МУВИ, ГРАБЛИВИ (Асилидае) – двокрилни грабливи инсекти. Нозете им се силни и влакнести. Се хранат со други инсекти, ловејќи ги од заседа; и ларвите им се грабливи. Граблива мува Оваа фамилија муви во светот е застапена со 4.000 видови. Во Македонија се среќава видот голема граблива мува (Лапхриа гиббоса Л.), која во пчеларството е позната… Continue reading МУВИ, ГРАБЛИВИ
Архиви: Енциклопедија
Description.
МУВИ, ГРБАВИ
МУВИ, ГРБАВИ (Пхоридае) – мали двокрилни инсекти со карактеристично грбаво тело. Повеќето се слаби летачи. Некои се без крилја. Ларвите од бројни видови живеат во материи што се распаѓаат. Некои се предатори на пчели, оси или мравки, а некои се паразити на пчелини ларви. Поради тоа во пчеларството се сметаат за штетници. Познати пчелини штетници… Continue reading МУВИ, ГРБАВИ
МУВИ, ЛЕБДЕЧКИ
МУВИ, ЛЕБДЕЧКИ – ОСОЛИКИ МУВИ (Сѕрпхидае) – двокрилни инсекти што се карактеризираат со лебдечки лет. Имаат впечатлива боја слична со осите, по што го добиле и името осолики муви. ФаЛебдечка мува милијата опфаќа околу 6.000 вида. Од нив, во Македонија се познати 262 вида, од кои 6 се ендемични. Лебдечката мува Сцаева пѕрастри Л. е… Continue reading МУВИ, ЛЕБДЕЧКИ
МУВИ, МЕСАРКИ
МУВИ, МЕСАРКИ (Сарцопхагидае) – двокрилни инсекти што се вивипарни. Полагаат белузлави личинки на свежо или на застоено месо, кое лесно го пронаоѓаат по мирисот. Во Македонија се утврдени 16 вида, од кои најпозната е обичната мува месарка (Сарцопхага царнариа Л.). ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991; Владимир Крпац, Бранислава Михајлова, Биодиверситѕ оф… Continue reading МУВИ, МЕСАРКИ
МУВИ, ТАНЧАРКИ
МУВИ, ТАНЧАРКИ (Емпидидае) – мали двокрилни инсекти. Се карактеризираат по танцот во времето на роење кога машките единки ги даруваат жен-Мува танчарка ките со мали уловени инсекти како дозвола за парење. Живеат во близина на води, околу поточиња или поголеми водни површини. Во Македонија се регистрирани 63 вида од оваа фамилија, од кои 6 се… Continue reading МУВИ, ТАНЧАРКИ
МУВОМОРКА
МУВОМОРКА (Аманита мусцариа (Л.: Фр.) Хоок) – мошне отровен вид габа, честа во иглолисните шу-ми во Македонија. Лесно е препознатлива по интензивно црвената боја Мувоморки на шапката, покриена со бели крпички. М. К. „
МУГРИ
МУГРИ“ (Положај, прва половина на 1945) – весник, орган на Четиринаесеттата македонска младинска НО ударна бригада „Димитар Влахов“, на македонски јазик. Редактор бил Д. Глигоров. Зачуван е само бр. 2 (март 1945), со 22 страници на хектографска техника. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје,… Continue reading МУГРИ
МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ
МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ (Скопје, 1949) – општ музеј, основан по одделувањето од Народниот музеј. Посветен е на историјата на градот Скопје и неговата околина, од праисторијата до денешни дни. Како посебни оддели во него се застапени археологијата, етнологијата, историјата и историјата на уметноста. Основач бил Народниот одбор на Скопската околија, а денес работи под… Continue reading МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ
МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА
МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА – НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА. Комплекс на музеи. Најголема музејска институција во Р. Македонија. Наследник на Археолошки музеј, формиран во 1924 година. Во 1984 година е формиран комплексен музеј од некогашните Археолошки, Етнолошки и Историски музеј. Матична музејска установа која собира, чува проучува и презентира движно културно наследство од областа на археологија, етнологија, историја… Continue reading МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА
МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНАТА УМЕТНОСТ
МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНАТА УМЕТНОСТ – СКОПЈЕ – единствена специјализирана институција за современата уметност во РМ. Основан во 1964 г. како резултат на меѓународната акција Музејот на современата уметност Музејот на Град Скопје Изложба во Музејот на современата уметност по катастрофалниот земјотрес (1963) за подарување уметнички дела. Како врвна институција се занимава со собирање, чување и… Continue reading МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНАТА УМЕТНОСТ
МУЗЕЈСКИ ЗБИРКИ ВО МАКЕДОНИЈА
МУЗЕЈСКИ ЗБИРКИ ВО МАКЕДОНИЈА – музејски институции со ограничена дејност. Обично се однесуваат на еден вид предмети на наследството или на една тематика на одредена научна дисциплина со различен вид предмети. Постојат повеќе приватни или општествени музејски збирки. Во практиката тие се потенцијални музејски установи, доколку во нив се интензивира стручната и научната работа. Постојат… Continue reading МУЗЕЈСКИ ЗБИРКИ ВО МАКЕДОНИЈА
МУЗЕОЛОГИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА
МУЗЕОЛОГИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА – информациска наука што се занимава со комплексот на истражувањето, заштитата и презентацијата на материјалните и нематеријалните сведоштва на културата и на природата. Територијата на Македонија, со бројното културно и природно наследство, е особено погодна за музеолошка обработка. Ги има поминато речиси сите фази на музеологијата во светот. Присутни се фазите поврзани… Continue reading МУЗЕОЛОГИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА
МУЗИКА
„МУЗИКА“ – списание на Сојузот на композиторите на Македонија. Почна да излегува во 1997 г. Се издава на македонски и на англиски јазик. Обработува теми сврзани со минатото и со сегашноста на македонската музичка култура. Досега се објавени 18 броја, во кои се публикувани текстови за повеќе македонски автори од сите генерации, како и истражувачки… Continue reading МУЗИКА
МУЗИЧКА МЛАДИНА НА МАКЕДОНИЈА
МУЗИЧКА МЛАДИНА НА МАКЕДОНИЈА (МММ) – организација, која како основни принципи за дејствување ги има вградено статутарните одредби на Светската федерација на музичката младина (ФЈМ). МММ е формирана во Битола (1963) и оттогаш е член на ФЈМ (како дел од Музичката младина на поранешна Југославија), а од 1995 г. дејствува како самостојна организација, под името… Continue reading МУЗИЧКА МЛАДИНА НА МАКЕДОНИЈА
МУКАЕТОВ, Киро
МУКАЕТОВ, Киро (Кавадарци, 5. ⅩⅠⅠ 1923 – Скопје, 10. Ⅳ 2005) – новинар, припадник на првата повоена генерација. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1950). Учесник во НОБ од октомври 1942, апсен и интерниран. Од октомври 1944 г. го уредувал Билтенот на НОФ за Тиквешијата. Новинар во „Нова Македонија“ (1945/46), потоа цела деценија дописник на… Continue reading МУКАЕТОВ, Киро
МУЛА, Хусамедин
МУЛА, Хусамедин (Скопје, ? – ?, 1552) – османлиски поет. Бил професор на Исабеговата и на Исхакбеговата медреса во Скопје, а потоа и на познатата Хусревбегова медреса во Сараево. ЛИТ.: Херберт Дуда, Ускуб им 17. Јахрхундерт, Балканисцхе Студиен, Њиен, 1949. Др. Ѓ. Петар Муличкоски
МУЛИЧКОСКИ, Петар
МУЛИЧКОСКИ, Петар (Прилеп, 2. Ⅲ 1929) – архитект и урбанист. Редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирал на Техничкиот факултет во Љубљана (1957). Бил на специјализација за регионално просторно планирање на Универзитетот во Беркли, САД. Целиот работен век го поминал како професор на Архитектонскиот факултет во Скопје (Катедра за урбанизам). Се занимава со урбанистичко… Continue reading МУЛИЧКОСКИ, Петар
МУМИН, Вели
МУМИН, Вели (Скопје, 1980) – боксер. Потекнува од сиромашно седумчлено семејство. Ја завршил гимназијата „Цветан Димов“ (Отсек аранжер за внатрешен дизајн) во Скопје, а сега е студент на Факултет за безбедност. Со бокс се занимава од својата 14-та година како член на Боксерскиот клуб „Скопје“. За неговата боксерска кариера се заслужни тренерите Руждија Калач и… Continue reading МУМИН, Вели
МУРАД И
МУРАД И (Бруса, 1326 – Косово Поле, 28. Ⅵ 1389) – трети османлиски султан. Владеел во дел од Македонија 7 години (1382 – 28. Ⅵ 1389). Во негово време биле освоени: Серез, Кавала, Драма, Зихне, Аврет Хисар (Кукуш), Бер, Мелник, Струмица, Воден, Охрид, Костур, Серфиџе, Прилеп, Битола, Штип, др. Загинал во битката со српскиот кнез… Continue reading МУРАД И
МУРАД, Ферид
МУРАД, Ферид (Ваитинг, САД, 14. Ⅸ 1936) – фармаколог, редовен проф. на Унив. Тексас, Хјустон, академик. Неговиот татко е роден во Гостиварско, Македонија. Дипломирал на ДеПауњ универзитетот во Индијана, група биологија и хемија (1958), а во 1965 г. дипломирал истовремено клиничка и институтска медицина (ПхД) на Њестерн Ресерве универзитетот во Кливленд (САД). Од 1965 до… Continue reading МУРАД, Ферид
МУРАТИ, Мурат ќемал
МУРАТИ, Мурат ќемал (Мурат Љемал Мурати) (с. Тухин, Кичевско, 12. Ⅵ 1955) – лингвист, албанолог. Основно и средно образование завршил во Кичево, а дипломирал на Групата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Приштина, каде што и магистрирал и докторирал. Бил избран за надворешен соработник на Тетовскиот универзитет, како визитинг-професор по Дијалектологија и… Continue reading МУРАТИ, Мурат ќемал
МУРАТИ, Џеладин
МУРАТИ, Џеладин (с. Џепчиште, Тетовско, 15. Ⅱ 1942) – педагог, универзитетски професор. Завршил учителска школа во Скопје, педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1969), магистерски студии на Филозофскиот факултет во Белград (1978), а со докторат на педагошки науки се стекнал на Универзитетот во Приштина (1984). Работел како учител; бил директор на Заводот за унапредување на… Continue reading МУРАТИ, Џеладин
МУРАТОВСКА-НАУМОВСКА, Марија
МУРАТОВСКА-НАУМОВСКА, Марија (Скопје, 17.Ⅵ 1955) – соп-ран. Дипломирала пијано и солопеење и магистрирала во истата област на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Универзитетски професор, наставник по соло-пеење. Настапувала на концертниот подиум како певица со соло рецитали, во вокално-инструментални дела и на оперската сцена. Гостувала во САД, шведска, Германија, Италија. Ф. М. Глигор Муратовски
МУРАТОВСКИ, Глигор Серафимов
МУРАТОВСКИ, Глигор Серафимов (Галичник, 22. Ⅲ 1897 – Скопје, 17. Ⅶ 1976) – фтизиолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, основоположник на Институтот за градни болести. Еден од првите наставници на новоформираниот Мед. ф. во Скопје (1947), борец против туберкулозата во Македонија. Бил декан на Мед. ф. во Скопје во 3 мандати и еден… Continue reading МУРАТОВСКИ, Глигор Серафимов