СОЈУЗ НА ХЕМИЧАРИТЕ И ТЕХНОЛОЗИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

СОЈУЗ НА ХЕМИЧАРИТЕ И ТЕХНОЛОЗИТЕ НА МАКЕДОНИЈА – научна и стручна асоцијација на хемичарите и технолозите од РМ. Отпрвин бил Друштво на хемичарите и технолозите на Македонија. Организатор е на советувања и конгреси на хемичарите и технолозите на Македонија на кои учествуваат и научни работници од странство, како и на конгресите за студенти по чиста и применета хемија. Орган на Сојузот е научното списание „Гласник на хемичарите и технолозите на Македонија“ (од 2007 излегува под називот „Мацедониан Јоурнал оф Цхемистрѕ анд Цхемицал Енгинееринг“). Во органите и телата на Сојузот се застапени научни и стручни работници од високошколските институции и од индустријата. Б. ш.