БИТКАТА НА ГРАМОС

БИТКАТА НА ГРАМОС (1949) – решавачка битка меѓу силите на ДАГ и грчката владина војска во време на Граѓанската војна во Грција. На 24. Ⅷ 1949 г. владината војска го нападнала последното упориште на ДАГ на планината Грамос. Силите на ДАГ биле засилени со 6.000 борци, кои од Вичо се повлекле во Албанија. По тешки борби и претрпени големи загуби на 29 август единиците на ДАГ (ок. 18.000 борци) се повлекле од Грамос и преминале во Албанија. Со единиците на ДАГ се повлекло и цивилното главно македонско население. ЛИТ.: д-р Р. Кирјазовски, Народноослободителниот фронт и другите организации на Македонците од Егејска Македонија 1945–1949, Скопје, 1985. Ст. Кис. БИТКАТА НА ДОБРО ПОЛЕ