СМОКВАРСКИ, Глигор (с. Будинарци, Беровско, 8. В1914 – Скопје, 15. Ⅲ 1974) – композитор. Претставник на Втората генерација македонски композитори. Се школувал во Военото музичко школо во Вршац. Најнапред бил кларинетист во Симфонискиот оркестар, а потоа и композитор и педагог. Во историјата на македонската музика ќе остане забележан како автор на првиот македонски балет „Македонска… Continue reading СМОКВАРСКИ, Глигор
Архиви: Енциклопедија
Description.
СМОКОВИ
СМОКОВИ (Цолубридае) – голема фамилија змии, во која се вклучени најголем дел од европските змии, со должина од 10 350 см. Во Европа се среќаваат 24 видови, а кај нас 11 видови, меѓу кои и две полуотровници (мачја змија – Телесцопус фаллаџ и длабочелен смок – Малполон монспессуланус). ЛИТ.: Е. Н. Арнолд, А Фиелд Гуиде… Continue reading СМОКОВИ
СМОЛЈАНИ
СМОЛЈАНИ – словенско племе населено (Ⅵ–Ⅶ в.) во долниот тек на р. Струма, во долината на р. Места и во Западните Родопи. Кон средината на Ⅸ в. еден дел од териториите на Смолјаните бил освоен од Бугарите, а другите биле под византиската власт. Епископијата на Смолјаните потпаѓала под јурисдикција на митрополијата во Пловдив (Ⅹ в.).… Continue reading СМОЛЈАНИ
СМРДЕШ
СМРДЕШ – ниска но доста пространа планина што се наоѓа во источниот дел на РМ. Се протега помеѓу Радовишката Котлина од источната страна и Лакавичката од западната. На северозапад започнува јужно од Штип, а завршува близу до Струмица кај долината на река Водочница. Највисок врв е Елешница (971 м). Таа е разбиена маса без истакнати… Continue reading СМРДЕШ
СМРДИВРАНИ
СМРДИВРАНИ (Цорациидае) – фамилија птици од редот сивоврановидни птици (Цорацииформес), со цврсто градено тело и клун. Во Европа и кај нас е присутен само еден вид смрдиврана (Цора-Смрдиврана циас гаррулус). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф тхе Бирдс оф… Continue reading СМРДИВРАНИ
СМРДЛИКА
СМРДЛИКА (СМРДЕШ) (Пистациа теребинтхус Л., фам. Анацардиацеае) – листопадна грмушка до мало дрво од Медитеранот и Субмедитеранот. Има сложени, непарно перести листови. Дводомен вид, цветовите се собрани во метлести соцветија. Плодот е мала, металносива косличка. Содржи смолни канали и смола во вегетативните делови. Единечна или групна примеса во поизразито термофилните шумски заедници. Ал. Анд.
СМРЕКА
СМРЕКА (Јуниперус Л., фам. Цупрессацеае) – богат род со околу 60 вида дрвја и грмушки, со игловидни и лушповидни листови. Ова име кај нас се однесува на игловидните смреки (сецт. оџѕцедрус). Плодовите се глобули (смреклинки) со месести, сраснати, плодни Смрека (Јуниперус Л.) лушпи. Кај нас, автохтони се: модрата смрека (Ј. цоммунис Л.), грмушка до мало… Continue reading СМРЕКА
СМРТНАТА КАЗНА ВО ДФМ/ НРМ/СРМ/РМ
СМРТНАТА КАЗНА ВО ДФМ/ НРМ/СРМ/РМ – кривична санкција за најтешките кривични дела против народот и државата, социјалистичкото самоуправно уредување и безбедноста на државата, против безбедноста и меѓународното право, против вооружените сили и во случај на повеќекратно убиство. Во периодот од 1978 до 1988 г. во СР Македонија се изречени 12 смртни казни, од кои само… Continue reading СМРТНАТА КАЗНА ВО ДФМ/ НРМ/СРМ/РМ
СМРЧА
СМРЧА (Пицеа абиес Карст. сѕн. П. еџцелса Линк., фам. Пинацеае) – европски вид дрво. Високо дрво со коСмрча нусна форма на круната, стеблото е право, со провиснати гранки. Игличките се четирирабни, бодливи. Цветовите се еднополни и собрани во исправени реси. Од женските се формира крупна, провисната шишарка, без стерилни лушпи. Во Република Македонијаврви јужната граница… Continue reading СМРЧА
СМРЧКА
СМУГРЕСКИ, Диме Јанкулев
СМУГРЕСКИ, Диме Јанкулев (с. Обршани, Прилепско, 1871 – с. Обршани, 2. Ⅵ 1906) – учесник во Илинденското востание, селски војвода. Бил член на ТМОРО (1896). Во Илинденското востание предводел селска чета од 40 востаници во одредот на војводата Тодор Христов-Офицерчето. Се истакнал во битката на Слива (13. Ⅷ 1903). ЛИТ.: Историја на Крушево и Крушевско,… Continue reading СМУГРЕСКИ, Диме Јанкулев
СМУГРЕСКИ, Нове Неданов
СМУГРЕСКИ, Нове Неданов (с. Обршани, Прилепско, 1866 – Мечкин Камен, 13. Ⅷ 1903) – учесник во Илинденското востание како селски војвода. Предводел селани од родното село Обршани во четата на војводата Питу Гули. Бил помошник-знаменосец во четата на Питу Гули на Мечкин Камен, каде што херојски загинал со востаниците и војводата. ЛИТ.: Историја на Крушево… Continue reading СМУГРЕСКИ, Нове Неданов
СНАЈВЛИ, Каролина С
СНАЈВЛИ, Каролина С. (Снивелѕ Царолѕн С.) (Масилион, Охајо, САД, 1947) – археолог. Завршила Класични студии на Мичигенскиот државен универзитет (1969). Магистрирала на Универзитетот „Тексас“ во Остин во 1973, а во 1979 г. докторирала на темата „Ранохристијански базилики во Стоби“. Била член на екипа за истражување на Стоби (проект 1971–1981), консултант во ископувањата на Црквиште-Мородвис (1983–1989),… Continue reading СНАЈВЛИ, Каролина С
СНЕГАРОВ, Иван Јончев
СНЕГАРОВ, Иван Јончев (Охрид, 12. Х 1883 – Софија, 1. Ⅲ 1971) – истакнат славист, историчар, универзитетски професор и академик. Основното училиште го завршува во родниот град, Духовната семинарија во Цариград (1906), а Духовната академија во Киев со дипломска работа за Охридската архиепископија (1912). Учител во Солунската гимназија (1912/13), потоа во Учителската школа во Јамбол,… Continue reading СНЕГАРОВ, Иван Јончев
СНЕЖНИК
СОБРАНИЕ НА РМ
СОБРАНИЕ НА Република Македонија– претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт во РМ. Составено е од 120 пратеници, избрани на општи и непосредни избори со тајно гласање, за мандатен период од четири години. Првото Собрание на Република Македонијае формирано во декември 1990 г., врз мнозинскиот принцип, по спроведените парламентарни избори во два круга… Continue reading СОБРАНИЕ НА РМ
СОБРАНИЕ НА СРМ
СОБРАНИЕ НА СРМ – највисок орган на власта и орган на општественото самоуправување во рамките на правата и должностите на СРМ. Според Уставот на СРМ од 1963 г., Собранието на СРМ е делегатско тело составено од пет собори: Републички, Стопански, Просветно-културен, Социјално-здравствен и Општествено-политички. На изборите одржани во 1963 г. се избрани вкупно 340 делегати,… Continue reading СОБРАНИЕ НА СРМ
СОБРАНИЕ НА ФНРЈ/СФРЈ
СОБРАНИЕ НА ФНРЈ/СФРЈ – највисок орган на државната власт во втората Југославија. По донесувањето на Уставот на ФНРЈ, Уставотворното собрание со своја одлука се претвори во Народно собрание на ФНРЈ, задржувајќи ја истата структура (Сојузен собор и Собор на народите). Собранието на ФНРЈ е дефинирано како врховен орган на државната власт и претставник на суверенитетот… Continue reading СОБРАНИЕ НА ФНРЈ/СФРЈ
СОБРИ
СОБРИ – доцносредновековен град со подградие и населба (османлискиот пописен дефтер од 1467/1468). Се наоѓал на месноста Градиште, на три км југоисточно од с. Орашје во Полог (археолошки наоди). Во ⅩⅣ-ⅩⅤ в. бил главна тврдина и стопански центар на регионот, со живи спомени за постоење на градот до ⅩⅠⅩ в. (Ѓ. Петров). ЛИТ.: Т. Томоски,… Continue reading СОБРИ
СОВИЦИ
СОВИЦИ (Ноцтуидае) – ноќни пеперуги со прекрасни шари на крилјата. Имаат силно и дебело тело со густи влакна. Во мирување предните крилја ги преклопуваат задните со што инсектот станува незабележлив за Совица, ноќна пеперуга непријателот. Се хранат со нектар. Гасениците се штетници на културните и шумските растенија. Во Македонија совиците се претставени со 468 таксони,… Continue reading СОВИЦИ
СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ И МАКЕДОНИЈА
СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ И МАКЕДОНИЈА (ВРСКИ И ОДНОСИ) (1876–). Ако се исклучи дејноста на американските протестантски мисионери во Македонија, САД пројавиле понагласен интерес во времето на Источната криза врз основа на известувањата на Американското конзулско агентство во Солун за настаните во Македонија и за Цариградската конференција (1876– 1877), кога бил подготвен и бил претставен предлог… Continue reading СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ И МАКЕДОНИЈА
СОЈУЗ ЗА ПРЕВЕНТИВА ОД АЛКОХОЛИЗМОТ, НИКОТИНИЗМОТ И НАРКОМАНИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА, СКОПЈЕ
СОЈУЗ ЗА ПРЕВЕНТИВА ОД АЛКОХОЛИЗМОТ, НИКОТИНИЗМОТ И НАРКОМАНИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА, СКОПЈЕ – општествена, доброволна, социјално-хуманитарна организација со воспитни, образовни и здравствени цели за примарна превенција од алкохолизмот, никотинизмот и наркоманиите. Се-гашното име го носи од 1991 г., а дотогаш постоеше со името Сојуз на организациите за сузбивање на алкохолизмот, наркоманиите и никотинизмот во Македонија. Почетокот… Continue reading СОЈУЗ ЗА ПРЕВЕНТИВА ОД АЛКОХОЛИЗМОТ, НИКОТИНИЗМОТ И НАРКОМАНИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА, СКОПЈЕ
СОЈУЗ НА БУГАРСКИТЕ КОНСТИТУЦИОНИ КЛУБОВИ
СОЈУЗ НА БУГАРСКИТЕ КОНСТИТУЦИОНИ КЛУБОВИ (1908 –1909). По победата на Младотурската револуција и по воспоставувањето уставно уредување со директно ангажирање на Владата на Бугарија и на Бугарската егзархија во Македонија биле основани бугарските конституциони клубови, кои се обединиле во Сојуз како единствена политичка организација, експонент на бугарската државна политика. Сојузот официјално декларирал дека ќе дејствува… Continue reading СОЈУЗ НА БУГАРСКИТЕ КОНСТИТУЦИОНИ КЛУБОВИ
СОЈУЗ НА МУЗИЧКИТЕ УМЕТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА
СОЈУЗ НА МУЗИЧКИТЕ УМЕТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА – организација на музичките уметници; од 1997 г. со статус на здружение на граѓани. Формиран на 19. И 1947 г., во склоп на Здружението на музичарите на РМ. Од 1949 г. дејствува самостојно, како Друштво на репродуктивните уметници (подоцна Сојуз на музичките уметници). Одигра значајна улога во втемелувањето на… Continue reading СОЈУЗ НА МУЗИЧКИТЕ УМЕТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА