ЛАНГАР

ЛАНГАР (? – ок. 335 пр.н.е.) – крал на пајонското племе Агријани. Бил современик на македонскиот крал Филип Ⅱ и во пријателски односи со Александар Ⅲ Македонски. Кога Македонското Кралство презело поход против Трибалите (335 пр.н.е.), навлегол во земјата на Автаријатите и со тоа го спречил нивниот напад на војската на Александар Ⅲ Македонски, за… Continue reading ЛАНГАР

ЛАНТ, Хорас Греј

ЛАНТ, Хорас Греј (Хораце Г. Лунт) (Колорадо Спрингс, САД, 12. IX 1918) – член на МАНУ надвор од работниот состав, лингвист на полето на славистиката и професор емеритус на Универзитетот во Харвард, САД. Ученик на познатиот лингвист Роман Јакобсон. Докторирал на животот и делото на Борис Андреевич Пилњак. Негов главен интерес е стсл. (црсл.), протословенскиот… Continue reading ЛАНТ, Хорас Греј

ЛАПЕ, Љубен

ЛАПЕ, Љубен ( Прилеп, 11. Ⅹ 1910 – Скопје, 24. XI 1985) – историчар, унив. професор, член на МАНУ. Се школувал во Прилеп и во Белград, каде што ги завршил студиите по историја. Бил професор по историја во Подгоричката гимназија. По капитулацијата на Југославија (ИВ 1941) се вратил во Македонија (Прилеп). За време на бугарската… Continue reading ЛАПЕ, Љубен

ЛАПРДИ

ЛАПРДИ -. календарски обичај поврзан со празникот Велики поклади (Прочка). Во Зборникот на браќата Миладиновци се вели: „На поклади вечерта децата играет околу црков со лапрди. Лапрди сет др’гови не толку д’лги, на врхот разцепени, и в цепот накладено сено сврзано. Ⅴ сеното клавает јаглен, и вртет лапрдата на десно на лево, дури да се… Continue reading ЛАПРДИ

ЛАСТОВИЦИ

ЛАСТОВИЦИ (Хирундинидае) – фамилија мали птици од редот на врап£евидните птици (Пассериформес), распространети главно во тропските предели. Кај нас се среќаваат 5 вида: скалеста ластовица Црвенокрсна ластовичка ЛАСТОВИЦИ

ЛАСТОВИЦИ

ЛАСТОВИЦИ (Хирундинидае) – фамилија мали птици од редот на врап£евидните птици (Пассериформес), распространети главно во тропските предели. Кај нас се среќаваат 5 вида: скалеста ластовица Црвенокрсна ластовичка ЛАСТОВИЦИ

ЛАСТОВИЦИ, БЛАТНИ

ЛАСТОВИЦИ, БЛАТНИ (Глареолидае) – краткоклунести, мали водни птици од редот на бекасиновидните птици (Цхарадрииформес), од кои во Македонија се среќава еден вид – блатната ластовица (Глареола пратинцола). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус. Цамбридге, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф тхе Бирдс оф тхе Њестерн… Continue reading ЛАСТОВИЦИ, БЛАТНИ

ЛАСТОВИЦИ, НОќНИ

ЛАСТОВИЦИ, НОќНИ (Цапримулгидае) – фамилија ноќни птици од редот козодои (Цапримулгиформес), кои се хранат во лет, а се гнездат на земја. Кај нас се среќава еден вид: ноќна ластовица или козодој (Цапримулгус еуропаеус). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф… Continue reading ЛАСТОВИЦИ, НОќНИ

ЛАТИНСКО ЦАРСТВО

ЛАТИНСКО ЦАРСТВО (1204– 1261) – држава основана во 1204 г. од крстоносците од Четвртиот крстоносен поход, по ликвидирањето на Византија, со престолнина во Цариград. За прв цар бил избран грофот Балдуин Фландриски (1204–1205/6), а за цариградски патријарх бил поставен венецијанецот Томазо Морозини. Царството ги зафаќало Тракија, северозападниот дел на Мала Азија, поголемиот дел на МакедонијаContinue reading ЛАТИНСКО ЦАРСТВО

ЛАХТОВ, Васил

ЛАХТОВ, Васил (Радовиш, 15. Х 1914 – Охрид, 15. Ⅰ 1964) – археолог. Дипломирал на Катедрата за историја на уметноста на Филозофскиот факлутет во Скопје (1955), а докторирал на Филозофскиот факултет во Љубљана (1962) во областа на праисториската археологија. Истражувач на Охрид и Охридско. Врши ископувања на повеќе локалитети: некрополите Требениште, ТребеВасил Лахтов нишко КалеContinue reading ЛАХТОВ, Васил

ЛАХТОВА, Ката

ЛАХТОВА, Ката (Радовиш, 30. Ⅷ 1924 – Скопје, 24. Ⅱ 1995) – општественик и политичар. Студирала на Земјоделско-шумарскиот факултет. Била заднински активист на НОБ, политички комесар на чета (септември 1944) и на баталјон во Четвртата македонска НО бригада. По Ослободувањето била директор на Музејот на Револуцијата на НРМ (1951–1952), претседател на АФЖ на Македонија (1952–1964),… Continue reading ЛАХТОВА, Ката

ЛЕБАЈА

ЛЕБАЈА – стар град во Горна Македонија. Првпат се спомнува кај Херодот, како престолнина на некој крал, а во врска со преданието за потеклото на македонската кралска династија на Аргеадите. Се наведува дека токму во овој град извесно време престојувале тројцата браќа Гаван, Аероп и Пердика. ИЗВ.: Херодоти, Хисториа, Оџонии, 1927. К. М.-Р.

ЛЕБАРКИ

ЛЕБАРКИ (Блаттоидеа) – инсекти правокрилци. Телото им е сплескано и овално со тенки и долги пипала. Достигнуваат големина од неколку милиметри до неколку сантиметри. Имаат долги нозе со четинки. На задниот дел од телото имаат еден пар израстоци (церци). Усниот апарат им е приспособен за гризење. Некои видови се приспособени за живот во човечки домови,… Continue reading ЛЕБАРКИ

ЛЕБЕДИ

ЛЕБЕДИ (Цѕгнус) – род крупни птици од потфамилијата гуски и лебеди (Ансеринае), од кои кај нас се среќаваат 2 вида: црвеноклун или нем лебед (Цѕгнус олор) и жолтоклун или лебед пеја£ (Цѕгнус цѕгнус). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф… Continue reading ЛЕБЕДИ

ЛЕВИ, Салватор Ардинов

ЛЕВИ, Салватор Ардинов (Битола, 28. Ⅴ 1919 – Скопје, 26. Ⅶ 1963) – радиолог, вонреден проф. на Мед. ф. во Скопје. Медицина запишал во Софија, а дипломирал во Белград (1947). Специјализирал во Загреб (1953). Организирал и опремил РДГ-одделенија во Битола и Прилеп. Од 1955 е асистент во РДГ-институт, а потоа доцент. Супспецијализира дијагностика на ГИТ… Continue reading ЛЕВИ, Салватор Ардинов

ЛЕКАРСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ЛЕКАРСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА -. професионално здружение на лекарите од Македонија. Ги заштитува и ги унапредува стручноста, етичките должности и правата на лекарите и се грижи за угледот на лекарската професија. Има јавни овластувања: води регистар на лекарите и издава, продолжува, обновува и одзема лиценци за работа. Формирана е на 15. Ⅻ 1929 г. како… Continue reading ЛЕКАРСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ЛЕКИЌ-ШПАНАЦ, Данило

ЛЕКИЌ-ШПАНАЦ, Данило (с. Крале, Андриевица, 23. Ⅵ 1913 – ?, 1986) – генерал-полковник. Како студент по филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје и Данило Лекиќ -шпанац член на КПЈ (1935), бил еден од лидерите на комунистичкото движење во градот, другарувал и соработувал со Кочо Рацин. Наскоро по дипломирањето (1936) заминал како доброволец на Републиканската армија… Continue reading ЛЕКИЌ-ШПАНАЦ, Данило

ЛЕКОВСКИ, Александар

ЛЕКОВСКИ, Александар (Ниш, 11. Ⅻ 1933) – диригент и композитор. Во 1959 г. дипломирал диригирање на Музичката академија во Белград (проф. Ж. Здравковиќ), каде што и магистрирал (1967). Бил на специјализација во Италија. Од 1960 работи како диригент во Операта и Балетот на МНТ. Две години (1975–1977) бил на должноста директор на оваа институција. Во… Continue reading ЛЕКОВСКИ, Александар

ЛЕКСИКОГРАФИЈА КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ

ЛЕКСИКОГРАФИЈА КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ. Иако официјално кодифицирана во слободната земја (1945), македонската наука за јазикот не е без традиција во областа на лексикографијата. Уште во ⅩⅤⅠ в. е направен еден речник на костурски говор, а во 1802 г. во Венеција е напечатен и „Четиријазичникот” на Даниил (македонски, грчки, влашки, албански). Македонски речнички материјал оставија Константин Петкович… Continue reading ЛЕКСИКОГРАФИЈА КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ

ЛЕОВ, Јордан

ЛЕОВ, Јордан (Велес, 29. Ⅷ 1920 – Скопје, 20. IX 1998) – раскажувач, романсиер, правник. Го завршува Правниот факултет во Белград. Член е на ДПМ од 1952 г. Неговите литературни интересирања датираат од пред Втората светска војна, но со првите свои творби се јавува по војната во списанието „Нов ден”. Вниманието на македонската критичка мисла… Continue reading ЛЕОВ, Јордан

ЛЕОН

ЛЕОН (Леон) (крајот на Ⅳ и првата половина на Ⅲ в. пр.н.е.) – пајонски крал (280/279-250 г. пр. н.е.), најверојатно втор син на пајонскиот крал Авдолеон. На престолот дошол непосредно по навлегувањето и пустошењето од Га-лите (280/279 г. пр.н.е.). Тој успеал да ја консолидира и да ја возобнови опустошената земја. Неговото име се среќава на… Continue reading ЛЕОН

ЛЕПЕНЕЦ

ЛЕПЕНЕЦ – притока на р. Вардар. Извира од планината Жар, во Косово, на височина од 1.860 м, а се влева кај населбата Злокуќани во Скопје, на височина од 253 м. Од изворот до Качаничката Клисура тече во правец запад-исток, а потоа свртува во правец југ-југоисток. Долга е 75 км, има вкупен пад од 1.603 м… Continue reading ЛЕПЕНЕЦ

ЛЕПЕШКАРИ

ЛЕПЕШКАРИ (Геотропинае) – тврдокрилни инсекти. Се среќаваат на свежи измети од говеда и на разни мрши. Бројна, но слабо проучена фамилија во Македонија. Најпознати претставниОбичен лепешкар ци се: обичен лепешкар (Геотрупес стерцорариус Л.), мајски бумбар (Мелолонтха мелолонтха Л.) и носорожец (Орѕцтес насицорнис Л.), кој е заштитен вид. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје,… Continue reading ЛЕПЕШКАРИ

ЛЕРИН

ЛЕРИН (Флорина) – град во Егејскиот дел на Македонија, Грција, со 15.100 ж. (2002 г.). Се наоѓа на западната страна на Леринско Поле (јужниот крај на Пелагонија), во подножјето на планината Бигла, на надморска висина од околу 700 м. Од македонско-грчката граница е оддалечен 17 км, а со Солун е поврзан со железничка линија и… Continue reading ЛЕРИН