ЛАЗАРИЦИ .- обредна игра изведувана на Лазарева сабота. Учесниците се главно Роми: една постара жена и две дечиња (машко и женско). Одејќи од куќа на куќа, децата пеат: „Играј, играј, Лазарке, / гола, боса Циганке, / оваа куќа богата / има доста дукати…” Песните се пеат за да измолат плодност, среќа и напредок во семејството.… Continue reading ЛАЗАРИЦИ
Архиви: Енциклопедија
Description.
ЛАЗАРОВ, Александар Глигоров
ЛАЗАРОВ, Александар Глигоров (Кавадарци, 27. Ⅰ 1920 – Скопје, 10. Ⅰ 1990) – гинеколог-акушер, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Учесник во НОБ. Мед. ф. завршил во Белград (1948), а специјализирал гинекологија и акушерство (1953) во Белград и Скопје. Се усовршувал во повеќе Александар Лазаров центри, особено во Германија. Основоположник е на оперативната гинекологија… Continue reading ЛАЗАРОВ, Александар Глигоров
ЛАЗАРОВ, Диме
ЛАЗАРОВ, Диме (Кавадарци, 1918 – Скопје, 30. Ⅳ 2001) – геод. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1967 до пензионирањето во 1983 г.) по предметите од областа на геодезијата. Дипломирал на Техничкиот факултет во Загреб, каде што и докторирал (1964). Бил на студиски престои во Цирих, Лозана и Москва. На Факултетот работел… Continue reading ЛАЗАРОВ, Диме
ЛАЗАРОВ, Лазар
ЛАЗАРОВ, Лазар (с. Зрновци, Кочанско, 2. Ⅱ 1945) – редовен професор на ФОН во Скопје. Основно училиште завршил во родното село, гимназија во Кочани и дипломирал на Филозофскиот факултет – Група историја во Скопје (1966-1970). Извесно време бил професор во гимн. „Г. Димитров”, работел во РСВР – Скопје и потоа во ИНИ во Одделението за… Continue reading ЛАЗАРОВ, Лазар
ЛАЗАРОВ, Љупчо
ЛАЗАРОВ, Љупчо (Скопје, 24. Ⅰ 1949) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1995) по предметите од областа на техничката механика и јакоста на материјалите. Со Фулбрајтова стипендија престојувал во САД (1978/79), а докторирал во 1985 г. во Скопје. Раководел со научноистражувачки проекти. Објавил повеќе трудови во земјата и во странство.… Continue reading ЛАЗАРОВ, Љупчо
ЛАЗАРОВ, Михајло
ЛАЗАРОВ, Михајло (Скопје, 1932) – керамичар. Дипломирал на АПУ во Белград. Работел како професор по керамика во УПУ во Скопје. Излагал самостојно и групно во Скопје и во странство. Работи уникатна и скулпторска керамика со префинето чувство за пластичност, поврзувајќи ја традицијата со декоративното и ликовното. Создава биоформи и топчести облици со минерални и растителни… Continue reading ЛАЗАРОВ, Михајло
ЛАЗАРОВ, Ристо
ЛАЗАРОВ, Ристо (Штип, 3. Ⅹ 1949) – поет, критичар, преведувач, директор на скопската телевизиска куќа „Телма”. Завршува Филолошки факултет во Скопје. Работи како долгогодишен новинар во низа редакции. Своевремено прв човек на агенцијата ТАНЈУГ. Член на Македонскиот ПЕН центар, а од 1972 г. член и на ДПМ. ДЕЛ: стихозбирки: Ноќна птица во паркот (1972), Јана… Continue reading ЛАЗАРОВ, Ристо
ЛАЗАРОВ, Стојан
ЛАЗАРОВ, Стојан (Штип, 1913 – Скопје, 1983) – агроекономист. Основно училиште завршил во Штип, гимназија во Крагуевац, а дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Земун, Србија (1940). Во наставниот процес на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје е вклучен од 1950 г. (сметководство во земјоделството, статистика, трошоци и калкулации). Избран за доцент (1958), за вонреден (1960) и за… Continue reading ЛАЗАРОВ, Стојан
ЛАЗАРОВ, Тодор
ЛАЗАРОВ, Тодор (Штип, 1869 – Софија, 29. IX 1912) – револуционер, член на ТМОРО. Завршил Ⅵ клас гимназија во Солун. Станал првиот член на РК на МРО во Штип. Бил учесник на Солунскиот конгрес (1903) на ТМОРО. Повторно бил уапсен и спроведен во османлискиот затвор во Дамаск (1905). По Младотурската револуција бил амнестиран. Тешко разболен,… Continue reading ЛАЗАРОВ, Тодор
ЛАЗАРОВА, Вања
ЛАЗАРОВА, Вања (с. Страцин, Кумановско, 27. Ⅳ 1930) – интерпретаторка на народни песни. Во текот на својот живот извесно време работела во Операта при МНТ, а била член и на Државниот ансамбл за народни игри и песни „Танец”. Испеала над стотина изворни македонски народни песни и речиси сите се снимени во Продукцијата на МРТ („Гукни… Continue reading ЛАЗАРОВА, Вања
ЛАЗАРОПОЛЕ
ЛАЗАРОПОЛЕ – село во мијачкиот крај. Се наоѓа на југозападните падини на планината Бистра, на надморска висина од околу 1.300 м. Со Дебар, по долината на Мала Река е поврзано со локален асфалтен пат. Во минатото Л. било големо село. Населението се занимавало со номадско сточарење. Во 1953 г. во него живееле 962 ж., но… Continue reading ЛАЗАРОПОЛЕ
ЛАЗАРОПОЛСКА РЕКА
ЛАЗАРОПОЛСКА РЕКА – десна притока на Гарска Река. Извира од јужните падини на планината Бистра, на височина од 1.663 м, а се влева на височина од 715 м. Долга е 8,4 км, има вкупен пад од 948 м и просечен пад од 112,9 ‰. Сливот зафаќа површина од 12,1 км , а средногодишниот протек 3… Continue reading ЛАЗАРОПОЛСКА РЕКА
ЛАЗАЧКИ
ЛАЗАЧКИ (Ситтидае) – фамилија ситни птици од подредот на птиците пејачки (Осцинес). Во Европа се распространети вкупно четири вида, од кои во Македонија се среќаваат три: обична или шумска лазачка (Ситта еуроапеа), лазачка камењарка (Ситта неѕмаѕер) и карполазачка (Тицходрома мурариа). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12,… Continue reading ЛАЗАЧКИ
ЛАЗЕСКИ, Борко
ЛАЗЕСКИ, Борко (Прилеп, 22. Ⅹ 1917 – Скопје, 16. Ⅵ 1993) – сликар и педагог, со пресудна улога за осовременувањето на фреско-сликарството и воопшто за процутот на монументалната уметност. Учествувал во НОБ. По дипломирањето на Државната ликовна академија во Софија (1943), специјализирал фреско, мозаик и витраж во Париз. Учествувал во формирањето на ДЛУМ, Уметничката галерија… Continue reading ЛАЗЕСКИ, Борко
ЛАЗОВ, Петар Ристов
ЛАЗОВ, Петар Ристов (Кавадарци, 25. Ⅵ 1946) – математичар, ред. проф. (1989) на ЕТФ. Дипломирал (1969) на ЕТФ во Белград, каде што магистрирал (1975) и докторирал (1977) со темата Полиномни решенија на алгебарски диференцијални равенки и нивна примена при факторизација на полиномни диференцијални оператори. Публикувал трудови главно од областа на диференцијалните равенки. Н. Ц.
ЛАИЈАИ
ЛАИЈАИ (Лаиаиои) – пајонско племе, првпат спомнато од Тукидид во делото Историја, во врска со походот на тракискиот крал Си-талк (429 пр.н.е.). Живееле јужно од пајонското племе Агријани, во горниот тек на реката Стримон (Струма). Ковеле свои монети. Нивните октодрахми имале просечна тежина од 32 грама, со претстава на брадест маж што управува кола влечена… Continue reading ЛАИЈАИ
ЛАИНОВИЌ, Андрија
ЛАИНОВИЌ, Андрија (Грахово, Црна Гора, 1903–1986) – историчар, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Дипломирал историја, компаративна книжевност и француски јазик на Филозофскиот факултет во Белград (1927), докторирал на Сорбона (1956). Предавал историја на народите и народностите на Југославија (нов век) на Филозофскиот факултет во Скопје (1959– 1975) и во Приштина (1963– 1975). Објавил… Continue reading ЛАИНОВИЌ, Андрија
ЛАКИНСКА, Благородна Ѓоргиева
ЛАКИНСКА, Благородна Ѓоргиева (с. Бохула, Кавадаречко, 9. Ⅷ 1946 – Скопје, 9. Ⅴ 2006) – педагог, универзитетски професор. Завршила Учителска школа и Педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1970). Магистрирала при Центарот за информациски науки на Универзитетот во Загреб (1981), а со докторат на педагошките науки се здобила на Филозофскиот факултет во Скопје (1989). Од… Continue reading ЛАКИНСКА, Благородна Ѓоргиева
ЛАЛА, Димитрие
ЛАЛА, Димитрие (Битола, 1843 – Атина, 1912) – капелмајстор, виолинист и музички деец. Уште од најрана возраст пројавил музичка надареност. По завршувањето на Грчката гимназија, и покрај противењето на таткото, Л. заминува за Германија на музичко школување во Лајпциг и во Дрезден. По пристигнувањето во Бајројт, соработува со композиторот Рихард Вагнер на првиот Бајројтски фестивал… Continue reading ЛАЛА, Димитрие
ЛАЛЕ, МАРИАНИНО
ЛАЛЕ, МАРИАНИНО . (Тулипа марианае Линдтн.) – локален македонски флористички стеноендемит од фамилијата Лилиацеае (кринови). Се развива само во околината на селото Криволак (Орлово Брдо). Вл. М.
ЛАЛЕ, ШАРПЛАНИНСКО
ЛАЛЕ, ШАРПЛАНИНСКО .(Тулипа сцардица Борнм.) – локален македонски флористички ендемит од фамилијата Лилиацеае (кринови), познат за планината Жеден и околината на селото Радуша. Вл. М. Радомир Лаловиќ
ЛАЛОВИЌ, Радомир
ЛАЛОВИЌ, Радомир (Скопје, 22. Ⅱ 1933) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1960). Се занимава со проектирање разновидни објекти – станбени и општествени: ОУ „Моша Пијаде” во Кочани (1968); Комплексот банки во Скопје (1970, со О. Папеш); Домот на културата „Марко Цепенков” во Прилеп (1971); Стоковната куќа „Југохром” во Р.… Continue reading ЛАЛОВИЌ, Радомир
ЛАМАНСКИ, Владимир Иванович
ЛАМАНСКИ, Владимир Иванович (С.-Петербург, Русија, 26. Ⅵ/8. Ⅶ 1833 – Петроград, 19. XI/2. Ⅻ 1914) – унив. проф. и академик, руски славист – филолог, историчар, етнограф и општественик. Го завршил Историскофилолошкиот факултет на Петербуршкиот универзитет (1850– 1854) и работел во Публичната библиотека и во Архивот на Министерството за надвор. работи. По магистрирањето (1860) патувал по… Continue reading ЛАМАНСКИ, Владимир Иванович
ЛАМИСКА ВОЈНА
ЛАМИСКА ВОЈНА (323/2 пр.н.е.) – востание на хеленските полиси предводени од Атина против хегемонијата на Македонското Кралство. Избувнало веднаш по веста за смртта на Александар Ⅲ Македонски. Атињаните ги повикале другите Хелени на борба за осамостојување, при што им се приклучиле полиси од Централна Хелада, Тесалија и Пелопонез. По почетните успеси во битката кај Ламија… Continue reading ЛАМИСКА ВОЈНА