ИНСТИТУЦИИ

ИНСТИТУЦИИ. Динамиката и одржливоста на економскиот раст и развој се под силно влијание на институциите – нивниот квалитет, ефикасност и кредибилитет. Посебно значајни за економскиот раст и развој се четири типа институции: судските институции, задолжени да ги шти-тат сопственичките права и да обезбедуваат ефикасност на договорите, како битна претпоставка за поттикнување на инвестициите и за експанзија на бизнисите; регулаторните институции, т.е. агенции, комисии, тела, во областа на телекомуникациите, транспортот, енергетиката, финансиските услуги и сл., задолжени за ублажување на домените на пазарниот неуспех (в. пазарен неуспех); институции одговорни за стабилизација на пазарот,од-Институтот за радиологија, Скопје носно за одржување на висока ценовна стабилност (ниска инфлација), елиминирање на цикличните движења и способност на системот за справување со финансиските кризи (Централната банка, буџетот и фискалните правила); институции одговорни за легитимитетот на пазарот, т.е. за социјалната заштита и социјалното осигурување на граѓаните, за ефектуирање на прераспределбата на доходот и за релативизирање на социјалните конфликти (пензискиот систем, шемите за помош во случај на невработеност и другите социјални фондови). Во Република Македонијанајвисок кредибилитет имаат институциите одговорни за стабилизација на пазарот. Од друга страна, судскиот систем е соочен со сериозни слабости, поради што е во тек неговата комплексна реформа. ИЗВ.: Д. Родрик, анд А. Субраманиан, „Тхе примацѕ оф институтонс”, ин Финанце анд девелопмент, ИМФ, Њасхингтон, ДЦ, 2003. ЛИТ.: Д. Ацемоглу, „Роотр Цаусес – А хисторицал аппроацх то ассессинг тхе роле оф институтионс ин ецономиц девелопмент” ин Финанце анд девелопмент, ИМФ, Њасхингтон, ДЦ, Јуне 2003; ЕБРД, Транситион репорт 2003, Лондон, 2003. Т. Ф.