МАРКИЌ, Зденко Ловров (Загреб, 4. Ⅷ 1942) – ветеринар, редовен проф. на Ф. вет. мед. во Скопје. Докторирал на Вет. ф. во Загреб. Има објавено 35 научни и стручни трудови. Во СФРЈ прв ја изолирал бактеријата Ѕерсиниа ентероцолитица кај свињите. Автор е и коавтор на 3 книги од областа на здравствената заштита кај свињите. М.… Continue reading МАРКИЌ, Зденко Ловров
Архиви: Енциклопедија
Description.
МАРКО
МАРКО – крал во Македонија (1371–1395), син на Волкашин, ктитор на фрескоживописот во манастирските цркви „Св. Архангели“ во Варош (Прилеп) и „Св. Димитрија“ (Марков манастир) во с. Сушица (Скопско). Портретите на кралот Марко се насликани во 1371 г. на западната фасада на црквата „Св. Архангели“, а во 1376–1377 г. (на двапати) во црквата „Св. Димитрија“.… Continue reading МАРКО
МАРКО
МАРКО (Ⅸ – Ⅹ в.) – деволски епископ (прва пол. на Ⅹ в.). Бил ученик на св. Климент, потоа и на св. Наум. Ја продолжил нивната работа во организирањето на Охридската книжевна школа. По негова наредба еден анонимен ученик на св. Наум го создал „Првото Наумово словенско житие“, во кое житиеписецот го нарекол епископот Марко… Continue reading МАРКО
МАРКО
МАРКО КРАЛЕ (познат во народното творештво како: Крале Марко, Крали Марко, Марко Кралевити, Кралевиќ Марко, а во историските извори како: „младиот крал Марко“, „благоверен Крал Марко“) (Прилеп, ок. 1346 – Ровине, кај Крајова, Влашко, 17. Ⅴ 1395) – последниот крал на Македонија (1371–1395), најстариот син-наследник на кралот Волкашин. Како 16-годишен во 1361 г. бил пратен… Continue reading МАРКО
МАРКО
МАРКО ЛЕРИНСКИ –в. Иванов Георги.
МАРКО – крал во Македонија
МАРКО – крал во Македонија (1371–1395), син на Волкашин, ктитор на фрескоживописот во манастирските цркви „Св. Архангели“ во Варош (Прилеп) и „Св. Димитрија“ (Марков манастир) во с. Сушица (Скопско). Портретите на кралот Марко се насликани во 1371 г. на западната фасада на црквата „Св. Архангели“, а во 1376–1377 г. (на двапати) во црквата „Св. Димитрија“.… Continue reading МАРКО – крал во Македонија
МАРКО КРАЛЕ
МАРКО КРАЛЕ (познат во народното творештво како: Крале Марко, Крали Марко, Марко Кралевити, Кралевиќ Марко, а во историските извори како: „младиот крал Марко“, „благоверен Крал Марко“) (Прилеп, ок. 1346 – Ровине, кај Крајова, Влашко, 17. Ⅴ 1395) – последниот крал на Македонија (1371–1395), најстариот син-наследник на кралот Волкашин. Како 16-годишен во 1361 г. бил пратен… Continue reading МАРКО КРАЛЕ
МАРКО ЛЕРИНСКИ
МАРКО ЛЕРИНСКИ –в. Иванов Георги.
МАРКОВ МАНАСТИР
МАРКОВ МАНАСТИР – в. „Св. Димитрија“
МАРКОВ, Борис
МАРКОВ, Борис (с. Отуње, Тетовско, 1923) – славист, унив. професор на Филозофскиот/Филолошкиот факултет во Скопје по граматика и историја на рускиот јазик. Долгогодишен шеф на Катедрата за славистика и декан на Борис Марков Филолошкиот факултет (1983– 1985). Во 1960 г. ја одбранил докторската дисертација „Продуктивни именски наставки во македонскиот јазик“. Автор е на околу 200… Continue reading МАРКОВ, Борис
МАРКОВ, Веле
МАРКОВ, Веле (Велко) (с. Селце, Крушевско, 12. Ⅱ 1870 – с. Ракитница, Крушевско, 23. Ⅳ 1902) – револуционер, социјалист, крушевски војвода. Отишол на печалба во Бугарија (1892). Во Софија се зближил со Васил Главинов и ја основале Македонската социјалистичка група (1895). По враќањето во Македонија бил еден од основачите на социјалдемократскиот кружок во Крушево (1900)… Continue reading МАРКОВ, Веле
МАРКОВА РЕКА
МАРКОВА РЕКА – десна притока на р. Вардар. Изворот $ се наоѓа под врвот Убава на планината Караџица, на височина од 1400 м, додека во р. Вардар се влива во Скопската Котлина, помеѓу селата Горно и Долно Лисиче, на височина од 231 м. Долга е 29 км, има вкупен пад од 1.169 м и просечен… Continue reading МАРКОВА РЕКА
МАРКОВИ КУЛИ
МАРКОВИ КУЛИ (Варош) – некропола на градот Прилеп лоцирана на југоисточната страна на истоименото возвишение. Со систематските ископувања што во повеќе наврати ги водел Б. Ба-биќ, се ископани 218 христијански гробови. Некои од нив се слободни закопувања во земјата, а други се вдлабени во карпите и имаат трапезовидна основа или основа со алвеола кај главите… Continue reading МАРКОВИ КУЛИ
МАРКОВИЌ, Дарко
МАРКОВИЌ, Дарко (Дар-Мар) (Скопје, 18. ⅩⅠⅠ 1940) – карикатурист и филмски работник, со исклучителен придонес во осовременувањето и трансформацијата на карикатурата и нејзината афирмација во странство. Тој е еден од најзначајните автори на анимираниот филм. Има пресудна заслуга за формирањето на Светската галерија на карикатури во Скопје. Самостојно се претставил во МАНУ и во МСУ… Continue reading МАРКОВИЌ, Дарко
МАРКОВСКИ (КАРАДАК), Иван
МАРКОВСКИ (КАРАДАК), Иван (Охрид, 16. Ⅶ 1946) – сатиричар, автор на радиоемисии, ТВ Иван Марковски (Карадак) серии и театарски (кабаретски) претстави. Вработен во Радио Скопје од 1978 г. Станува уредник во Редакцијата за хумор и сатира. Автор е на хумористичната емисија „Хикирику“ што се емитува на програмата над 25 години. За телевизијата ги работел сериите:… Continue reading МАРКОВСКИ (КАРАДАК), Иван
МАРКОВСКИ, Венко
МАРКОВСКИ, Венко (Скопје, 5. Ⅲ 1915 – Софија, 7. И 1988) – поет, драмски автор, преведувач, општественик, дводомен македонски и бугарски автор, емигрант, политзатворник, партизан, учесник во НОБ (1941–1944), афирматор и одречувач на македонската национална самобитност и јазик, трагична илустрација на недорастолкуван автор со огромен книжевен опус и несфатливи противречности во индивидуалната судбина, пример на… Continue reading МАРКОВСКИ, Венко
МАРКОВСКИ, Нешо
МАРКОВСКИ, Нешо (Тетово, 20. Ⅶ 1927 – Скопје, 17. Ⅹ 1985) – новинар и општественик. Во новинарството од 1948 г., кога го уредувал в. „шар“ во Тетово. Кон средината на педесеттите години соработник па уредник на Внатрешно-политичката рубрика на „Нова Македонија“. Во периодот 1957/58 г. еден од основачите и уредниците на седмичникот „Вечер“, издание на… Continue reading МАРКОВСКИ, Нешо
МАРКУ, Марк
МАРКУ, Марк (Ѓаковица, Косово, 21. Ⅸ 1927 – Скопје, 19. Ⅵ 1984) – актер, еден од основоположниците на Театарот на народностите, во кој работи од 1950 г. Остварил повеќе извонредни сценски ликови, кои влегуваат во историјата на врвните достигнувања на Албанската драма. Улоги: Хоџа („Пахинтика во есен“); Вуле („Измама“); Веслач („Бовча“); Маркуциј („Нита“); Жевакин („Женидба“);… Continue reading МАРКУ, Марк
МАРКУС, Александар
МАРКУС, Александар (Саша) (Скопје, 20. Ⅵ 1926 – Скопје, 8. Ⅸ 1988) – режисер и преведувач. Александар (Саша) Маркус Дипломирал на Високата филм-ска школа во Белград (1951), а потоа работел во „Вардар филм“ (1953–1955). Станал режисер и уметнички раководител на Театарот на народностите во Скопје (1955–1957). Од 1957 г. работи како слободен уметник. Како актер… Continue reading МАРКУС, Александар
МАРНЕТ
МАРНЕТ – македонска академска и истражувачка мрежа основана во 1994 г. во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, поддржана од Министерството за наука на РМ. Повеќето од факултетите се поврзани со сопствена оптичка мрежа, на која, преку изнајмени линии, е поврзан и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола. Во натамошниот развој се планира поврзување… Continue reading МАРНЕТ
МАРТИН, СМРДЛИВ
МАРТИН, СМРДЛИВ (Пентатома руфипес Л.) – полутврдокрилен копнен инсект. Дрвеница што се одликува со типични петчлени пипала и долга сурличка. Живее по дрвјата, оштетувајќи ги лисјата. Презимува скриена по куќите. Поседува силен одбранбен меха-Инсектот низам – испушта „Смрдлив Мартин“ мирис кој предизвикува гадење. Во Македонија се среќаваат и други видови дрвеници како: капинова дрвеница (Долѕцорис… Continue reading МАРТИН, СМРДЛИВ
МАРТИНОВ, Спасе
МАРТИНОВ, Спасе (Битола, 23. ВЏ 1872 – Софија, 30. Џ¶¶ 1937) – учител, член на ЦК на ТМОРО. Завршил словенска филологија во Софија. Бил учител во Солун и на др. места. Член на ЦК на ТМОРО (1901–1902). Присуствувал на Солунскиот конгрес на ТМОРО (1903). Пред Илинденското востание бил затворен. По востанието бил во Задграничното претставништво… Continue reading МАРТИНОВ, Спасе
МАРТИНОВСКИ, Трајан
МАРТИНОВСКИ, Трајан (с. Нерези, Струшко, 10. Ⅱ 1951 – Охрид, 4. Ⅴ 1999) – поет, есеист, публицист, талкач низ животот и низ Европа. Завршил Филолошки факултет во Скопје и работел како новинар во „Студентски збор“ во Скопје и како метач на париските гробишта. БИБ.: „Премолчано време“, поезија, 1982; „Дулбија“, поезија, 1988; „Христовиот син“, поезија, 1994;… Continue reading МАРТИНОВСКИ, Трајан
МАРТИНОВСКИ, Цветко
МАРТИНОВСКИ, Цветко (с. Селце, Струшко, 25. Ⅲ 1930 – Скопје, 27. Ⅳ 1995) – раскажувач, критичар, новинар, издавач, редактор на „Современост“, преведувач од руски и од српски јазик, боем. Завршил гимназија во Скопје. Работел како новинар во Радио-Скопје, во „Нова Македонија“, „Трудбеник“, „Просвета“ и „Вечер“. Го преведувал Достоевски на македонски јазик. БИБ.: „Луњинци“, раскази, 1955;… Continue reading МАРТИНОВСКИ, Цветко