ГЛАСНИК НА ХЕМИЧАРИТЕ И ТЕХНОЛОЗИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

ГЛАСНИК НА ХЕМИЧАРИТЕ И ТЕХНОЛОЗИТЕ НА МАКЕДОНИЈА“ („Буллетин оф Цхемистс анд Тецхнологистс оф Мацедониа”) – орган на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија. Излегува од 1974 г. Главни уредници на списанието биле: Бојан шоптрајанов, Миодраг Брајовиќ, Светомир Хаџи Јорданов, Глигор Јовановски, Маја Цветковска, Трајче Стафилов и Елеонора Винкелхаузен. Од 2007 г. списанието е преименувано во „Мацедониан Јоурнал оф Цхемистрѕ анд Цхемицал Енгинееринг”. Уредувачкиот одбор му е проширен со научни работници од странство и добило статус на меѓународно списание. Објавува предимно научни и стручни трудови (на англиски јазик со македонско резиме) и, по исклучок, на македонски јазик (со англиско резиме). Во списанието се објавуваат и вести за работата на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија. Б. ш.