МОЛЦИ, ВОДНИ (Трицхоптера) – крилести инсекти што живеат главно покрај вода. Имаат два пара мембранозни крилја покриени со хитински влакненца, по што во научната терминологија го добиле името (триџ, трицхос гр. = влакно и птерон = крило). Тие се слаби летачи и главно мируваат по околните грмушки и гранки. Оплодените женки полагаат јајца во водата… Continue reading МОЛЦИ, ВОДНИ
Архиви: Енциклопедија
Description.
МОМИРОВСКИ, Томе
МОМИРОВСКИ, Томе (Кичево, 4. Ⅳ 1927) – раскажувач, романсиер, есеист, критичар, преведувач. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил уредник на повеќе весници и списанија. Бил секретар за култура на Р. Македонија (министер), претседател на Културнопросветната заедница на Македонија, претседател на Македонскиот ПЕН-центар итн. БИБ.: Стреи и песоци, патописна проза, Ск., 1956; Чекори, раскази, Ск., 1957;… Continue reading МОМИРОВСКИ, Томе
МОМЧИЛ ВОЈВОДА
МОМЧИЛ ВОЈВОДА (почетокот на ⅩⅣ в. – крепоста Перитеорион, 7. Ⅶ 1345) – феудален витез и деспот, во епските песни вујко на Марко Крале. Бил независен владетел во Родопите, од каде што ја проширил својата територија на исток и на југ до Егејското Море. Соработувал и се судирал со соседните владетели и меѓу првите се… Continue reading МОМЧИЛ ВОЈВОДА
МОНАСТЕРЛИИ
МОНАСТЕРЛИИ (ⅩⅤⅠⅠ в.) – видно семејство преселено од Битола во Рац Ковин и потоа Коморан во Австрија. Петар Монастерли добил благородничка титула и грбовница (1665). Најистакнатиот член Јован, оберкнез, во битката кај Сланкамен (1691) раководел 10.000 војници „Рацка милиција“. Со патријархот Арсениј Ⅲ Јован во Виена се залагале за заштита на интересите на православните. Адам… Continue reading МОНАСТЕРЛИИ
МОНАСТИРЛИЈА
МОНАСТИРЛИЈА – еврејска колонија од доселеници од Битола во Ерусалим. Биле првите жители на населбата шама, на падините на брегот Цион. Основале „Здружение на иселеници од Монастир“ (1932), кое организирало културни, образовни и хуманитарни активности на Озер Далим за помош на сиромашните и вдовиците. На чело на здружението биле Хаим Нахмијас и Јицхак Александрони, како… Continue reading МОНАСТИРЛИЈА
МОНЕВ, Михаил
МОНЕВ, Михаил (Кратово, 4. Ⅺ 1881 – Горна Џумаја, 14. Ⅳ 1944) – учител, припадник на ВМРО. Завршил педагошко училиште во Скопје и бил учител во Беровско, Кумановско и во Кратово. Посетувал Духовна семинарија во Цариград. Бил делегат на Рилскиот и на ќустендилскиот конгрес. По Младотурската револуција студирал право на Универзитетот во Цариград. Во време… Continue reading МОНЕВ, Михаил
МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА НА РМ
МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА НА РМ – инструмент на економската политика во надлежност на централната банка, која преку контрола на понудата на пари влијае врз агрегатната побарувачка. Притоа, на кус рок, промените на паричната маса можат да имаат силно влијание врз агрегатната побарувачка и да предизвикаат значајни ефекти врз реалните варијабли (инвестициите, потрошувачката, производството, вработеноста). На долг… Continue reading МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА НА РМ
МОНЕТАРНИ АГРЕГАТИ ВО МАКЕДОНИЈА
МОНЕТАРНИ АГРЕГАТИ ВО МАКЕДОНИЈА – оперативна дефиниција на паричните средства со кои располагаат небанкарските субјекти во даден момент. Монетарните агрегати првпат се дефинираат во 1953 г., а потоа претрпуваат низа промени во согласност со реформите на стопанскиот систем. Непосредно по монетарното осамостојување НБРМ продолжи да ја применува методологијата за пресметка на монетарните агрегати наследена од… Continue reading МОНЕТАРНИ АГРЕГАТИ ВО МАКЕДОНИЈА
МОНЕТАРНИЦАТА ВО ДАМАСТИОН
МОНЕТАРНИЦАТА ВО ДАМАСТИОН. Местоположбата сè уште не $ е сигурно потврдена, но поради рудниците на сребро и бо-Монета на Дамастион (аверс/реверс) гатата продукција на пари и понатаму го привлекува вниманието на истражувачите. Таа егзистирала седумдесетина години (395 – ок. 320 г. пр.н.е.). Ковела сребрени пари (тетрадрахми и тетроболи), на чиишто аверси доминира претставувањето на богот… Continue reading МОНЕТАРНИЦАТА ВО ДАМАСТИОН
МОНЕТАРНИЦАТА ВО ЛИХНИД
МОНЕТАРНИЦАТА ВО ЛИХНИД. Со реформите во фискалната сфера, направени од кралот Филип В, по 188/7 г. пр.н.е. било дозволено повеќе градови и области да коват свои монети, но под контрола на кралот. Такво право добил и градот Лихнид (Лѕцхнидос). Овие бронзени монети со името на градот (ΛΥΧΝΙ− ΔΙΩΝ) биле ковани во периодот помеѓу 187 и… Continue reading МОНЕТАРНИЦАТА ВО ЛИХНИД
МОНЕТАРНИЦАТА ВО СТОБИ
МОНЕТАРНИЦАТА ВО СТОБИ. Благодарение на привилегираниот статус на муниципиум и на важната комуникациска и стопанска положба што ја поседувал во римскиот период, Стоби стекнал право да кове сопствени пари, со што станал прва и единствена римска монетарница на територијата на денешна Р. Македонија. Монетарницата, со повремени прекини во работата, била активна околу 150 години (73–217… Continue reading МОНЕТАРНИЦАТА ВО СТОБИ
МОНЕТАРНО ОСАМОСТОЈУВАЊЕ И ВОВЕДУВАЊЕ НА ДЕНАРОТ
МОНЕТАРНО ОСАМОСТОЈУВАЊЕ И ВОВЕДУВАЊЕ НА ДЕНАРОТ – процес на дефинирање на државниот суверенитет на РМ во областа на монетарните финансии, вклучувајќи и создавање на национална валута. За спроведување на монетарното осамостојување во текот на 1991 г. Владата формираше Комисија за монетарен систем во состав: Никола Кљусев – претседател на Владата, Методија Тошевски – министер за… Continue reading МОНЕТАРНО ОСАМОСТОЈУВАЊЕ И ВОВЕДУВАЊЕ НА ДЕНАРОТ
МОНЕТОКОВЕЊЕТО ВО РИМСКАТА ПРОВИНЦИЈА МАКЕДОНИЈА
МОНЕТОКОВЕЊЕТО ВО РИМСКАТА ПРОВИНЦИЈА МАКЕДОНИЈА. По поразот во битката кај Пидна во 168 г. пр.н.е. Македонија била претворена во римски протекторат. За да го разбијат военото и економското единство на Македонија Римјаните ја поделиле на четири области (мериди). Рудниците за злато и за сребро, од кои се добивал метал за ковење, биле затворени. Во 168–166… Continue reading МОНЕТОКОВЕЊЕТО ВО РИМСКАТА ПРОВИНЦИЈА МАКЕДОНИЈА
МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА ГРАДОВИТЕ ВО АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА
МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА ГРАДОВИТЕ ВО АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА. Во доцноархајскиот, во класичниот и во хеленистичкиот период повеќе македонски градови ковеле пари во свое име. Кон крајот на Ⅵ и почетокот на V в. пр.н.е., неколку од градовите на полуостровот Халкидики, повеќето од нив основани порано од грчки колонисти, почнале монетарни активности. Сребрени пари биле ковени од градовите… Continue reading МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА ГРАДОВИТЕ ВО АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА
МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКИТЕ КРАЛЕВИ
МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКИТЕ КРАЛЕВИ. Во периодот помеѓу Ⅴ и Ⅱ в. пр.н.е. кога се одвива монетоковењето на македонските кралеви, Александар И (498–454) е првиот македонски крал што кове пари со своето име, почнувајќи од 480/479 г. пр.н.е. Експанзионистичката политика на Александар И по завршувањето на Персиската доминација на Балканот, била причина за престанување на монетоковењето… Continue reading МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКИТЕ КРАЛЕВИ
МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА ПАЈОНСКИТЕ ВЛАДЕТЕЛИ
МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА ПАЈОНСКИТЕ ВЛАДЕТЕЛИ. Монетоковањето на пајонските кралеви се одвивало во периодот од крајот на Ⅴ до крајот на Ⅲ в. пр. н.е. Според досегашните истражувања се смета дека прв почнал да кове свои пари пајонскиот владетел Теутаос (ок. 430/425 – ок. 400 г. пр.н.е.). Познати според мал број монети, откриени во пајонскиот регион или… Continue reading МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА ПАЈОНСКИТЕ ВЛАДЕТЕЛИ
МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА ПАЈОНСКИТЕ ПЛЕМИЊА
МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА ПАЈОНСКИТЕ ПЛЕМИЊА. Просторот на Пајонците изобилувал со златоносни реки и богати рудници за сребро. Големото рудно богатство, а пред сè експлоатацијата на среброто (познатите Пангајски и Злетовско-кратовски рудници) создале благопријатни услови за појава на монетоковењето. Првите монетни продукции од пајонските племенски заедници биле направени веќе кон крајот на Ⅵ в. пр.н.е. од Дероните… Continue reading МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА ПАЈОНСКИТЕ ПЛЕМИЊА
МОНОПОЛ
МОНОПОЛ – пазарна структура, во која едно единствено претпријатие (продавач) ја креира вкупната понуда во економскиот сектор и има силно влијание врз висината на цената на доброто или услугата. Моќта на монополот да влијае врз висината на цената е дотолку поголема доколку за доброто или услугата на монополот не постои соодветна супституција – производ или… Continue reading МОНОПОЛ
МОНТАЛЕ, Еуџенио
МОНТАЛЕ, Еуџенио (Еугенио Монтале) (Џенова, 12. Ⅹ 1896 – Милано, 12. Ⅸ 1981). Заедно со Унгарети, претставува најизразита фигура на италијанскиот херметизам. Интензивно се занимавал со новинарство. Пишувал книжевна и музичка критика. Доживотно бил сенатор на Италија. Медитеранот во неговите песни е издигнат до симбол на хуманистичката цивилизација. Добил Златен венец на СВП во 1973… Continue reading МОНТАЛЕ, Еуџенио
МОНУМЕНТАЛНА УМЕТНОСТ
МОНУМЕНТАЛНА УМЕТНОСТ – дел од ликовната уметност што се однесува за феномените на просторот и облиците во него, како архитектонско-ликовни целини. Во овој контекст се издвојуваат меморијалните комплекси во Крушево (Споменикот на Илинден и НОВ, 1974 на Ј. Грабул и И. Грабул), Велес (Споменкостурницата на паднатите партизани, 1979/80 проект на С. Суботин и Љ. Денковиќ,… Continue reading МОНУМЕНТАЛНА УМЕТНОСТ
МОНЧЕВ, Борис В
МОНЧЕВ, Борис В. (Прилеп, 15. Ⅷ 1881 – Софија, 4. Ⅹ 1942) – припадник на ТМОРО. Завршил гимназија во Солун (1902), а право во Женева, швајцарија (1911). Бил учител во Машката егзархиска гимназија во Солун (1903–1905), член на ЦК на ТМОРО, учесник на Рилскиот конгрес (1905). Учествувал во Првата светска војна на Одринскиот фронт.
МОРАВСКА КИРИЛОМЕТОДИЕВСКА КНИЖЕВНА ШКОЛА
МОРАВСКА КИРИЛОМЕТОДИЕВСКА КНИЖЕВНА ШКОЛА. претставува најстара фаза од развојот на словенската писменост. Подразбира литерарна дејност на Константин-Кирил и Методиј и нивните ученици во времето на Моравската мисија (863885), во текот на која се поставени темелите на словенската писмена култура. Моравската школа воведува оригинално словенско писмо – глаголица, составено од Константин-Кирил, и прв словенски писмен јазик… Continue reading МОРАВСКА КИРИЛОМЕТОДИЕВСКА КНИЖЕВНА ШКОЛА
МОРАВСКА МИСИЈА
МОРАВСКА МИСИЈА . византиска мисија условена од сложени дипломатски, политички и црковни интереси. Великоморавскиот кнез Растислав сакал да се ослободи од влијанието на германсколатинското свештенство и од агресивните аспирации на младата германска држава, па побарал учител и епископ од Византија. Византискиот император Михаил Ⅲ во моравската покана гледал шанса да го наметне византиското културно влијание… Continue reading МОРАВСКА МИСИЈА
МОРАНИ, Азем
МОРАНИ, Азем (Моране, Скопско, 1923 – Скопје, 1947) – учител, балистички водач што со својата група продолжил да дејствува и по 1944–45. Бил меѓу водечките личности на НДШО, а во јуни 1946 г. избран и за член на ЦК. Учествувал во формирањето на широка мрежа илегални комитети по градовите и селата и вооружени банди за… Continue reading МОРАНИ, Азем