СУДСКИТЕ ПРОЦЕСИ НА ОКУПАТОРСКИТЕ ВЛАСТИ ВО МАКЕДОНИЈА(1941–1944) – процеси против припадници на Македонското националноослободително движење. Специјализирани воено-преки (полеви) судови суделе по скратена постапка или пак, честопати, воопшто не спроведувале доказна постапка, туку суделе без докази. Првиот судски процес на бугарската власт бил спроведен на крајот од август 1941 г. против учесниците на Илинденските демонстрации во… Continue reading СУДСКИТЕ ПРОЦЕСИ НА ОКУПАТОРСКИТЕ ВЛАСТИ ВО МАКЕДОНИЈА
Архиви: Енциклопедија
Description.
СУКЦЕСИЈА НА СФРЈ
СУКЦЕСИЈА НА СФРЈ – правен институт со кој се регулираат правата и обврските помеѓу државата што се распадна СФРЈ и новосоздадените држави што произлегуваат од нејзиниот распад – наследнички, за прв пат спомнат во Мислењето бр. 1 (10. ⅩⅠⅠ 1991) на Бадентеровата комисија, во кое се констатира процес на распаѓање на СФРЈ, подоцна и во… Continue reading СУКЦЕСИЈА НА СФРЈ
СУЛЕЈМАН И КАНУНИ
СУЛЕЈМАН И КАНУНИ („ЗАКОНОДАВЕЦ“) (Трабзон, 6. Ⅺ 1494 – Сигетвар, 7. Ⅸ 1566) – османлиски султан. Владеел со Македонија 46 години (28. Ⅸ 1520 – 6. Ⅸ 1566). Еден од најголемите османлиски султани, кој во историјата бил нарекуван „Величествениот“ или „Велики“. Во неговото време Османлиската Империја го достигнала својот зенит на воената моќ и во… Continue reading СУЛЕЈМАН И КАНУНИ
СУЛЕЈМАН, Јусуф
СУЛЕЈМАН, Јусуф (Скопје, 15. Ⅵ 1950) – поет, критичар, писател за деца, преведувач, од ромската националност. Завршил средно образование. Го формирал и го раководи Меѓународниот центар за литература, јазик и култура на Ромите во Македонија. Член на ДПМ од 1988 г. БИБ.: Мансура, поезија, 1981; Голтарот тој човек го научи да се бори, поезија, 1982;… Continue reading СУЛЕЈМАН, Јусуф
СУЛЕЈМАН, Нафи
СУЛЕЈМАН, Нафи (с. Трново, Битолско, 1918) – комунистички деец и воен командант. Бил член на СКОЈ (1941) и на КПЈ (од јуни 1943), поради што бил прогонуван и апсен. Бил командант на чета и на баталјон, командант на Четвртата македонска шиптарска бригада (26. Ⅷ 1944 – март 1945 и делегат на Првото заседание на АСНОМ.… Continue reading СУЛЕЈМАН, Нафи
СУЛЕЈМАН, Хусеин
СУЛЕЈМАН, Хусеин (Хüсеѕин Сüлеѕман) (Куманово, 1900 – Скопје, 1963) – раскажувач за деца и драмски автор од турската националност во РМ. Повеќе години бил учител. Како млад покажал интерес за литературата, за културното минато на турската националност во Македонија. Голем број статии од областа на литературата, историјата и културата објавил во весникот „Бирлик“. Пишувал за… Continue reading СУЛЕЈМАН, Хусеин
СУЛЕЈМАНИ, Дестан,
СУЛЕЈМАНИ, Дестан, (с. Радолишта, Гостиварско, 1. Ⅴ 1930) – општествено-политички деец. Завршил Виша управна школа во Скопје. Бил претседател на младински комитет и на фабричка синдикална организација, претседател на Општинскиот синдикален совет, член на Општинскиот и на Околискиот комитет на СКМ и претседател на Општинската конференција на ССРНМ во Гостивар, како и пратеник во Стопанскиот… Continue reading СУЛЕЈМАНИ, Дестан,
СУЛЕЈМАНИ, Сејфедин
СУЛЕЈМАНИ, Сејфедин (Сејфедин Сулејмани) (с. Извор, Кумановско, 30. Ⅴ 1938 – Скопје, 24. Ⅹ 2008) – унив. професор, филозоф, литературен критичар, есеист, драм-Сејфедин Сулејмани ски писател. Основно образование завршил во родното место, учителска школа во Скопје, а потоа студирал филозофија на Скопскиот универзитет. Докторирал од областа на филозофските науки на Приштинскиот универзитет. Првин работел како… Continue reading СУЛЕЈМАНИ, Сејфедин
СУЛЕЈМАНИ, Џафер
СУЛЕЈМАНИ, Џафер (Пермети, Албанија, 1871 – Тетово, 1948) – лекар. Медицина студирал во Цариград и Нанси. Од 1900 г. до крајот на животот работел како општ лекар во Тетово. Бил сенатор во Кралството Југославија. Уживал голем углед меѓу населението како лекар и особено поради неговите залагања за соживотот меѓу малцинствата во Тетово и Тетовско. Д.… Continue reading СУЛЕЈМАНИ, Џафер
СУЛИ-АН
СУЛИ-АН (Скопје, ⅩⅤ в.) – споменик на културата. Подигнат од Исхак-бег, вториот османлиски управник на Скопје, познат под името Стар ан. Името Сули (тур. сулу – воден) го добил подоцна по реката Серава, покрај него. Има површина од 2.101 м², со трем потпрен на 18 камени столба. Бројот на просториите на двата спрата порано изнесувал… Continue reading СУЛИ-АН
СУЛТАН Јахја
СУЛТАН Јахја (?, 1585 – Котор, 1649) – авантурист што се претставувал како син на султанот Мехмед Ⅲ (1595 – 1603). Познат е по проектот за истерување на Османлиите од Балканскиот Полуостров преку востание на балканското христијанско население со помош на европските држави. Дел од неговите активности се одвивале и на територијата на Македонија. ЛИТ.:… Continue reading СУЛТАН Јахја
СУНЃЕРИ
СУНЃЕРИ (Порифера) – повеќеклеточни животни. Имаат најниска телесна организација. Живеат во водна средина, претежно морска, прицврстени за подводни карпи или цврсти предмети. Наполно се неподвижни и потсетуваат на растенија. Големината на телото варира, од многу мали, до гигантски форми. Обојувањето на видовите е најразлично: од жолто, портокалово, црвенопурпурно до виолетово. Во Македонија се застапени само… Continue reading СУНЃЕРИ
СУПЕРВИЗИЈА НА БАНКИТЕ ВО РМ
СУПЕРВИЗИЈА НА БАНКИТЕ ВО Република Македонија– збир на активности за контрола на усогласеноста на банките со домашните и меѓународните прописи и банкарски стандарди со цел да се обезбеди здрав Топчести охридски сунѓери Народната банка на РМ, Скопје и стабилен банкарски систем. Непосредно по монетарното осамостојување на Македонија, супервизорската функција на централната банка се наоѓа во… Continue reading СУПЕРВИЗИЈА НА БАНКИТЕ ВО РМ
СУРМЕЈАН, Артур
СУРМЕЈАН, Артур (Истанбул, 15. Ⅴ 1915 – Скопје, 2. Ⅵ 1977) – оперски певец, тенор, првенец на Операта на МНТ. Пеење учел кај П. Холотков. Бил солист во Пејачкото друштво „Вардар“. Во 1935 г. го одржал својот прв солистички концерт. Во Операта на МНТ работи од 1947 до 1971. Реализирал повеќе од 35 поголеми и… Continue reading СУРМЕЈАН, Артур
СУРМЕЈАН, Хазарос
СУРМЕЈАН, Хазарос (Скопје, 21. Ⅳ 1943) – балетски играч. Балетското образование го завршува во Балетското училиште во Скопје, во класата на А. Доброхотов. Член е на Балетскиот ансамбл при МНТ (1958-1961). Играч со сигурна балетска техника и со чувство на танцова поддршка и партнерство. Солист на балетите во Келн и во Минхен (1961-1965), а од… Continue reading СУРМЕЈАН, Хазарос
СУРОВА
СУРОВА (СУРВА) – именување на Новата година според стариот календар. Името доаѓа од суровењето, удирањето на луѓето и стоката (особено болните и изнемоштените) со сурови прачки, со верување дека ќе иницираат здравје и среќа. И во песните се пее: „Сурова, сурова година…“ Обичаите ги изведуваат одделно децата, одделно возрасните. Децата палат оган на сретселото, потоа… Continue reading СУРОВА
СУРЏЕЛ
СУРЏЕЛ (Јасминум фрутицанс Л., фам. Олеацеае) – полузимзелена грмушка од источниот Медитеран и од Западна Азија. Леторастите се зелени, листовите сложени, ситни, триделни. Цветовите се жолти, собрани по 2-5 на куси, странични гранчиња. Плодот е цр-Сурџел на, сува бобинка. Елемент на псевдомакијата и шибјаците во Повардарието. Ал. Анд.
СУШЕЊЕ НА ДРВОТО
СУШЕЊЕ НА ДРВОТО – систем од методи и техники за отстранување на непотребната вода (влага) од дрвото. Намалувањето на водата во дрвото се изведува со сушење. За сушење на масивното дрво се користат следниве начини: сушење без доведување топлина и сушење со доведување топлина (вештачко-термичко сушење). Во првата група влегуваат: природното (атмосферско), механичкото и биолошкото… Continue reading СУШЕЊЕ НА ДРВОТО
СУШЕЊЕ ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
СУШЕЊЕ ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК. Во минатото Малешевијата и Пијанец тежеа од сливи. Се одгледуваше малешевската сина слива, која е најквалитетна за сушење и за други преработки. Сливите се сушеа во примитивни сушници со дрва, наречени фурни. Со товарен добиток се продаваше во Солун и на други пазари. штитестата вошка и шарката наполно ја уништија оваа… Continue reading СУШЕЊЕ ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
СУШЕЦ, Ѓуро М
СУШЕЦ, Ѓуро М. (Загреб, Хр-СЦЕНОГРАФИЈА – уметничка време на малешевската слива. Во ватска, 21. Ⅵ 1914 – Загреб, дисциплина за создавање амбиен-РМ се сушат по 200–300 т овошје и 1976) – спец. ортопед, редовен ти наменети за претстави. Сцешумски плодови, во класични проф. на Мед. ф. во Скопје. нографијата подразбира употресушници на течно гориво. Пос-Дипломирал… Continue reading СУШЕЦ, Ѓуро М
ТАВИТИЈАН, Гарабет
ТАВИТИЈАН, Гарабет (Скопје, 26. Ⅳ 1953) – перкусионист, еден од оформувачите на групата „Леб и сол“ (1976). Во 1990 г. ја основал и групата „Парамециум“. Се занимавал и со творештво, создавајќи и музика за театарски претстави („Диво месо“, „Дупло дно“ и др.) и филмска музика („шмеќер“; „Ослободување на Скопје“). Има обемна дискографија со „Леб и… Continue reading ТАВИТИЈАН, Гарабет
ТАЕН МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКИ КРУЖОК
ТАЕН МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКИ КРУЖОК (ТМОК)(С.-Петербург, 1900–1906) – тајна револуционерна и добротворна асоцијација на македонските студенти во С.-Петербург, филијала на ТМОРО во Русија. Иницијатор и прв претседател е студентот на Духовната академија Иван Сапунаров (од Костурско). На првиот состанок на ТМОК (12. Ⅺ 1900) во Протоколната книга е запишано:„Нашиот кружок има цел да го помага материјално македонското… Continue reading ТАЕН МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКИ КРУЖОК
ТАЖАЧКИ ПЕСНИ
ТАЖАЧКИ ПЕСНИ – лирски обредни песни со епски елементи, составен дел на култот кон покојниците. Создавани се главно од жени, како неразделен дел од погребниот ритуал. Некогаш ги исполнуваат интерпретаторки што не се во роднински врски со покојниот, а има случаи и на професионални тажачки. Во нив се регистрирани многу настани од минатото, од насилства… Continue reading ТАЖАЧКИ ПЕСНИ
ТАИПИ, Таип
ТАИПИ, Таип (с. Асамати, Ресенско, 26. Ⅹ 1924 – Белград, 19. Ⅹ 2001) – политички деец. Завршил правен факултет. Бил учесник во НОБ (од 1941) како заднински соработник, а потоа како борец во Битолскопреспанскиот НОП одред (од јули 1943), во Првата, а потоа во Третата македонска НОУ бригада. По Ослободувањето бил на разни раководни должности… Continue reading ТАИПИ, Таип