ЏАМБАЗОВСКИ, Климент

ЏАМБАЗОВСКИ, Климент (Охрид, 1919 – Белград, 27. Ⅸ 2006) – македонски историчар, архивист, академик. Основното образование го завршува во родниот град, а Учителската школа во Јагодина, Србија (1939). По кратко учителствување, ги завршува студиите по педагогија и историја на Софискиот универзитет. Избран е за асистент на Катедрата по педагогија на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Скопје (1949). По притворањето од ИБ и исклучувањето од Факултетот, станува надворешен соработник на Архивот на Македонија со работно место во Белград (1952). На Историско-филолошкиот факултет во Белград ја одбранува докторската дисертација „Културно-општествените врски на Македонија со Србија во текот на ⅩⅠⅩ век“ (1959). Благодарејќи на богатите истражувања на архивите во Србија и публикуваните трудови, избран е за виш научен соработник на Балканолошкиот институт на САНУ (1969), каде што е и пензиониран (1. И 1985). Избран е за член на МАНУ надвор од работниот состав (2006). Објавува повеќе студии и поголем број одделни публикации. Најзначајна му е серијата „Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија“ во 5 томови во 14 посебни книги што го опфаќаат периодот од 1820 до 1891 г. Необјавен останува подготвениот т. В, кн. Ⅲ (1892– 1893). За оваа серија ја доби наградата „11 Октомври“. Редок и најтемелен познавач на документацијата за Македонија во архивите во Србија. БИБ.: Културно-општествените врски на Македонците со Србија во текот на ⅩⅩ век, Скопје, 1960; Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, И/1 (1820–1848), И/2 (1849–1856), Ⅱ/1 (1856–1863), Ⅱ/2 (1864–1868), Ⅲ/1 (1868– 1873), Ⅲ/2 (1874–1878), Ⅳ/1 (1879–1885), Ⅳ/2 (1886–1887), Ⅳ/3 (1888–1889), В/1 (1890), В2 (1891), Скопје, 1979–1991). Бл. Р. Гази Иса-беговата џамија во Скопје (ⅩⅤ в.) ЏАМИЈА НА ГАЗИ ИСА-БЕГ