КЛЕПА

КЛЕПА (Кале) – античко утврдување и светилиште, посветено на Артемида и Аполон. Се наоѓа југозападно од Велес близу до с. Скачинци. Покрај тврдинските ѕидини е откриена и градба со остатоци од фрагменти од статуи на божествата. ЛИТ.: И. Микулчиќ, Античко светилиште на тврдината на Клепа, ГЗФФ, 10, Скопје, 1983, 193–206. В. Б.-Гр.