за урнување на монархиите на Балканот и повикува: „Сега, кога поголемиот дел од Балканскиот Полуостров е во урнатини, а остатоците од неговите народи се наоѓаат под тешко австро-германско ропство, ние Македонците, настрадани повеќе од кој и да е друг, ве повикуваме сите вас, балкански народи, да ги заборавите минатите расправии, да се обедините и да се приклучите кон нашата општобалканска револуционерна програма за заедничка упорна борба и за создавање Балканска Федеративна Демократска Република“. Во неа се предвидува како рамноправни субјекти да влезат: Македонија, Албанија, Црна Гора, Грција, Србија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Тракија, при што официјален јазик на секоја одделна република да биде јазикот на мнозинството од населението, со заеднички парламент, со Сојузна влада и со еднакво претставен Совет што го заменува президентот на Федеративната Република. Кога (по револуционерните настани и преселбата во гр. Ејск) во 1923 г. Д. Чуповски се враќа во Петроград, го обновува МРК и во следната година прави извесна редефиниција на целта: „да се бори за ослободување и обединување на Македонија, раздробена како резултат на војните од 1912–1913 и 1914–1918 г. помеѓу Србите, Бугарите и Грците и за создавање на независна и целокупна Македонска Трудова Република што заедно со другите балкански народи ја образуваат Трудовата Балканска Федерација“. Како орган на Комитетот се предвидува обновување на сп. „МакедонскиŸ Голос“ и се одредува: „Центарот на Македонската револуционерна организација и Редакцијата на ,МакедонскиŸ голос’ се наоѓаат во Петроград, а одделни ќелии се образуваат во разни места во Русија, потчинети на центарот на Македонскиот револуционерен комитет.“ ЛИТ.: Блаже Ристовски, Димитрија Чуповски (1878–1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград, Ⅱ, 1978, 252–270; истиот, Столетија на македонската свест. Истражувања за културно-националниот развиток, Скопје, 2001, 486–530. Бл. Р.