„МЛАДОСТ“ – лачна бетонска брана висока 27 м, лоцирана на реката Отовица, кај Велес, во круната долга 73 м, со волумен на тело3 то од 2.560 м , затвора акумулаци3 ја од 8 милиони м, што се користи за наводнување на околните земјоделски површини. Во средишниот дел е изведен слободен прелив за евакуација на големи… Continue reading МЛАДОСТ
Архиви: Енциклопедија
Description.
МЛАДОСТ , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО
„МЛАДОСТ“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО (Детроит, САД, мај 1976 >) – друштво на доселениците од Старо Село (Тетовско). Организира културни, спортски и други манифестации. Има сопствено земјиште, на кое се организираат масовни пикници и други активности. Сл. Н.-К.
МЛАДОТУРСКА РЕВОЛУЦИЈА
МЛАДОТУРСКА РЕВОЛУЦИЈА (1908) – воен државен преврат извршен од интелектуални, воени и буржоаски сили во османлиската држава (главно во Македонија, како акција за спречување на автономијата на оваа турска про-Манифестација во Битола по повод Младотурската револуција (1908) винција по средбата на суверените на Русија и Англија) за воспоставување уставен систем во земјата. Младотурците ја формирале… Continue reading МЛАДОТУРСКА РЕВОЛУЦИЈА
МНЛД
,МАКЕДОНСКО НАУЧНО-ЛИТЕРАТУРНО ДРУГАРСТВО ВО С.-ПЕТЕРБУРГ – најзначајната македонска национална и научно-културна асоцијација во периодот до Ослободувањето, што се зема и како историска основа на МАНУ. Основано на 28. Х 1902 г. во С.-Петербург од 19 потписници од сите краишта на Македонија (К. Мисирков, Д. Чуповски, Г. Константинович, Д. Мишајков, С. Дедов, М. Стоилов и др.).… Continue reading МНЛД
МНОГУНОГИ
МНОГУНОГИ – СТОНОГАЛКИ (Мѕриапода) – членконоги организми. Телото им е поделено на глава и труп, кој е составен од голем број сегменти. Од секој сегмент излегува по еден пар нозе што даваат изглед на илјаданожни животни (мѕриа гр. = илјада). Тие се исклучиво ноќни копнени животни. Во Македонија се среќаваат 72 таксона (71 вид и… Continue reading МНОГУНОГИ
МНОЗИНСКАТА ДЕМОКРАТИЈА ВО ДФМ/НРМ/СРМ/РМ
МНОЗИНСКАТА ДЕМОКРАТИЈА ВО ДФМ/НРМ/СРМ/РМ – облик на мнозинско одлучување. Мнозинското одлучување може да биде релативно (мнозинство гласови од предвидениот кворум), апсолутно (еден глас повеќе од половината избрани членови на органот) или квалификувано мнозинство на гласови од вкупниот број на избрани лица (на пр. 2/3, 3/5, 3/4). Владеењето на мнозинството е демократски облик на одлучување, бидејќи… Continue reading МНОЗИНСКАТА ДЕМОКРАТИЈА ВО ДФМ/НРМ/СРМ/РМ
МОБИМАК , АД
„МОБИМАК“, АД – прв и водечки телефонски мобилен оператор во Македонија, основан во октомври 1996 г. како дел од А.Д. „Македонски телекомуникации“, а како одделно правно лице опстојува од јуни 2001 г. „Мобимак“ А.Д. е една од најпрофитабилните компании во Македонија и во регионот, со покриеност на територијата од 95% и на населението со 99,9%.… Continue reading МОБИМАК , АД
МОГИЛА
МОГИЛА – село во Битолско. Се наоѓа во западниот дел на Битолско Поле, од десната страна на р. шемница, на надморска висина од околу 580 м. Преку магистралниот пат М–5 на југ е поврзано со Битола, а на север со Прилеп. Од западната страна на М. поминува железничката линија Прилеп– Битола. Тоа е населено со… Continue reading МОГИЛА
МОГИЛЧЕТО ДИМКО
МОГИЛЧЕТО ДИМКО – Сараванов-Могилчето, Димко Илиев.
МОДЕРНИЗАМ ВО АРХИТЕКТУРАТА
МОДЕРНИЗАМ ВО АРХИТЕКТУРАТА – еден од највлијателните стилски обрасци во архитектурата во Македонија во периодот меѓу двете светски војни (19191940), создаден под влијание на европскиот модернизам. Негови претставници биле од првите генерации школувани архитекти. Базиран е на определбите на функционализмот и конструктивизмот, кои вклучуваат и елементи од затворените европски стилски формации. Оваа стилска определба ќе… Continue reading МОДЕРНИЗАМ ВО АРХИТЕКТУРАТА
МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ИНДУСТРИЈАТА
МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ИНДУСТРИЈАТА – осовременување на индустријата како дејност (сектор) со клучно значење во економијата. Процесот на транзиција во РМ ја наметна потребата од нов развоен циклус, со кој ќе се заживее и ќе се реконструира индустријата. Оваа потреба се надоврза на нејзиното производно и сопственичко преструктурирање и се огледа во воведувањето нова техника и… Continue reading МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ИНДУСТРИЈАТА
МОДРИЧКИ МАНАСТИР
МОДРИЧКИ МАНАСТИР – в. „Св. Богородица“.
МОЗЕР, Јосип
МОЗЕР, Јосип (Осиек, Хрватска, 12. Ⅸ 1915 – Загреб, 20. Ⅺ 1997) – физичар, ред. проф. (1965) на ПМФ. Дипломирал (1937) математика и физика во Загреб. Докторирал (1962) на ПМФ со темата „Дифракција на светлината кај зонските мрежички“. Работел како средношколски професор во низа југословенски градови, а од 1950 г. бил на ПМФ во Скопје,… Continue reading МОЗЕР, Јосип
МОЈСЕЈ
МОЈСЕЈ (? – 976) – комитопул, вториот син на комитот Никола. По бунтот против бугарската и по отфрлањето на византиската власт (969–976), владеел заедно со своите тројца браќа во југозападна Македонија. Тетрархијата би-ла прекината во 976 г. (со смртта на најстариот Давид), кога Мојсеј, по веста за смртта на царот Јован Цимиски, организирал напад на… Continue reading МОЈСЕЈ
МОЈСОВ, Лазар
МОЈСОВ, Лазар (Неготино, 19. ⅩⅠⅠ 1920) – политичар, историчар, дипломат и публицист. Дипломирал на Правниот факултет во Белград. Во март 1945 г. бил назначен за народен обвинител во Судот на националната чест на ДФМ. Бил јавен обвинител на ДФМ (1949–1951), претседател на Врховниот суд на НРМ (1953 –1955), вонреден и ополномоштен амбасадор на ФНРЈ во… Continue reading МОЈСОВ, Лазар
МОЈСОВСКИ, Ангел
МОЈСОВСКИ, Ангел (Ораовец, Велешко, 15. Ⅴ 1923 – Скопје, 17. Ⅲ 2001) – генерал, активен воен старешина во единиците на Македонската војска во времето на НОБ и по ослободувањето, народен херој. Учесник во сите демонстративни акции пред војната. Член на СКОЈ и учесник во подготовките за кревање на оруженото востание (1941). Во 1942 г. бил… Continue reading МОЈСОВСКИ, Ангел
МОКЛИШКИ МАНАСТИР
МОКЛИШКИ МАНАСТИР – в. „Св. Никола“ Стеван Мокрањац
МОКРАЊАЦ, Стеван
МОКРАЊАЦ, Стеван (Неготин, Србија, 9. И 1856 – Скопје, 29. Ⅸ 1914) – композитор и хорски диригент. Музика учи во Минхен, Рим и во Лајпциг. Доаѓајќи на чело на Белградското пејачко друштво, развива мошне плодна и разновидна дејност. Под негово раководство Друштвото достигнува високо уметничко ниво на бројните концерти во Србија и на турнеите во… Continue reading МОКРАЊАЦ, Стеван
МОКРОВ, Боро
МОКРОВ, Боро (Велес, 13. ⅩⅠⅠ 1917 – Скопје, 30. Ⅳ 2005) – правник, припадник на комунистичкото и на студентското движење, политички работник и публицист, прв доктор по новинарство во Македонија. Активист на СКОЈ и член на КПЈ (од 1939). Поради пројавените активности во КП и СКОЈ бил испратен во логорот Меѓуречје – Ивањица (Србија). По… Continue reading МОКРОВ, Боро
МОЛЕКУЛАРНА БИОЛОГИЈА
МОЛЕКУЛАРНА БИОЛОГИЈА – научна дисциплина што ја изучува живата материја на молекуларно ниво. Посветена е пред сè на разбирањето на разните системи во клетката и нивната меѓусебна поврзаност. Нејзиниот подем во ⅩⅩ в. изврши револуционерни промени во биолошките истражувања и најде огромна примена во медицината, фармацијата, агрономијата и во други области. Првите научни истражувања од… Continue reading МОЛЕКУЛАРНА БИОЛОГИЈА
МОЛЕРОВ, Димитар
МОЛЕРОВ, Димитар (Банско, 1874 – Софија, 1961) – поет, драм-ски писател, фолклорист, филолог, публицист, културолог и револуционер. По завршувањето на основното училиште продолжил во Солунската гимназија. Студиите по словенска фолологија и литература ги започнува на Софискиот универзитет. Како добар студент и фолклорист, добива понуда за специјализација во Виена, но останува и учителствува во повеќе градови.… Continue reading МОЛЕРОВ, Димитар
МОЛЕРОВ, Костадин
МОЛЕРОВ, Костадин (Кочо) (Банско, 18. Ⅺ 1876 – Софија, 24. Ⅹ 1957) – собирач на македонско народно творештво, поет и револуционер. Се школува во Серез и Солун, а учителствува во Лом и во Банско. Развива револуционерна дејност, особено по формирањето на Револуционерниот комитет во Банско (1897). Го организира пренесувањето на оружјето за Серскиот револуционерен округ… Continue reading МОЛЕРОВ, Костадин
МОЛЕРОВ, Симеон В
МОЛЕРОВ, Симеон В. (Банско, Разлошко, 15. Ⅱ 1875 – Банско, 7. Ⅴ 1923) – учесник во Илинденското востание, радовишки околиски војСимеон Молеров вода. Завршил ветеринарно училиште во Софија. Учествувал во Мелничкото востание (1895) и во запленувањето на мис Елен Стоун (1901). Во текот на 1902 г. бил кочански војвода. Во Илинденското востание учествувал во Востаничкиот… Continue reading МОЛЕРОВ, Симеон В
МОЛЦИ
МОЛЦИ (Тинеидае) – ситни, слабо воочливи пеперуги. Познати се како големи штетници. Нивните гасеници имаат устен апарат за грицкање; нагризуваат лишаи, органски остатоци во птичји гнезда, дрво, крзна, ткаенини од волна и сл. Во Македонија има 44 вида, од кои 6 се ендемични. Познати се житниот молец (Немапогон гра-Молец неллус Л.) и крзне(Унидентифиед анимал) ниот… Continue reading МОЛЦИ