БУДИМОВСКИ, Драгољуб

БУДИМОВСКИ, Драгољуб (Скопје, 1. Ⅹ 1924 – Скопје, 6. Ⅵ 1994) – еден од основоположниците на македонското новинарство (1944). Учесник во НОБ од 1941, воен дописник на „Нова Македонија” од Сремскиот фронт во пролетта на 1945 г. Ја завршил Високата политичка школа „Ѓуро Ѓаковиќ” во Белград. Главен и одговорен уредник на „Млад борец” (1945/49), на „Нова Македонија” (1949/52) и на Радио Скопје (1952/53). Бил и главен уредник на сп. „Македонија” и одново на „Нова Македонија” (1968/70). Заменик, а потоа и сојузен секретар за информации (1970/74), претседател на Сојузот на новинарите на Југославија. Се пензионирал во 1985 г. Се занимавал и со публицистика: „Од дневникот на воениот дописник” и „Македонците во Албанија”. Б. П. Ѓ. Могила од римското време (Чука, с. Будинарци)