ЏАМИЈА

ЏАМИЈА НА ИСХАК-БЕГ (АЛАЏА ЏАМИЈА) (Скопје, ⅩⅤ в.) – верски објект, споменик на културата. Подигната е од Исхакбег, вториот османлиски заповедник на Скопје. Позната е и под имињата Исхакија и Стара џамија, а називот Алаџа (шарена) го добила по богатиот декор со кој била украсена. Покриена е со купола, а другите делови и тремот со полуцилиндрични и коритести сводови. Во дворот се наоѓа затворено турбе во кое се претпоставува дека е погребан Паша-бег, еден од синовите на Исхак-бег. ЛИТ.: Лидија Кумбараџи-Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Скопје, 1998; Аѕверди Екрем Хакки, Аврупа’да Османл› Мимар› Есерлери. Ѕугославѕа, ллл цилд, 3. китаб, šстанбул, 1981, 254–258. Др. Ѓ. Кебир Мехмед Челеби џамијата во Скопје (ⅩⅤ в.)