ЛОГОРИ на Вичо (1948) – работни логори на КПГ и ДАГ за Македонците осомничени за „титоизам” во текот на Граѓанската војна во Грција. По судирот меѓу КПСС и КПЈ, КПГ презела мерки за изолација. Обвинетите за разузнавачка дејност во корист на Југославија биле стрелани (Буфската афера, Африканската афера). ЛИТ.: Р. Кирјазовски, Народноослободителниот фронт и другите организации на Македонците од Егејска Македонија 1945–1949, Скопје, 1985. Ст. Кис. ЛОГОРОТ АКРОНАВПЛИЈА