НАЦИОНАЛНА ДЕМОКРАТСКА ШИПТАРСКА ОРГАНИЗАЦИЈА

НАЦИОНАЛНА ДЕМОКРАТСКА ШИПТАРСКА ОРГАНИЗАЦИЈА (1945 – 1946) – националистичка албанска организација, формирана во почетокот на 1945 г. за разбивање на територијалниот интегритет на ДФМ и на ДФЈ и просторните услови, најголема и најсовремена библиотека во РМ. Формирана е со решение на

НАЦИОНАЛНА КЛАСИФИКАЦИЈА НА ДЕЈНОСТИТЕ

НАЦИОНАЛНА КЛАСИФИКАЦИЈА НА ДЕЈНОСТИТЕ (НКД). Во согласност со методологијата за пресметување на агрегатите на производството, во нашата земја доминираа две класификации на дејностите во различни периоди. Едната беше карактеристична за периодот од Втората светска војна до крајот на 80тите години на минатиот век, а другата почна да се применува со почетокот на транзицијата. Првата се… Continue reading НАЦИОНАЛНА КЛАСИФИКАЦИЈА НА ДЕЈНОСТИТЕ

НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА

НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА – МУЗЕЈ „Д-Р НИКОЛА НЕЗЛОБИНСКИ“ – СТРУГА. Музејската дејност во Струга е поврзана со името на д-р Незлобински, кој дошол во Струга во 1924 год. Како Националната установа Музеј „Д-р Никола Незлобински“, Струга голема колекција на инсекти, птици и други животни, кои во 1928 г. јавно ги презентирал пред граѓаните на Струга. Збогатената… Continue reading НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА

НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ

НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈБИТОЛА (1949 –) – регионална институција за заштита на спомениците на културата и нивната музејска презентација. Како база за нејзиното формирање послужиле археолошките наоди од локалитетот Хераклеја Линкестис (в) добиени со археолошките истражувања од пред и во времето на Втората светска војна. Предмет… Continue reading НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ

НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ

НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈБИТОЛА (1949 –) – регионална институција за заштита на спомениците на културата и нивната музејска презентација. Како база за нејзиното формирање послужиле археолошките наоди од локалитетот Хераклеја Линкестис (в) добиени со археолошките истражувања од пред и во времето на Втората светска војна. Предмет… Continue reading НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ

НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ

НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈОХРИД – регионална институција за заштита на спомениците на културата и нивна музејска презентација. Нејзин основач е Градскиот народен одбор на Охрид (1951). Припаѓа на општите музеи, со задача да прибира, стручно и научно да ги обработува и да ги презентира предметите поврзани… Continue reading НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ

НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ

НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈОХРИД – регионална институција за заштита на спомениците на културата и нивна музејска презентација. Нејзин основач е Градскиот народен одбор на Охрид (1951). Припаѓа на општите музеи, со задача да прибира, стручно и научно да ги обработува и да ги презентира предметите поврзани… Continue reading НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА КУЛТУРАТА И МУЗЕЈ

НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА МУЗЕЈ

НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА МУЗЕЈКУМАНОВО – регионална институција за заштита на спомениците на културата и нивна музејска презентација. Основана е од Собранието на општината Куманово (1964), како специјализиран тип на музеј со историска тематика. Како резултат на потребата за заштита, проучување и комуникација на разновидното културно наследство на територијата на Куманово и Кумановско, подоцна го… Continue reading НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА МУЗЕЈ

НАЧАЛО

НАЧАЛО“ (Солун, 28. Ⅹ 1908 – 1909) – двомесечник за политички, социјален и литературен преглед. Го уредувале Павел Делирадев, А Тимов и Н. Харлаков. Во него соработувале прогресивни македонски и бугарски општественици. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 85. С. Мл.

НАШ ВЕСНИК

НАШ ВЕСНИК“ (Загреб, И, 1, 30. Ⅲ 1937) – месечен лист за културно-просветни и стопански прашања, орган на Културно-просветното друштво „Вардар“ во Загреб (формирано од македонските студенти на 29. Х 1935). Единствениот и веднаш забранет број на весников е напечатен во загрепската опозиционерска печатница на Ц. Албрехт (П. Ацингер) на српски јазик (со две стихотворби… Continue reading НАШ ВЕСНИК

НАШ ПАТ

НАШ ПАТ“ (Битола, 1944) – ракописно списание (со печатни букви) на политичките затвореници во Битолскиот затвор, на македонски јазик. Иницијативата за неговото издавање ја покренал Затворскиот комитет на КПМ во состав: Мишко Божиновски, Јорго Ристевски, Димитраќи Теговски и Драги Тозија. Објавени се вкупно три зачувани броја. Во уводникот кон првиот број е наведено дека тој… Continue reading НАШ ПАТ

НАША РЕЧ / НАШ ГЛАС / НАШ ЛИСТ

„НАША РЕЧ“ / „НАШ ГЛАС“ / „НАШ ЛИСТ“ (Скопје, 5. Ⅱ 1939 – 6. И 1941) – единствениот легаВ. „Наша реч“ (1939&1941) лен весник (како неофицијален орган на КП) во Вардарскиот дел на Македонија што, и покрај сите тешкотии и забрани, го афирмираше македонскиот културно-национален идентитет. Во текот на речиси две години се објавени вкупно… Continue reading НАША РЕЧ / НАШ ГЛАС / НАШ ЛИСТ

НАША ХРОНИКА

НАША ХРОНИКА“ (с. Горно Врановци, Велешко, 30. Ⅸ – 20. Ⅹ 1944) – повремен информативен весник, орган на Поверенството за пропаганда на Президиумот на АСНОМ. Го уредувале Веселинка Малинска, Лазар Мојсов и др. Објавени се вкупно 11 броја, 8 на циклостил, а другите во Печатни-Неаполис (Кавала), гравура (ⅩⅤⅠⅠ в.) цата „Гоце Делчев“. Содржи богати содржини… Continue reading НАША ХРОНИКА

НАШИОТ ГЛАС

НАШИОТ ГЛАС“ (Положај, последните месеци на 1944) – весник, орган на шестата македонска НО бригада, на македонски јазик. Пронајдени се повеќе ненумерирани броеви. Вториот број излегол на 16. ⅩⅠⅠ 1944 г. Посебно се значајни написите за дејствувањето на бригадата. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година),… Continue reading НАШИОТ ГЛАС

НЕАП

НЕАП (Национален еколошки акциски план на РМ) – документ со кој се утврдени клучните проблеми во сферата на животната средина во државата и активностите што ќе треба да се преземат во период од десет години за решавање на приоритетните проблеми. Првиот НЕАП е донесен во 1996, а НЕАП 2 во 2006 г. С. Х. П.

НЕАПОЛ

НЕАПОЛ (Неаполис) – антички град на северниот брег на Егејското Море (сега Кавала, Грција). Бил основан како колонија на островот Тасос за контрола и користење на континенталното ис-точно и западно крајбрежје во околината. Тоа го потврдува и еден островски закон од Ⅳ век пр.н.е., кој им го признава правото на неаполиќаните родени од мајки од… Continue reading НЕАПОЛ

НЕАРХ

НЕАРХ (Неархос) (?–312 пр.н.е.) – адмирал на флотата на Александар Ⅲ Македонски и патописец, по потекло од Крит, но населен во Амфипол. Бил пријател на Александар Ⅲ уште од младоста. Го придружувал на походот на Исток и бил назначен за сатрап на Ликија и Памфилија (334/3 пр.н.е.). Ја предводел македонската флота составена од околу сто… Continue reading НЕАРХ

НЕВЕСКА

НЕВЕСКА (1903) – востаничко гратче ослободено за време на Илинденското востание. Востаници од Костурско (700 борци) го нападнале османлискиот гарнизон и го ослободиле гратчето (12/25. Ⅷ 1903 г.). УШТЕ при првите судири со војската ја уништиле телеграфската линија, а по преземањето на касарната го заплениле оружјето и муницијата и го истакнале црвеното востаничко знаме. Во… Continue reading НЕВЕСКА

НЕВЕСТИНСКО

НЕВЕСТИНСКО“ – македонско женско народно оро со ритам 7/8 (3, 2, 2). Најзастапено е во Дебарско-реканскиот регион, произлезено од стриктно определената обредна функција на свадбата да го поведе невестата. Држењето на играорките е за китките на рацете, свиткани во лактите до висина на рамената и малку издадени нанапред. Играњето започнува со истовремено пеење на песната… Continue reading НЕВЕСТИНСКО

НЕВРОКОПСКИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД АНЕШТИ УЗУНОВ

НЕВРОКОПСКИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „АНЕШТИ УЗУНОВ“ (7 Ⅳ 1944) – македонска партизанска единица во Пиринскиот дел на Македонија. Одредот бил формиран од партизаните од Неврокопска околија, од новоизлезените партизани и од партизани што биле во редовите на партизанските одреди во Разлошко и во Пловдивско. Командант на одредот бил Григор Марков, а политички комесар Иван Гулев. До… Continue reading НЕВРОКОПСКИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД АНЕШТИ УЗУНОВ

НЕГОРСКА БАЊА

НЕГОРСКА БАЊА – минерална бања во подножјето на планината Кожуф, 4 км северно од Гевгелија, во близина на с. Негорци. Бањскиот комплекс опфаќа добро уредена површина од 25 ха, а сместувачките капацитети се наоѓаат на надморска височина од 60 м. Теренот е изграден од дијабази покриени со алувијални седименти. Изворот на Ладна Бања дава 0,35… Continue reading НЕГОРСКА БАЊА

НЕГОТИНО

НЕГОТИНО – град во средишниот дел на РМ со 13.284 ж. Се наоѓа во Тиквешката Котлина, во непосредна близина на р. Вардар, на надморска висина од околу 150 м. Зафаќа површина од 360 ха. Има умерено-континентална клима со одредено медитеранско влијание. Просечната годишна температура на воздухот изнесува 13,6°Ц, а средното годишно количество на врнежите 477… Continue reading НЕГОТИНО

НЕГОТИНО

НЕГОТИНО“ – ТЦ на мазут, лоцирана на десниот брег на реката Вардар, во близина на градот Неготино. Пуштена е во погон во 1978 г. Има еден агрегат со номинална моќност од 210 МЊ. Можното годишно производство изнесува 1.200 ГЊх. Поради релативно високата цена на горивото не е користена со голем број часови годишно и главно… Continue reading НЕГОТИНО