РОМАНО, Моше Аврам (Сараево, 1894 – Треблинка, 1943) – рабин. Бил главен рабин во Битола (1931–1943). Со Леон Камхи патувал низ поважните еврејски центри во Југославија барајќи решавање на „битолскиот проблем“ (најсиромашната еврејска заедница во Југославија) за добивање поголема квота сертификати за иселување во Палестина. Бил депортиран во Треблинка и убиен. ЛИТ.: Ѓорѓи Цолев Димовски,… Continue reading РОМАНО, Моше Аврам
Архиви: Енциклопедија
Description.
РОМАНОВ, Борис
РОМАНОВ, Борис (Москва, 15. Ⅵ 1941) – пијанист и оргулист. Дипломирал и магистрирал на Конзерваториумот „П. И. Чајковски“ во Москва (Ј. Милнштејн – пијано, Л. Ројзман – оргули, 1966, 1969). Долгогодишен професор на Конзерваториумот „П. И. Чајковски“ и во неговото училиште. Концертирал во Советскиот Сојуз, како и во повеќе од триесет земји во Европа и… Continue reading РОМАНОВ, Борис
РОМАНСКА ПРОПАГАНДА
РОМАНСКА ПРОПАГАНДА. –Дејност на романската пропаганда во Македонија сред влашкото население започната со формирањето на Македо-романскиот комитет во Букурешт (1860). Романската пропаганда во почетокот била ориентирана кон отворање училишта. Првото училиште на романски јазик во Македонија било отворено во 1864 г. Апостол Маргарит бил главниот претставник на оваа пропаганда. Малку подоцна во Букурешт би-ло формирано… Continue reading РОМАНСКА ПРОПАГАНДА
РОМЕВ, Пецо
РОМЕВ, Пецо (Горничево, Леринско, ? – Грамос, 1949) – деец на македонското ослободително и на грчкото антифашистичко движење од 1943 г. Во Граѓанската војна во Грција бил командир на вод, на чета и на баталјон. Како мајор на ДАГ загинал во борбите на Грамос. ЛИТ.: Р. Кирјазовски, Македонски национални институции во Егејскиот дел на Македонија… Continue reading РОМЕВ, Пецо
РОМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
РОМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – етничка заедница во РМ. Се претпоставува дека се доселени од Индија или Египет. Во Македонија се познати под разни имиња: Цигани, Ѓупци или Еѓупци. По верска припадност тие се муслимани или православни христијани. Пред Балканските војни (1912–1913) во Македонија живееле 54.557 Роми, што преставувале 2,42% од целокупното население. По поделбата… Continue reading РОМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
РОСНИК, ПЕЛИСТЕРСКИ
РОСНИК, ПЕЛИСТЕРСКИ (Алцхемилла перистерица Пањл.) – локален македонски флористички ендемит од фам. Росацеае. Се развива на влажни места, во подножјето на планината Пелистер (с. Ротино, с. Кажани и с. Цапари). Вл. М. РОСОКЛИЈА, Горазд Блажов
РОСОМАН
РОСОМАН – село во Кавадаречко. Се наоѓа на левата страна на Црна Река, во близина на нејзината утока во Вардар, на надморска височина од околу 135 м. Низ селото поминува магистралниот пат М–5, а со локален пат е поврзано со Кавадарци. Има 2.554 ж. од кои 2.285 се Македонци, а 138 Срби. Населението се занимава… Continue reading РОСОМАН
РОСОС, Ендрју
РОСОС, Ендрју (Андрењ Россос, до-машно име: Андреја /Дико/ Рошовски) (с. В’мбел/Москохори, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, РГ, 28. Ⅱ 1941) – унив. професор, историчар, член на МАНУ надвор од работниот состав (од 2009). Поради Граѓанската војна во Грција, како дете-бегалец, во 1948 г. е префрлен во Чешка и живее во детскиот дом во Соботин, каде… Continue reading РОСОС, Ендрју
РОСТИСЛАВ
РОСТИСЛАВ (Ⅸ в.) – кнез на Велика Моравија (846–870). Ја ослободил Велика Моравија од германската зависност, побарал од Византија мисионери, кои ќе го шират христијанството на словен-ски јазик. Византија ги испратила браќата Кирил и Методиј (863), кои вовеле богослужба на словен-ски јазик. Бил симнат од престо-лот и затворен (870). Александар Ростковски
РОСТКОВСКИ, Александар Аркадјевич
РОСТКОВСКИ, Александар Аркадјевич (Одеса, 1860 – Битола, 26. Ⅷ 1903) – руски конзул и пријател на К. П. Мисирков, убиен во негово присуство од турски стражар (Албанец) во илинденските настани во Битола. Дипломатската кариера ја започнува како втор секретар во Бугарија, а како секретар и драгоман на Руското генерално конзулство во Ерусалим, во Јанина и… Continue reading РОСТКОВСКИ, Александар Аркадјевич
РОСТУШЕ
РОСТУШЕ – село во долината на р. Радика. Се наоѓа во источното подножје на планината Дешат, од десната страна на р. Радика, на надморска височина од околу 720 м. Со регионалниот пат Р–409 е поврзано со Дебар и со Маврово. Има 720 ж., од кои 394 се декларирани како Македонци, 427 како Турци и 41… Continue reading РОСТУШЕ
РОТ, Алфред
РОТ, Алфред (Ваитен, швајцарија 21. Ⅴ 1903 – 20. Х 1998) – архитект. Дипломирал на Федералниот институт за технологија во Цирих (1926). Редовен професор е на повеќе универзитети во САД и во Цирих. Работел во ателјето на Ле Корбизје и Пјер Женерет во Париз (1927–1928). Се занимавал со Алфред Рот архитектонско проектирање и е експерт… Continue reading РОТ, Алфред
РОТАТОРИИ
РОТАТОРИИ (Ротаториа) – микроскопски ситни организми, со димензии од 0,04 до 2,5 мм. Имаат разновиден облик на телото, но основниот облик е црвовиден. Безбојни се, но кај некои видови обојувањето потекнува од содржината во нивното црево. Во светот се познати над 1.800 видови од ова класа. Ги населуваат претежно копнените води. Во Македонија е чест… Continue reading РОТАТОРИИ
РУБЕН, Емил
РУБЕН, Емил (Скопје, 17. Ⅶ 1948) – филмски и театарски актер, уметник со симптомот на актерски вундеркинд; на екран се појави во својата седумгодишна возраст во филмот „Тие двајцата“ и веднаш ги плени гледачите со непосредноста на играта и сензибилноста на експресивното лице. Уследија успесите во: „Бунтот на куклите“, „Големи и мали“, „Ветерот запре пред… Continue reading РУБЕН, Емил
РУБЕН, Ремон Емилов
РУБЕН, Ремон Емилов (Скопје, 2. Ⅱ 1911 – Скопје, 21. И 1988) – дерматовенеролог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. завршил во Грац (1934), а специјализирал во Белград (1940). Хабилитирал во областа на кожната туберкулоза (1960). Автор е на голем број стручни трудови објавени во земјата и во странство. Бил избран за… Continue reading РУБЕН, Ремон Емилов
РУГ БАИР
РУГ БАИР (с. Горубинци) – неолитска населба во Овче Поле. Ло-Пехар од средниот неолит, Руг Баир, с. Горубинци те и во 70-тите години. Во културниот слој од 1,40 м се евидентирани три културни хоризонти на живеење од средниот и од доцниот неолит, кои се културно и хронолошки блиски со Анзабегово – Вршничката културна група (Ⅱ–Ⅳ… Continue reading РУГ БАИР
РУДАРСТВОТО ВО РМ
РУДАРСТВОТО ВО РМ. Рударството на територијата на Република Македонијадатира уште од римско време (Ⅲ в. н.е.), за што сведочат старите рударски работи (главно поткопи), откриени во Кратовско-злетовската област. Рударењето би-ло вршено и во турскиот период на истите овие простори. Современиот период на развојот на рударството во Република Македонијасе поврзува главно за ⅩⅩ в. Првите релевантни… Continue reading РУДАРСТВОТО ВО РМ
РУДЕРАЛНА ВЕГЕТАЦИЈА НА РМ
РУДЕРАЛНА ВЕГЕТАЦИЈА НА Република Македонија– специфичен секундарен вегетациски тип што се развива во човечки населби и во други антропогено условени средини, како што се местата покрај куќи, патишта, железнички пруги, градилишта, урнатини, насипи, бачила, депонии, ѕидини и други станишта, кои се постојано или повремено под директно или индиректно човеково влијание. Рудералната вегетација се карактеризира со… Continue reading РУДЕРАЛНА ВЕГЕТАЦИЈА НА РМ
РУДНИЦИ ЗА ГЛИНИ ВО РМ
РУДНИЦИ ЗА ГЛИНИ ВО РМ. Во Република Македонијасе присутни значителни наоѓалишта на глина од различен генетски тип. По своите хемиски и физички карактеристики тие се меѓусебно различни, поради што имаат и различна употребна вредност. Туларските глини се најраспространет вид глини. Постојат голем број наоѓалишта што се во експлоатација. Од овие глини се произведуваат разни видови… Continue reading РУДНИЦИ ЗА ГЛИНИ ВО РМ
РУДНИЦИ ЗА МЕРМЕР ВО РМ
РУДНИЦИ ЗА МЕРМЕР ВО РМ. Варовниците и доломитите зафаќаат голем дел од територијата на РМ. Се издвојуваат три региони: доломитски калцитски мермери на пелагонискиот масив, во западномакедонското подрачје, и варовници и доломити во вардарската зона. Едно од најпознатите наоѓалишта на мермер во Македонија е Сивец. Се наоѓа на периферијата на пелагонискиот масив, на границата од… Continue reading РУДНИЦИ ЗА МЕРМЕР ВО РМ
РУДНИЦИ ЗА ТРАВЕРТИН ВО РМ
РУДНИЦИ ЗА ТРАВЕРТИН ВО РМ. Травертинот е познат на територијата на Република Македонијапод името бигор. Тоа е лесен и шупликав камен што се користи во градежништвото во форма на украсен камен. Може лесно да се обработува и да се полира, со што има широка употреба во градењето и фасадирањето на згради. На територијата на Македонија… Continue reading РУДНИЦИ ЗА ТРАВЕРТИН ВО РМ
РУДНИЦИ И ЖЕЛЕЗАРНИЦА СКОПЈЕ
РУДНИЦИ И ЖЕЛЕЗАРНИЦА „СКОПЈЕ“ – металуршки комплекс за добивање и преработка на железо и челик. Најголем објект на црната металургија во РМ. Проектиран е од 1959 г., граден од 1961 г., а работи од 1967 г. Изградени погони: Топилница (за производство на сурово железо во 5 електропечки, секоја со капацитет од 20 до 30 МЊ);… Continue reading РУДНИЦИ И ЖЕЛЕЗАРНИЦА СКОПЈЕ
РУЕН И
„РУЕН И.Т.“ – фабрика за производство на автомобилски и тракторски делови, формирана во 1952 г., пререгистрина во 1960, а потоа се гради нова фабрика со површина од 2.100 м². Во 1974 г. е пуштена во употреба нова хала од 6.000 м², наменета за производство на спојки. Фабриката за производство на метална галантерија (пружини, заковки, остојници)… Continue reading РУЕН И
РУЖИНОВСКИ, Миле
РУЖИНОВСКИ, Миле (Велес, 30. Ⅹ 1935) – генерал-полковник на ЈНА. Завршил Воено артилериско училиште во Загреб, Виша воена академија во Белград (1965) и школа за оператива (1971). Извршувал високи комановозможило да се реконструира Металуршкиот комбинат Рудници и Железарница „Скопје“ дни, штабни и партиски должности. Бил командант на Артилериската дивизија во Тетово (1965–1969), командант на Артилерискиот… Continue reading РУЖИНОВСКИ, Миле