ЕТНОЛОШКА МУЗЕОЛОГИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

ЕТНОЛОШКА МУЗЕОЛОГИЈА ВО МАКЕДОНИЈА -. специјална музеологија што го проучува, го заштитува и го презентира етнолошкото културно наследство на Македонците и на етничките заедници во Македонија, имајќи ги предвид категориите време, простор и општествена средина. Практичниот аспект на активностите поврзани со етнолошкото материјално и нематеријално културно наследство се вршат во мрежата на институции – етнолошките музеи и збирки што функционираат на територијата на Република Македонија. Теоретскиот аспект, пак, освен во музеите, предмет на проучување е и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во Институтот за етнологија и антропологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. К. Бог.