КУРШУМЛИ-АН (Скопје, Стара чаршија, 1549) – споменик на културата. Изграден од Муслихудин Абдул Гани ел Мадини, завештан кон Дуќанџик џамијата, подигната од истиот ктитор. Името Куршумли го добил во ⅩⅠⅩ в. по оловниот покрив (тур. курþун – олово). Има површина од 2.800 м² со 60 простории сместени на два ката. Анот се состои од два… Continue reading КУРШУМЛИ-АН
Архиви: Енциклопедија
Description.
КУСОКРИЛЦИ
КУСОКРИЛЦИ (Стапхѕлинидае) – тврдокрилни инсекти со долг абдомен и со куси покровни крилја (елѕтрае). Се хранат со најразличен вид храна; се среќаваат во габи, гнилежи, на мовови, мрши и сл. Во светот се познати преку 20.000 видови, а во Ма-Кусокрилци кедонија се познати само некои видови кусокрилци што живеат во моликови шуми. ЛИТ.: Јонче шапкарев,… Continue reading КУСОКРИЛЦИ
КУТМИЧЕВИЦА
КУТМИЧЕВИЦА – област каде што, според Пространото жи-тие на св. Климент (гл. 17) св. Климент ја започнал во Македонија (886) својата просветителска дејност, а кога бил ракоположен за прв слов. еп. (893) на негово место дошол св. Наум. Називот К. е познат само од ова место на грч. житие од Теофилакт (напишано врз основа на… Continue reading КУТМИЧЕВИЦА
КУТРИГУРИ
КУТРИГУРИ – хунобугарски племиња на територијата меѓу Долен Днепар и Дунав ( Ⅵ в.). Предводени од Забреган, поминале преку р. Дунав и навлегле во Тракија кон Цариград, минале низ Македонија до Грција (558/ 559). Поразени, склучиле мир со Византија и се повлекле. По поразот од Утигурите, Аварите лесно ги покориле (562). ЛИТ.: В. Златарски, Известието… Continue reading КУТРИГУРИ
КУТУРЕЦ, Томо
КУТУРЕЦ, Томо (Крушево, 1906 – Скопје, 14. Ⅻ 1979) – комунистички деец, политичар и дипломат. Бил член на КПЈ (1935) и секретар на Поверенството на КПЈ и МК на КПЈ во Крушево. Како еден од организаторите на НОБ во Крушевско и Дебарско, бил избран за делегат на Второто заседание на АВНОЈ и учесник на Првото… Continue reading КУТУРЕЦ, Томо
КУФОЈАНАКИС, Михајло
КУФОЈАНАКИС, Михајло (Скопје, 20. Ⅲ 1958) – виолинист. Дипломирал на ФМУ во Скопје (З. Димитровски, 1981). Постдипломски студии завршил на Државниот конзерваториум „П. И. Чајковски” во Москва (Д. Циганов, 1983). Од 1986 г. е професор на ФМУ во Скопје. Водач на Квартет „Гајдов” (1989–1995). Солистички концертирал во РМ и во повеќе европски земји. Сн. Ч.-Ан.… Continue reading КУФОЈАНАКИС, Михајло
КУХАЧ, Фрањо Ксавер
КУХАЧ, Фрањо Ксавер (Осиек, 20. XI 1834 – Загреб, 18. Ⅵ 1911) – фолклорист, етномузиколог и композитор, истражувач на јужнословенската народна музика. Како собирач на народно творештво, забележал и мелографирал околу 4.000 народни песни, од кои околу 2.000 и се објавени, а околу 700 се останати во ракопис. Вршел компаративни анализи на хрватските народни песни… Continue reading КУХАЧ, Фрањо Ксавер
КУЧЕВИШКИ МАНАСТИР
КУЧИЊА, СЛЕПИ
КУЧИЊА, СЛЕПИ (Спалацинае) – потфамилија од фамилијата глувци, стаорци, полјанки и слепи кучиња (Муридае) специјализирани за живот под земја. Кај нас е присутен еден вид, слепо куче (Нанноспалаџ леуцодон). Слепо куче Г. Амори, Њ. Богдановицз, Б. Крѕстуфек, П. Ј. Х. Реијндерс, Ф. Спитзенбергер, М. Стуббе, Ј. Б. М. Тхиссен, В. Вохралик, Ј. Зима, Тхе Атлас… Continue reading КУЧИЊА, СЛЕПИ
КУШЕВСКИ, Воислав
КУШЕВСКИ, Воислав (с. Тработивиште, Делчевско, 28. Ⅶ 1921 – Скопје, 3. Ⅰ 1999) – историчар, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Завршил учителска школа во Скопје (1941) и едногодишен курс за предавачи по ис-Воислев Кушевски торија и по географија (1946). Бил инспектор по историја за средните училишта (1949– 1959), директор во средни училишта и… Continue reading КУШЕВСКИ, Воислав
Л
Л.) – воден членконог организам. Живее во мирни истечни или во плитки неистечни води, во издупчени карпести крајбрежја. Телото му е долго до 16 цм. Има јаки клешти на првиот пар нозе и две послаби на друРечен рак гите два пара нозе. Се храни со ситни организми и детритус. Во Охридското и Дојранското Езеро и… Continue reading Л
ЛАБИНО ОХРИД
ЛАБИНО – ОХРИД . средновековна некропола на градот Охрид сместена на запад од Плаошник, откриена случајно при пошумувањето (1955-1956). Локацијата (подалеку од црквените објекти), како и наодите (сите се од бронза), упатуваат на заклучок дека овде биле погребувани средноимотни граѓани на Охрид во XI-ⅩⅠⅠⅠ в. ЛИТ.: В. Лахтов, Раносредновековен накит во средновековната збирка на Народниот… Continue reading ЛАБИНО ОХРИД
ЛАВ ОХРИДСКИ
ЛАВ ОХРИДСКИ . (Пафлагонија, Мала Азија, XI в. – Охрид, 1056) – охридски архиепископ (ок. 1037–1056) и книжевен деец. По Јоана Дебарски, тој бил прв охридски архиепископ од немакедонско потекло – Византиец. Го обновил соборниот храм „Св. Софија”, разурнат во 1018 г од Византијците при освојувањето на Охрид. Со полемичките дела против Латините и енцикликите… Continue reading ЛАВ ОХРИДСКИ
ЛАВОР
ЛАВОР .(Лаурус нобилис Л., фам. Лаурацеае) – медитеранско мало зимзелено дрво. Листовите се кожести, издолжено-елипсовидни, темнозелени, богати со етерски мас-ла и се користат како зачин. Пло-Л дот е црномодра бобинка со една семка. Во античко време се сметало за свето дрво на Аполон, симбол на мудроста и на славата. Кај нас може да се одгледува… Continue reading ЛАВОР
ЛАВРОВ, Петар Алексеевич
ЛАВРОВ, Петар Алексеевич (Јарослав, Русија, 6/18. IX 1856 – Ленинград/СПб., 24. XI 1929) – руски славист, кирило-методиевист, палеограф и историчар на старата словенска писменост и литература. Го завршил Историско-филолошкиот факултет на Московскиот универзитет (1879). Кандидатска дисертација одбранил за српските народни песни од косовскиот циклус, магистерска за црногорскиот поет П. П. Његош и неговото литературно дело… Continue reading ЛАВРОВ, Петар Алексеевич
ЛАГАДИНОВ-ПЕТАР, Костадин
ЛАГАДИНОВ-ПЕТАР, Костадин (Разлог, 11. Ⅳ 1913) – учесник во НОД во Пиринскиот дел на Македонија, генерал-мајор. Во судски процес (1933) осуден на Лавор 12,5 години затвор, но емигрирал причинÎ популярности Македонво СССР (1934). Под псевдонимот Петар Стефанов Врзанов-Македончето, завршил високи воени школи. Се вратил во Бугарија (11. Ⅷ 1941) и бил партизан во Разлошко (од… Continue reading ЛАГАДИНОВ-ПЕТАР, Костадин
ЛАГАДИНОВА-АМАЗОНКА, Елена
ЛАГАДИНОВА-АМАЗОНКА, Елена (Разлог, 9. Ⅴ 1930) – најмладата партизанка во Пиринскиот дел на Македонија, доктор по земјоделски науки. Била борец (заедно со таткото и двајцата браќа) во Разлошкиот партизански одред „Никола Парапунов” ( Ⅵ 1944). По војната завршила Земјоделски факултет во Москва и се посветила на научната работа од областа на агрономијата. Автор е на… Continue reading ЛАГАДИНОВА-АМАЗОНКА, Елена
ЛАГИДИ
ЛАГИДИ (Птолемаиди) – египетска династија од македонско потекло (323 г. пр.н.е. – 30 г. пр. н.е.). Ја основал Птолемај Ⅰ Сотер (323–283), син на Лаг, по кого и династијата го добила името. Второто име го добила по основачот, Птолемај И, кој ја избрал Александрија за своја престолнина. Династијата дала преку дваесет владетели на Египет: Птолемај… Continue reading ЛАГИДИ
ЛАДИНСКА, Василка
ЛАДИНСКА, Василка (Куманово, 2. Х 1928) – архитект. Дипломирала на Архитектонскиот факултет при Техничката велика школа во Белград (1954). Проектирала и реализирала станбени, општествени и здравствени објекти. Учествувала на повеќе анонимни архитектонски конкурси. Се занимава и со публицистика, објавила повеќе статии во стручни списанија. Позначајни реализации: станбен блок на ул. „Македонија” во Скопје (1962); станбен… Continue reading ЛАДИНСКА, Василка
ЛАЗАР ПОП ТРАЈКОВ , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО
„ЛАЗАР ПОП ТРАЈКОВ“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО (Медисон, Илиноис, САД, 1906 – ?) – друштво на Македонци доселеници по потекло од с. Д’мбени (Костурско), Егејскиот дел на Македонија. Друштвото организационо се проширило во Хајмонд (Индијана), со свое одделно седиште, а потоа и во Канада. Сл. Н.-К. Адам Лазаревиќ ЛАЗАРЕВИЌ, Адам (с. Жабари, Србија, 1900 – Белград, 1970)… Continue reading ЛАЗАР ПОП ТРАЈКОВ , ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО
ЛАЗАРЕВИЌ, Марија
ЛАЗАРЕВИЌ, Марија (Скопје, 1935) – редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Скопје (1959), а докторирала на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (1974), каде што работи од 1960 г. (доцент од 1972, редовен професор од 1982 г.). Декан на Факултетот. Пензионирана во 1999 г. Подрачја: орган-ска хемија, синтеза и карактеризирање на… Continue reading ЛАЗАРЕВИЌ, Марија
ЛАЗАРЕВСКА, Благородна Сотирова
ЛАЗАРЕВСКА, Благородна Сотирова (Прилеп, 17. Ⅰ 1932) – спец. по болести на устата и забите, редовен проф. на Ст. ф. Хабилитирала во 1974 г. Се усовршувала во Москва, Одеса, Ленинград, Бел-град. Иницијатор за стручна публикација на стоматолозите во Македонија. Публикувала 136 статии. Учествувала и раководела научни проекти. Продекан и декан на Ст. ф. и раководител… Continue reading ЛАЗАРЕВСКА, Благородна Сотирова
ЛАЗАРЕВСКИ, Никола
ЛАЗАРЕВСКИ, Никола (Скопје, 29. Ⅲ 1931 – Скопје, 4. Ⅻ 2002) – филмски сценограф. Од 1953 г. работел во „Вардар филм”, првин како асистент, а потоа како сценограф, архитект, организатор на филм и директор на филм. За македонската кинематографија има реализирано повеќе десетици филмови, меѓу кои се и 23 играни, каде што работел во својство… Continue reading ЛАЗАРЕВСКИ, Никола
ЛАЗАРЕВСКИ, Слободан Крумев
ЛАЗАРЕВСКИ, Слободан Крумев (с. Орланци, Кичево, 1. IX 1939) – спец. по максилофацијална хирургија и проф. на Ст. ф. во Скопје. Хабилитирал во 1980 г. Бил продекан на Ст. ф. и директор на Клиниката за максилофацијална хирургија. Автор е на 50 научно-стручни трудови. Коавтор на „Тумори во максилофацијалната Слободан Лазаревски регија” и „Амбулантски стоматохируршки интервенции”.… Continue reading ЛАЗАРЕВСКИ, Слободан Крумев