ЛЕПЕНЕЦ – притока на р. Вардар. Извира од планината Жар, во Косово, на височина од 1.860 м, а се влева кај населбата Злокуќани во Скопје, на височина од 253 м. Од изворот до Качаничката Клисура тече во правец запад-исток, а потоа свртува во правец југ-југоисток. Долга е 75 км, има вкупен пад од 1.603 м и просечен пад од 21,4‰. На територијата на РМ влегува кај селото Блаце и има должина од 21 км. Сливот зафаќа 2 површина од 770 км , од која на 2 РМ $ припаѓаат 167,76 км . Средногодишниот протек пред вливот во реката Вардар изнесува 10,0 3 м /сец. Др. В.