ГЕНОЦИДОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ГЕНОЦИДОТ ВО МАКЕДОНИЈА -. меѓународно злосторство што се состои во целосно или делумно уништување на национална, етничка, расна или верска група со вршење убиства, тешки телесни повреди, присилно раселување, односно нејзино целосно или делумно истребување. Елементи на геноцид се содржани во преселувањето на 60.000 Македонци од Егејскиот дел на Македонија во Бугарија, по потпишувањето на Договорот за размена на населението меѓу Грција и Бугарија (1919). Геноцидот се подзасилува по Втората светска војна кога близу 100.000 Македонци се протерани од Егејскиот дел на Македонија во текот на Граѓанската војна во Грција (1946-1949). Во текот на 1947 г. во Грција влегоа англо-американските трупи и учествуваа во војната во која згаснаа 160.000 човечки животи. По завршувањето на војната, грчката власт преземаше присилни мерки за целосна асимилација на Македонците и за непризнавање на нивниот етнички идентитет. Елементи на геноцид се забележани и во текот на војната во Македонија од 2001 г., кога од подрачјата зафатени со неа беа присилно протерани 76.046 лица, претежно Македонци. ЛИТ.: Ноам Цхомскѕ, Њхат Унцле Сам Реаллѕ Њантс, Берклеѕ, УСА, 1986; Митре Арсовски, Стојан Кузев и Ристо Дамјановски, Војната во Македонија во 2001 година, Скопје, 2006. Гор. Л.-Б.