„МАЊИФИКО“ – вокално-инструментална група. Основана во 1959 г. Нејзини членови биле: Панче Кочовски (гитара, вокал), Крсто Таушанов (гитара, вокал), Невена Кочовска (вокал) и Петар Гелев (гитара, вокал, удиралки). Го негувала латиноамериканскиот мелос. М. одржала над 3 000 концерти во над 30 земји, издала 34 сингл и 6 ЛП-плочи, едно ЦД и една видеокасета. Снимиле 360 песни, а најголеми хитови се: „Марија, Марија“; „Хаце ун ано“; „Ла бамба“; „Гуантанамера“; „Ваја цон диос““; „Цумба, цумба керо“; „Замба дел грило“идр. Престана да работи во 1990 г. М. Кол.