ВРАНЕШНИЧКИ АПОСТОЛ

ВРАНЕШНИЧКИ АПОСТОЛ – одломка од кирилички полн апостол од втората пол. на ⅩⅠⅠⅠ в., 26 л., Загреб, библ. на ХАЗУ, сигн. ИИИА48. Наречен според македонското с. Вранештица, Кичевско, од каде што му е испратен на А. Михановиќ. Содржи фрагмент од Делата на св. апостоли (А1:1–17:15 со две лакуни: А14:4–15:13, А15:37 –16:35). Препишан е од архаична… Continue reading ВРАНЕШНИЧКИ АПОСТОЛ

ВРАНЕШТИЦА

ВРАНЕШТИЦА – село во Кичевско. Се наоѓа во северозападното подножје на планината Баба Сач, на надморска височина од околу 660 м. Со регионален пат е поврзано со Кичево. Има 660 ж. Главно занимање на населението е грнчарството, а постои и фабрика за ќерамиди и тули. Тоа е седиште на општина која зафаќа површина од 10.913… Continue reading ВРАНЕШТИЦА

ВРАНИ

ВРАНИ (Цорвидае) – фамилија мали, до средно големи птици од подредот птици-пејачки (Осцинес), од кои во Македонија се среќаваат девет видови: лешникарка (Нуцифрага царѕоцатацтес), сојка (Гаррулус гландариус), страчка (Пица пица), гавран (Цорвус цораџ), полска врана (Цорвус фругилегус), сива врана (Цорвус цороне цорвиџ), чавка (Цорвус монедула), црвеноклунеста галка (Пѕрроцораџ пѕрроцхораџ) и жолтоклунеста галка (Пѕрроцораџ грацулус). ЛИТ.:… Continue reading ВРАНИ

ВРАПЦИ

ВРАПЦИ (Плоцеидае) – фамилија ситни птици од подредот птици Домашно врапче С. Вратница, Тетовско пејачки (Осцинес), од кои кај нас се среќаваат 5 видови: домашно врапче (Пассер доместицус), полско врапче (Пассер монтанус), шпанско врапче (Пассер хиспалионенсис), врапче камењарче (Петрониа петрониа) и снежно врапче (Монтифрингилла нивалис). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус.… Continue reading ВРАПЦИ

ВРАПЧИШТЕ

ВРАПЧИШТЕ – село во Гостиварско. Се наоѓа во јужниот дел на Полошката Котлина, во југоисточното подножје на шар Планина, на надморска висина од околу 580 м. Преку регионален пат на запад е поврзано со Гостивар, а на североисток со Тетово. Има 4.874 ж. од кои 172 ж. се Македонци, 2.899 ж. Турци и 1.777 ж.… Continue reading ВРАПЧИШТЕ

ВРАТНИЦА

ВРАТНИЦА – село во Тетовско. Се наоѓа во крајниот североисточен дел на Полошката Котлина, во подножјето на шар Планина, од двете страни на регионалниот пат Тетово – Јажинце, на надморска височина од околу 750 м. Во минатото било општински центар, денеска е во состав на општината Јегуновце. Населението е во опаѓање. Во 1961 г. во… Continue reading ВРАТНИЦА

ВРВЧАРИ

ВРВЧАРИ (Немертини) – силно издолжени и сплескани црви. Претежно морски организми. Распространети, главно, во умерениот појас каде што во крајбрежијата се закопуваат во тиња и во песок, или ползат по карпи и по морска вегетација. Мал број видови живее во милта на големи длабочини. Поретко ги има во тропските и суптропските мориња, а добро се… Continue reading ВРВЧАРИ

ВРВЧЕ СО ПАРИ

ВРВЧЕ СО ПАРИ – дел од невестински накит за на глава, од домашна изработка. Бил изработуван од стари метални пари, прикачени врз црвена волнена преѓа. Карактеристичен е за пределската целина Мариово. Сл. Ѓ. Габи вргањ

ВРГАЊ

ВРГАЊ . (Болетус едулис с.л.) – сложен термин што се однесува на повеќе видови габи од комплексот Болетус едулис с.л. Многу е чест во буковите и во дабовите шуми во Македонија. Се користи за исхрана и масовно се собира за продажба, а посебно за извоз. Поради прекумерна експлоатација, во последно време е сè поредок. М.… Continue reading ВРГАЊ

ВРЕДНОСТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО

ВРЕДНОСТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО. Според Државниот завод за статистика, во 2003 г. вкупната вредност на земјоделското производство во Република Македонија учествувала во БДП со 12%, а заедно со преработувачката индустрија 18%. Изразената вредност на производството на земјоделската гранка изнесувала 57.000.000.000 денари или 925.000.000 евра. Вкупната меѓуфазна потрошувачка (семенски материјал, енергија, ѓубрива, средства за заштита, добиточна… Continue reading ВРЕДНОСТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО

ВРЕНЦОСКИ, Славчо

ВРЕНЦОСКИ, Славчо (Прилеп, 24. Ⅷ 1937) – архитект и урбанист. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1963). Работел во Бирото за урбанизам при Општината Прилеп каде го изработил Основниот урбанистички план на Прилеп (1967), во проектанското биро „Градител“ во Прилеп и во Заводот за урбанизам и проектирање како главен проектант. Од 1980… Continue reading ВРЕНЦОСКИ, Славчо

ВРЕТЕНАРОВ, Динчо

ВРЕТЕНАРОВ, Динчо (с. Оваја, Серско, ? – Петричко, IX 1924) – војвода на ВМРО. По Првата светска војна бил војвода на ВМРО во Светиврачка околија, близок соработник на А. Василев. Поради учеството во убиството над Т. Александров, бил ликвидиран во времето на горноџумајските убиства во Петричко од ВМРО на Ив. Михајлов. ЛИТ.: Атанас Џолев, Спомени.… Continue reading ВРЕТЕНАРОВ, Динчо

ВРЕТЕНЦЕ, КРАЛСКО

ВРЕТЕНЦЕ, КРАЛСКО . (Анаџ император Леацх.) – крупен инсект од редот вилински коњчиња (Одоната). Живее во крајбрежјата и покрај шумските патишта. Активен е дење. Исклучително е добар и брз летач. Се храни со членконоги, кои ги лови и ги јаде во лет. Се појавува од јуни до септември. Женката полага јајца во вода. Ларвите се… Continue reading ВРЕТЕНЦЕ, КРАЛСКО

ВРНЕЖИ ВО МАКЕДОНИЈА

ВРНЕЖИ ВО МАКЕДОНИЈА. Врнежите во Македонија се главно од дожд, а во зимскиот период има и снег. Уделот на снегот на височина од 400 м н.в. во вкупната количина на врнежи е околу 10%, а на височина од 1.500 м повеќе од 30%. Географската распределба на врнежите во Македонија е доста неправилна, условена главно од… Continue reading ВРНЕЖИ ВО МАКЕДОНИЈА

ВРОЦЛАВСКИ, Кшиштоф

ВРОЦЛАВСКИ, Кшиштоф (Радом, Полска, 28. IX 1937) – професор по македонска литература и македонски јазик на Варшавскиот универзитет, специјалист за јужнословенскиот фолклор. Дипломирал славистика на Варшавскиот универзитет. Две години работел во Инстиутутот за полски јазик, каде што го изучувал српско-хрватскиот јазик, а потоа дошол за лектор по полски јазик на Филозофскиот факултет во Скопје (11.… Continue reading ВРОЦЛАВСКИ, Кшиштоф

ВРТИМУШКИ или рибарки

ВРТИМУШКИ или рибарки (Стерна, Цхлидониас) – родови на мали, до средно големи птици од фамилијата галеби (Ларидае), од кои само 5 видови се среќаваат кај нас: обична вртимушка (Стерна хирундо), мала вртимушка (Стерна албифронс), црна вртимушка (Цхлидониас нигра), белокрила вртимушка (Цхлидониас леуцоптерус) и белобрада вртимушка (Цхлидониас хѕбрида). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд… Continue reading ВРТИМУШКИ или рибарки

ВРХОВЕН СУД НА ДФМ/НРМ/ СРМ/РМ

ВРХОВЕН СУД НА ДФМ/НРМ/ СРМ/РМ -. највисока судска инстанција во судскиот систем на Македонија. Врховниот суд на ДФМ е формиран во Скопје, со Повелбата за устројство на редовните народни судови во Федерална Македонија што ја донесе Президиумот на АСНОМ (1945). Врховниот суд на НРМ е востановен со Уставот на НРМ (1946), Врховниот суд на СРМ… Continue reading ВРХОВЕН СУД НА ДФМ/НРМ/ СРМ/РМ

ВРХОВЕН ШТАБ НА НОВ И ПОЈ

ВРХОВЕН ШТАБ НА НОВ И ПОЈ (1941–1945) – врховно воено и политичко раководство на НОВЈ. Бил формиран како Гш на НОПОЈ, на чело со Ј. Б. Тито (27. Ⅵ 1941). Бил врховно воено и политичко претставништо на НОВЈ до одржувањето на Првото заседание на АВНОЈ (ноем. 1942). На советувањето во Столице бил преименуван во Вш… Continue reading ВРХОВЕН ШТАБ НА НОВ И ПОЈ

ВРЧАКОВСКИ, Миодраг Радивоев

ВРЧАКОВСКИ, Миодраг Радивоев (Штип, 27. XI 1946) – радио-лог, редовен проф. на Мед. ф. Основно образование завршил во Штип, а средно и Мед. ф. (1971) во Скопје. Специјалист по радиологија од 1977, а докторат по медицински науки одбранил во 1987 г. и станал наставник по радиологија на Мед. ф. во Скопје. Посебна специјалност му е… Continue reading ВРЧАКОВСКИ, Миодраг Радивоев

ВРШНИК неолитска населба кај с

ВРШНИК – неолитска населба кај с. Таринци, Штипско. Во 1958 г., во организација на Народниот музеј во Штип, а под раководство на Милутин и Драга Гарашанин, било извршено сондажно ископување при што се откриени остатоци од населба, со културен слој од околу 4 м, во кој се издвоени четири фази на обновување, исполнети со архитектонски,… Continue reading ВРШНИК неолитска населба кај с

ВТОР ЦРКОВНО-НАРОДЕН СОБОР

ВТОР ЦРКОВНО-НАРОДЕН СОБОР (Охрид, 4 – 6. Ⅹ 1958) – одржан во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“, со учество на 219 делегати на свештенството, монаштвото и македонскиот православен народ, ја возобнови својата древна црква – Охридската архиепископија со име Македонска православна црква. МПЦ доби поглавар, прв по укинувањето на Охридската архиепископија во 1767… Continue reading ВТОР ЦРКОВНО-НАРОДЕН СОБОР

ВТОРА МАКЕДОНСКА МЕРИДА

ВТОРА МАКЕДОНСКА МЕРИДА – автономна административно-политичка и економска об-ласт, формирана по паѓањето на Македонија под римска власт во 168 г. пр.н.е. Втората мерида на исток граничи со Стримон, без Хераклеја Синтика и Бисалтија, додека на запад се протега до р. Аксиј, вклучувајќи ги и Пајонците, кои живеат источно од Аксиј; центарот е во г. Тесалоника.… Continue reading ВТОРА МАКЕДОНСКА МЕРИДА

ВТОРА МАКЕДОНСКО-РИМСКА ВОЈНА

ВТОРА МАКЕДОНСКО-РИМСКА ВОЈНА (200–197 г. пр.н.е.) – војна на македонскиот крал Филип Ⅴ (221–179 г.) против Римската Република. Во сојуз со Рим влегуваат: Родос, Пергам, Атина, Илирите, Дарданците и хеленските држави. Сојузените војски ја освојуваат Антипатрија во 200 г. пр.н.е. и се обидуваат да навлезат во Македонија. Во првите години на војната Филип Ⅴ успешно… Continue reading ВТОРА МАКЕДОНСКО-РИМСКА ВОЈНА