ЧИНГОВСКИ, Јонче

ЧИНГОВСКИ, Јонче (1926 – 1983) – кустос-советник во Природонаучниот музеј на Македонија во Скопје. Најголемиот дел од работниот век го минал во Природонаучниот музеј на работното место ентомолог и раководител на Ентомолошкото одделение. Објавил повеќе научни трудови од областа на ентомологијата, во кои обработува повеќе од педесет видови растителни оси (Сѕмпхѕта) во Македонија. Во неговото… Continue reading ЧИНГОВСКИ, Јонче

ЧИПАН, Борис

ЧИПАН, Борис (Охрид, 27. Ⅲ 1918) – архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот отсек при Техничкиот факултет во Белград (1941). Покрај со педагошката дејност (предавал Проектирање и општествени згради) се занимава и со конзервација на градителското наследство (бил прв директор на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата), со… Continue reading ЧИПАН, Борис

ЧИПОВ, Андреја

ЧИПОВ, Андреја (с. П’тели, Леринско, Егејскиот дел на Македонија, 1904 – Скопје, 25. Ⅶ 1955) – припадник на Македонското националноослободително движење, деец на ВМРО(Об). Учесник во НОБ и во Граѓанската војна во Грција (1946–1949). Од 1933 г. бил организатор и раководител на ВМРО(Об) во Егејскиот дел на Македонија. Во 1935 г. бил член на ЦК… Continue reading ЧИПОВ, Андреја

ЧИСТЕЦ, БАБУНСКИ

ЧИСТЕЦ, БАБУНСКИ (Стацхѕс бабуненсис Мицевски) – локален ен-демит во флората на РМ од фамилијата Ламиацеае (устоцветни растенија). Се развива на варовнички карпи, во клисурата на р. Бабуна–Пешти. Опишан е од познатиот македонски флорист, таксоном и фитоценолог акад. Кирил Мицевски. Вл. М.

ЧИСТЕЦ, МАКЕДОНСКИ

ЧИСТЕЦ, МАКЕДОНСКИ (Стацхѕс мацедоница Мицевски) – локален македонски флористички ен-демит од фамилијата Ламиацеае (Лабиатае) (устоцветни растенија), опишан од акад. Кирил Мицевски. Познат за Мариово и клисуМакедонски чистец рата на реката Вардар кај Демир Капија. Вл. М.

ЧИФТЕ АМАМ

ЧИФТЕ АМАМ . (Скопје, Стара Чаршија, сред. на ⅩⅤ в.) – споменик на културата. Изграден од Иса-бег, третиот османлиски заповедник на Скопје и на Скопското краиште. Спаѓал во типот двојни амами (со машки и женски дел), затоа бил наречен Чифте (двоен). Престанал да функционира ок. 1916/1917. Во објектот е сместена уметничка галерија. ЛИТ.: Лидија Кумбараџи-Богоевиќ,… Continue reading ЧИФТЕ АМАМ

ЧИЧОКА

ЧИЧОКА (Хелиантус туберосус) – многугодишно клубесто растение. Потекнува од Северна Америка. Кај нас е пренесено во почетокот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Се одгледува заради клубените, кои имаат висока хранителна вредност: содржат јаглени хидрати (17%), витамини А, Д и С и инсулин, кој е важен за исхраната на дијабетичарите. Се одгледува слично како компирот, се сади на… Continue reading ЧИЧОКА

ЧКАТРОВ, Димитар

ЧКАТРОВ, Димитар (Прилеп, 1902 – Скопје, мај–јуни 1945) – член на ММТРО, ВМРО И МПО. Студирал архитектура на Белградскиот универзитет и се вклучил во ММТРО. Бил уапсен и во судскиот Студентски процес во Скопје (1927) бил осуден на 10 години затвор. Пред Втората светска војна со Д. Ѓузелов ја претставувале граѓанската опозиција, која се застапувала… Continue reading ЧКАТРОВ, Димитар

ЧКАТРОВ, Ѓорѓи

ЧКАТРОВ, Ѓорѓи (Прилеп, 1875 – Битола, 1923) – лекар. Медицина завршил во Лозана (1906), а потоа во Битола отворил приватна ординација. Во Балканските и во Првата светска војна бил мобилизиран во српскиот санитет и работел во повеќе градови низ Македонија и во Србија. Во 1918 г. се вратил во Битола, болен од туберкулоза, но продолжил… Continue reading ЧКАТРОВ, Ѓорѓи

ЧКАТРОВ, Јордан

ЧКАТРОВ, Јордан (Прилеп, 1898 – Скопје, 1946) – член на ВМРО и на Студентското друштво „Вардар“ во Софија. Во 1924 од ЦК на ВМРО бил испратен во САД за да ги организира иселеничките македонски друштва. Од 1924 до 1927 бил секретар на Сојузот на МПО и главен редактор на неговиот орган „Македонска трибуна“. Од 1928,… Continue reading ЧКАТРОВ, Јордан

ЧЛЕНКОНОГИ

ЧЛЕНКОНОГИ (Артхропода) – организми чие тело е составено од голем број делови (членчиња). Според бројот на претставниците, типот членконоги доминира во животинскиот свет. Според некои автори, нивната бројност е над 1.500.000 видови. Ги населуваат сите животни средини (водна, копнена и воздушна). Нивната голема адаптивна радијација условила широко распространување, од северниот до јужниот пол, од најдлабоките… Continue reading ЧЛЕНКОНОГИ

ЧЛЕНСТВО НА РМ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ

ЧЛЕНСТВО НА РМ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ. По монетарното осамостојување, РМ вложува напори да обезбеди автоматски прием во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и во Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка), како наследничка на членството на СФРЈ во овие институции. Како резултат на овие активности, на 21. Ⅳ 1993 г. Македонија официјално е примена… Continue reading ЧЛЕНСТВО НА РМ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ

ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ

ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ – процес на зголемување на човековиот избор во поглед на способностите (можностите) човекот да води долг и здрав живот, да биде добро образован и да има пристоен животен стандард. Концептот на човековиот развој за прв пат е ви. Концептот сугерира дека не постои автоматска врска меѓу растот на реалниот бруто домашен производ и… Continue reading ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ

ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ

ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ – збир на производствени знаења и вештини на поединецот. Се стекнува преку: формално образование (основно, средно и високо), обука на работното место, искуство и здравствена заштита. Концептот на човечкиот капитал овозможува инвестициите во човечките ресурси да се третираат исто како и инвестициите во физичкиот капитал (згради, опрема и машини). Инвестициите во образованието и… Continue reading ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ

ЧОКРЕВСКИ, Томислав

ЧОКРЕВСКИ, Томислав (Битола, 11. ⅩⅠⅠ 1934) – универзитетски професор, социолог, државник. Основно образование и гимназија завршил во родниот град. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1958). Магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград (1967), а докторирал на Правниот факултет во Скопје, на тема „Социјалната природа и функција на големите организации и развитокот на социјалистичката… Continue reading ЧОКРЕВСКИ, Томислав

ЧОЛАНЧЕСКИ, Васко Соломонов

ЧОЛАНЧЕСКИ, Васко Соломонов (Солун, Грција, 13. Ⅶ 1932) – торако-васкуларен хирург, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Работел на Клиниката за тораковаскуларна и срцева хирургија во Скопје. Завршил Мед. ф. во Скопје (1958), каде што и специјализирал општа хирургија (1964). Супспецијализирал торако-васкуларна хирургија и кардиохирургија (Њу Касел, Англија 1964–1965; Белград, 1972). Придонел во развојот… Continue reading ЧОЛАНЧЕСКИ, Васко Соломонов

ЧОПЕЛА, Ордан Ставрев

ЧОПЕЛА, Ордан Ставрев (псевд. Кулак) (Варош, Прилеп, јануари Ордан Чопела 1912 – Битола, 9. Ⅸ 1942) – учесник и организатор во работничкото и ослободителното движење. Учествувал во штрајковите на тутунарските работници (1940), кога бил примен и за член на КП во Македонија. Прогонуван, апсен и затворан од цивилната и воената полиција. По фашистичката окупација на… Continue reading ЧОПЕЛА, Ордан Ставрев

ЧОПОВ, Тодор Донев

ЧОПОВ, Тодор Донев (Кукуш, февруари 1892 – Рила Планина, 27. Ⅸ 1923) – внук (од сестра) на Г. Делчев, просветен, театарски и литературен деец, револуционер, анархокомунист и учесник во македонското ослободително движење. Основното образование го завршува во родниот град, а Ⅴ клас во Гимназијата во Солун. Семејно задоен со патриотски и револуционерен дух, се вклучува… Continue reading ЧОПОВ, Тодор Донев

ЧОРАПИ

ЧОРАПИ – составен дел на народната носија. Со својата декоративност придонесуваат за нејзиниот целосен естетски впечаток. Се изработувале (се плетеле) од волнена преѓа, во еден кат, а ако биле изработувани од памучна преѓа се плетеле со памучен конец во два ката. Волната за чорапи во с. Орах, Кумановско, се одбирала, се влачела на ногати гребенци… Continue reading ЧОРАПИ

ЧОРЕВСКИ, Благоја

ЧОРЕВСКИ, Благоја (Велес, 9. Ⅸ 1947) – актер, општественик и државник. Завршил Театарска академија во Софија (1971). Член на Драмскиот театар од 1971 г. Настапувал во неформални театарски проекти, на естрадата, на филм и на ТВ. Бил директор на Драмскиот театар (1983-1998), заменик-министер за култура во Владата на Македонија (19982001) и претседател на Советот на… Continue reading ЧОРЕВСКИ, Благоја

ЧОРЕВСКИ, Борис

ЧОРЕВСКИ, Борис (Скопје, 15. Ⅸ 1949) – актер. Дипломирал на ФДУ во Скопје (на Отсекот за актерска игра). Својот работен век го минал главно како член на Народниот театар во Битола, со една година прекин, кога бил програмски менаџер во Драмата на МНТ и директор на Центарот за култура во Битола. УЛОГ: Киро („Лет во… Continue reading ЧОРЕВСКИ, Борис

ЧОРЕВСКИ, Трајко

ЧОРЕВСКИ, Трајко (Велес, 22. Ⅱ 1921 – Битола, 12. Ⅳ 1955) – актер чија кариера е исполнета со повеќе драгоцени креации. Член на МНТ (1945–1951), а потоа во Народниот театар на Битола (1951-1955). Трајко Чоревски УЛОГ: Васја („Платон Кречет“), Младен („Народен пратеник“), Дамис („Тартиф“), Милисав („Сомнително лице“), Че-до („За родниот кат“), Оливер („Како што милувате“),… Continue reading ЧОРЕВСКИ, Трајко

ЧОХАЏИЌ, Коста

ЧОХАЏИЌ, Коста (Гевгелија, 10. Ⅸ 1881 – Скопје, 1960) – спец. гинеколог-акушер. По потекло од Гевгелија, дипломирал на Мед. ф. во Париз (1910). Следната година се вратил во Македонија и работел како лекар во Гевгелија, Радовиш и Скопје. Во 1921 г. е назначен за шеф на Гинеколошкото одделение при Државната болница во Скопје. Во 1931… Continue reading ЧОХАЏИЌ, Коста