СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ – систем на знаења, вештини и навики во функција на оспособување на човекот за вршење определена дејност. Институционалната структура на стручното образование во Македонија ја претставуваат: средните стручни училишта (в.), универзитетите и другите установи за високо образование (в.) и установите за образование на возрасните (в.). Највисок степен на стручно образование е докторат на… Continue reading СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ
Архиви: Енциклопедија
Description.
СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА
СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА – меѓународна манифестација, формирана во 1962 г. во спомен и чест на браќата Миладиновци. Ја формираа Друштвото на писателите на Македонија и градот Струга. Се одржува секоја година при крајот на август и трае 5-6 дена. На неа учествуваат поети и литературни критичари од разни земји од сите континенти. Секоја година… Continue reading СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА
СТРУШКИ МИНЕЈ
СТРУШКИ МИНЕЈ – старословенски ракопис од ⅩⅤ в. Има 47 листови и е пишуван во две колони со ситно полууставно писмо. Фрагментот е дел од обемен минеј што бил сопственост на семејството Чакарови од Струга. Во втората половина на ⅩⅠⅩ в. А. Чакаров му го дал овој фрагмент од минејот на Г. Баласчев, кој подоцна… Continue reading СТРУШКИ МИНЕЈ
СТУДЕН
СТУДЕН – народно именување на единаесеттиот месец во годината -Ноември. С. Мл. Студеничани
СТУДЕНИЧАНИ
СТУДЕНИЧАНИ – село во Скопско. Се наоѓа на преодот помеѓу северните падини на планината Китка и Скопско Поле, на надморска височина од околу 300 м. Со Скопје е поврзано со редовна градска автобуска линија. Има 5.786 ж. од кои 5.585 се Албанци и 160 Македонци. Главни култури со кои се занимава населението се одгледувањето тутун… Continue reading СТУДЕНИЧАНИ
СТУДЕНТСКИ ДОМОВИ
СТУДЕНТСКИ ДОМОВИ – социјално-педагошки установи што обезбедуваат сместување, исхрана, учење, здравствена заштита, културно-забавен и рекреативен живот на студентите во времето на редовното студирање. Првиот студентски дом е отворен во Скопје, со Уредба на Владата на НРМ (1949). Според Законот за ученичкиот и студентскиот стандард (1998), студентските домови се установи на студентскиот стандард. Два или повеќе… Continue reading СТУДЕНТСКИ ДОМОВИ
СТУДЕНТСКИ КЛУБ КОЧО РАЦИН
СТУДЕНТСКИ КЛУБ „КОЧО РАЦИН“ (Загреб, 1962–1975) – македонска студентска институција, основана во рамките на Студентската организација на Универзитетот во Загреб. Претседател на клубот бил Спасе Домазетовски. Клубот организирал предавања и културни активности. ЛИТ.: Огнен Бојаджиски, Македонци у Хрватској, Загреб, 2007. М. Мин.
СТУДЕНТСКИ ЦЕНТАР
СТУДЕНТСКИ ЦЕНТАР – Скопје – в. Студентски домови.
СТУДЕНЧИЦА
СТУДЕНЧИЦА – лева притока на р. Треска. Од изворишниот дел до височината од 973 м тече под името Газоечка Река и има периодичен карактер, додека низводно од карстниот извор Казани тече како постојан водотек под името Студенчица. Долга е 16,6 км. Сливот зафаќа површина од 52,8 км 2. Дел од водите на реката преку регионалниот… Continue reading СТУДЕНЧИЦА
СТУДЕНЧИЦА
„СТУДЕНЧИЦА“ – регионален систем за водоснабдување на 140.000 жители од општините: Кичево, Крушево, Прилеп, Македонски Брод, Осломеј, Другово, Вранештица, Пласница, Долнени, како и ТЕЦ „Осломеј“. Главен ресурс се изворите на реката Студенчица со просечна штедрост 1.500 л/сек. Изградбата на системот се одвивала во три фази, во кои системот постојано се надоградувал и се ширел, така… Continue reading СТУДЕНЧИЦА
СУБАЛПСКА ВЕГЕТАЦИЈА НА РМ
СУБАЛПСКА ВЕГЕТАЦИЈА НА Република Македонија– вегетациски тип што се развива над горната шумска граница, а под појасот на алпската вегетација, по високите планини од умерениот климатски појас (од 1600–2200 м надморска височина). Опфаќа разновидни растителни заедници на кисели почви, карбонати, планински тресетишта, сипари, точила, камењари, Субалпска вегетација, пасиштата на Бистра карпи и др., кои припаѓаат… Continue reading СУБАЛПСКА ВЕГЕТАЦИЈА НА РМ
СУБАНОВИЌ, Братислав
СУБАНОВИЌ, Братислав (Бел-град, 1914 – Белград 1999) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1961) по предметите хидротехнички објекти и искористување на водните сили. Завршил во Белград, каде што работел до 1950 г., кога доаѓа во Скопје, на работа во „Хидроелектропроект“ и на Техничкиот факултет. Специјализирал во САД (1950). Одиграл значајна… Continue reading СУБАНОВИЌ, Братислав
СУБМЕРЗНА ВЕГЕТАЦИЈА ВО РМ
СУБМЕРЗНА ВЕГЕТАЦИЈА ВО Република Македонија– в. водна макрофитска вегетација во РМ. Вл. М. Река Студенчица Гојко Суботиќ
СУБОТИЌ, Гојко
СУБОТИЌ, Гојко (Босанска Градишка, 11. Ⅷ 1931) – историчар на уметноста, академик, член на МАНУ надвор од работниот состав и еден од најзначајните проучувачи на спомениците од средниот век и од периодот на турското владеење во Македонија. Речиси половина од неговиот опус е со тематика сврзана со живописот на византискиот стил во македонските споменици. Во… Continue reading СУБОТИЌ, Гојко
СУВА ГОРА
СУВА ГОРА – средновисока планина во западниот дел на РМ. Претставува типичен хорст издигнат помеѓу котлината Полог на запад, кањонската клисура на реката Треска на исток, на север се протега до Илин Гроб, а оттаму продолжува во планината Осој, чии клонови се спуштаат во полите на Сува Река и Тетовска Суводолица. Планината со неотектонските движења… Continue reading СУВА ГОРА
СУВА ПЛАНИНА
СУВА ПЛАНИНА – средно висока планина во западниот дел на РМ. Не е јасно индивидуализирана планинска целина. Спрема запад, спрема долината на Треска и Оча стрмно се спушта преку високи тектонски отсеци со височина од преку 1.000 м. На југ постепено се издига и преоѓа во планината Караџица, а спрема север преку превалот Кула поминува… Continue reading СУВА ПЛАНИНА
СУВА ЧЕШМА, ТРИ ЧЕЉУСТИ, ВРТУЉКА
СУВА ЧЕШМА, ТРИ ЧЕЉУСТИ, ВРТУЉКА (с. Горенци, Охридско) – некропола од крајот на Ⅶ до крајот на Ⅳ в. пр. н. е., позната под името Требенишка (јужно од с. Требеништа), откриена случајно во 1918 г. Овој локалитет го истражувале К. шкорпил во 1918 г. (наодите се чуваат во Археолошкиот музеј во Софија), Н. Вулиќ во… Continue reading СУВА ЧЕШМА, ТРИ ЧЕЉУСТИ, ВРТУЉКА
СУВОДОЛ–
СУВОДОЛ–БИТОЛА – рудник за јаглен што се наоѓа во јужниот дел на Пелагонискиот басен и има површина од 1.500 км 2. Продуктивната јагленосна формација е издиференцирана на: подински јагленосен комплекс и главен, продуктивен јагленов слој. Според квалитативните параметри, може да се констатира дека јагленовата супстанција во наоѓалиштето ги поседува својствата на ме-ките кафеави јаглени –… Continue reading СУВОДОЛ–
СУВОДОЛ, СЛАНЕЦ, БИТОЛСКО
СУВОДОЛ, СЛАНЕЦ, БИТОЛСКО – ранохристијанска крајпатна базилика, на составот на Синевирска и Ореовска Река, на прастарата патна комуникација што водела од Пелагониската Висорамнина преку превојот Преслап, траса од денешниот Суводол кон Маково, во Мариово, и потаму по Еригон кон Повардарјето. Базиликата кај Сланец (28,8 × 29,85 м) била подигната во Ⅵ в.н.е. Компонирана е од… Continue reading СУВОДОЛ, СЛАНЕЦ, БИТОЛСКО
СУГАРЕВ, Ѓорѓи И
СУГАРЕВ, Ѓорѓи И. (Битола, 1879 – с. Паралово, Мариовско, 23. Ⅲ 1906) – учител, револуционер, учесник во Илинденското востание, битолски околиски војвода. Завршил егзархиска гимназија во Битола. Бил учител во Кичевско и во Битолско, дејствувал во четата на Н. Русински (1901). Бил секретар на Битолскиот РОК на ТМОРО, војвода на чета (1902), учесник на Смилевскиот… Continue reading СУГАРЕВ, Ѓорѓи И
СУД ЗА СУДЕЊЕ ДЕЛ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ
СУД ЗА СУДЕЊЕ ДЕЛ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ – политички суд, основан надвор од правниот систем на ДФ Македонија, за дела што не биле предвидени во законодавството, а направени во војната, основан со Решение на Второто заседание на АСНОМ (30. ⅩⅠⅠ 1944). Можел да ги изрекува следниве казни: одземање на националната чест, одземање на граѓанската… Continue reading СУД ЗА СУДЕЊЕ ДЕЛ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ЧЕСТ
СУДОВИТЕ ВО НОВ
СУДОВИТЕ ВО НОВ (1941– 1944) – органи на македонската револуционерна власт што се создавала во текот на борбата. Дејноста ја остварувале во партизанските одреди или во други воени единици и била зачеток на военото правосудство. Решавале граѓански спорови за имотно-правни побарувања меѓу граѓаните (ниви, меѓи, штети од добиток, делби, наследство и сл.), во рамките на… Continue reading СУДОВИТЕ ВО НОВ
СУДСКИ СОВЕТ НА РМ
СУДСКИ СОВЕТ НА Република Македонија–самостоен и независен орган на судството во РМ. Воведен е со уставните амандмани од 2005 г. на местото на Републичкиот судски совет, кој функционираше од 1994 до 2006 г. Судскиот совет го сочинуваат 15 члена: осум избираат судиите од своите редови; пет избира Собранието на РМ, а по функција членови на… Continue reading СУДСКИ СОВЕТ НА РМ
СУДСКИТЕ ПРОЦЕСИ ВО ПИРИНСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА
СУДСКИТЕ ПРОЦЕСИ ВО ПИРИНСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (1933 –) – процеси на бугарските судови против борци за македонски национални права. Во 1933 г. во Разлог бил одржан судски процес на кој им се судело на македонските револуционери – комунисти: Никола Парапунов, Крсто Стојчев, Костадин Лагадинов и на припадниците на ВМРО(Об.). Во 1936 г., во Софија… Continue reading СУДСКИТЕ ПРОЦЕСИ ВО ПИРИНСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА