СТАНКОВ

СТАНКОВСКА, Љубица (Тетово, 10. Ⅱ 1943) – филолог, научен советник во ИМЈ „Крсте Мисирков“ и потоа во Институтот за старословенска култура во Прилеп. Магистрирала на темата „Застапеноста на суфиксот -ец (-овец/-евец) во македонската топонимија“ (1974), а докторирала на „Македонскиот топонимиски систем до ⅩⅤⅠ век“ (1985). Научна преокупација: македонската ономастика. Студиски престои во Чешка (1968), Русија (1970) и Полска (1979). Автор е на над сто библиографски единици. БИБ.: Речник на личните имиња кај Македонците, Скопје, 1992; Македонска ојконимија, книга прва, Скопје, 1995; Македонска ојконимија, книга втора, Скопје, 1997; Топонимите со суфиксот -ица во Македонија, Скопје-Прилеп 2001; Суфиксите -јÏ, -ÏјÏ, -Í во македонската топонимија, Прилеп, 2002; Имињата на населените места во Кумановско, Прилеп, 2003. Е. Ј.-У.