КОМПИР (Соланум туберосум) – едногодишно растение од фам. Соланацеае. Потекнува од Јужна Америка. Во Европа е пренесен во ⅩⅤⅠ в., а кај нас на крајот од ⅩⅤⅠⅠⅠ. Во светот се одгледува на околу 18.500.000 ха, кај нас на 14.000 ха, со вкупно производство од 190.000 т. Се одгледува заради клубените, кои се одликуваат со висока… Continue reading КОМПИР
Архиви: Енциклопедија
Description.
КОМПИРОВА ЗЛАТКА
КОМПИРОВА ЗЛАТКА (Лепти ПробиШтип 3 78 31 нотарса децемлинеата Саѕ.) – тврдо- Тетово 3 85 44 крилен инсект со жолти покрил ци и десет надолжни црни линии. Извор: Државен зав од за статистика н а Република Македониј а и ЕЛС. Живее по листовите, најчесто на компирот, по што го добил името. По Втората свет ска… Continue reading КОМПИРОВА ЗЛАТКА
КОН-ПОПОВСКА, Маргита Владиславова
КОН-ПОПОВСКА, Маргита Владиславова (Битола, 23. XI 1948) – информатичар, ред. проф. (1998) на ПМФ. Дипломирала (1972) на Отсекот за техничка математика при ПМФ во Љубљана, магистрирала (1975) на Економскиот факултет во Љубљана, каде што и докторирала (1992) со темата „Енопараметарско звезно линеарно програмиранје, теоретични ин алгоритемски пристоп”. Главна научна преокупација $ е параметарското линеарно програмирање.… Continue reading КОН-ПОПОВСКА, Маргита Владиславова
КОНАК ХАВЗИ-ПАшА
КОНАК ХАВЗИ-ПАшА – с. Бардовци, крај Скопје. Изграден е на чифликот на Хавзи-паша во периодот помеѓу 1830–1845 г. Комплексот го сочинуваат три делови со згради и дворишта оградени со ѕидови од камен, засилени со осум одбранбени кули. Во средишниот двор се наоѓа селамлукот во кој престојувал пашата со машкиот дел од семејството. На источната страна… Continue reading КОНАК ХАВЗИ-ПАшА
КОНДАКОВ, Никодим Павлович
КОНДАКОВ, Никодим Павлович (Халањ, Курска губернија, Русија, 1. (13) XI 1844 – Прага, Чешка, 17. Ⅱ 1925) – руски академик, основач на новата руска археоло-Никодим Павлович Кондаков гија, мошне пројавен иследувач на древните европски уметности и иноватор на иконографскиот метод. Еден од поистакнатите руски научници-македонозналци. Ја предводи научната експедиција на Руската императорска академија на науките… Continue reading КОНДАКОВ, Никодим Павлович
КОНДАРКО, Благој
КОНДАРКО, Благој (Крушево, 25. Ⅹ 1918 – Скопје 7. XI 1997) – истакнат учител и педагог. Завршил учителска школа (1937) и студии по педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1961). Припаѓал на напредното учителско движење пред Ослободувањето. Учесник во НОБ, носител на „Партизанска споменица 1941”. Извршувал разни должности во просветата. Во 1948 г. е наставник… Continue reading КОНДАРКО, Благој
КОНДЕВ, Тодор
КОНДЕВ, Тодор (Кратово, 20. Ⅲ 1903 – Скопје, 10. Ⅹ 1978) – географ. Основно образование добил во родното место, гимназија завршил во Штип и во Кратово, а дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, Група географија (1926). Како професор по географија работел во повеќе градови во Србија и во Македонија: Куршумлија, Прокупле, Суботица, Нови Сад, Белград,… Continue reading КОНДЕВ, Тодор
КОНДОВА-ЗАФИРОВСКА, Тодорка
КОНДОВА-ЗАФИРОВСКА, Тодорка (Прилеп, 1. Ⅱ 1926 – Скопје, 29. Ⅴ 2003) – актерка и режисерка. Завршила Театарска академија во Белград, на Отсекот за режија (1952). Член на Драмата во МНТ (1945–1964) и во Драмскиот театар од 1964 г. до пензионирањето. Нејзиниот творечки опус е обемен, раскошен според карактерот и димензиите и се вбројува во редот… Continue reading КОНДОВА-ЗАФИРОВСКА, Тодорка
КОНДОВСКИ, Димитар
КОНДОВСКИ, Димитар (Прилеп, 30. IX 1927 – Скопје, 8. Ⅷ 1993) – сликар, сценограф, дизајнер, доп. член на МАНУ, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Има особено значење за развитокот на македонското современо сликарство во шеесеттите години. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград (1952). Излагал самостојно во Скопје, Загреб, Рим, Њујорк.… Continue reading КОНДОВСКИ, Димитар
КОНДОВСКИ, Насе
КОНДОВСКИ, Насе (с. Изглибе, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, Грција, 23. IX 1946) – унив. професор, гимнастичар. Завршил Факултет за физичка култура во Сараево (1979). Магистрирал (1984) и докторирал (1988) на Факултетот за физичка култура во Загреб. Во спортската гимнастика е апсолутен првак на Македонија (1964–1970). На Првенството на Југославија во Лесковац (1966) освоил прво… Continue reading КОНДОВСКИ, Насе
КОНЕСКА, Смилја
КОНЕСКА, Смилја (Прилеп, 8. Ⅰ 1931) – физичар, ред. проф. (1986) на ПМФ. Дипломирала (1954) на Филозофскиот факултет на Групата за физика. Магистрирала на ПМФ во Загреб од областа на нуклеарната физика. Докторирала (1979) на ПМФ со „Термодилатациона студија на легури на антимон и цинк”. Специјализирала во Трст и во Копенхаген. Го вовела предметот Нуклеарна… Continue reading КОНЕСКА, Смилја
КОНЕСКИ, Блаже
КОНЕСКИ, Блаже (с. Небрегово, Прилепско, 19. Ⅻ 1921 – Скопје, 7. Ⅻ 1993) – филолог, поет, универзитетски професор. Најистакната фигура на македонистиката во периодот по Ослободувањето на Македонија. Член на Комисијата за кодификација на македонскиот литературен јазик и нејзин најистакнат претставник (составувач на најголем дел од првиот Македонски правопис, 1945, и на проширеното издание Македонски… Continue reading КОНЕСКИ, Блаже
КОНЕСКИ, Кирил
КОНЕСКИ, Кирил (Прилеп, 19. Ⅰ 1929) – лингвист, универзитетски професор. По дипломирањето работи во ИМЈ „Крсте Мисирков” на проектот Правопис на македонскиот литературен јазик со правописен речник (1. Ⅶ 1957 – 31. Ⅰ 1969). Потоа е професор по современ македонски јазик на Педагошката академија „Климент Охридски” во Скопје, а подоцна на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”.… Continue reading КОНЕСКИ, Кирил
КОНКУРЕНТНОСТ
КОНКУРЕНТНОСТ – способност на фирмите, на одделни економски сектори или на економијата во целина успешно да настапуваат на странските пазари. Испитувањата и мерењата на конкурентската способност на македонската економија што ги земаат предвид различните детерминанти на конкурентната способност на економиите покажуваат незадоволителни резултати. Тие можат да се сумираат на следниов начин: (1) македонската економија покажува… Continue reading КОНКУРЕНТНОСТ
КОНСЕНЗУАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА ВО СРМ/РМ
КОНСЕНЗУАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА ВО СРМ/РМ -. (лат. цонсенсус – согласност), одлучување врз основа на усогласени ставови меѓу два или повеќе колективитета во поделените и плуралните општества. Овој систем на одлучување започна да се применува во СРМ од 1971 г. при постапката за измена на Уставот на СФРЈ и при донесувањето на самоуправните спогодби и општествените договори.… Continue reading КОНСЕНЗУАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА ВО СРМ/РМ
КОНСТАНТИН
КОНСТАНТИН – син Ѓургичев, внук шагманов, нов ктитор на манастирот Зрзе (Прилепско), на крајот на ⅩⅣ – првите децении на ⅩⅤ в. ЛИТ.: З. Расолкоска-Николовска, Историјатот на манастирот Зрзе низ натписите и записите од ⅩⅣ–ⅩⅠⅩ в., „Зборник на Археолошкиот музеј”, ИВ-В, Скопје, 1966, 77–93. З. Р. – Н. Споменик на царот Константи Ⅰ Велики
КОНСТАНТИН Ⅰ Велики
КОНСТАНТИН Ⅰ Велики (ок. 285 – 337) – римски император (306–337), прв римски христијански цар. Го издал Миланскиот едикт за рамноправност на религиите (313), го свикал и го раководел Првиот црковен вселенски собор во Никеја за утврдување на „Символот на верата” (325). По победата над зетот Лициниј (заедно владееле од 312 г.), и Истокот дошол… Continue reading КОНСТАНТИН Ⅰ Велики
КОНСТАНТИН Ⅰ Велики
КОНСТАНТИН Ⅰ Велики (ок. 285 – 337) – римски император (306–337), прв римски христијански цар. Го издал Миланскиот едикт за рамноправност на религиите (313), го свикал и го раководел Првиот црковен вселенски собор во Никеја за утврдување на „Символот на верата” (325). По победата над зетот Лициниј (заедно владееле од 312 г.), и Истокот дошол… Continue reading КОНСТАНТИН Ⅰ Велики
КОНСТАНТИН БРЕГАЛНИЧКИ (ПРЕСЛАВСКИ)
КОНСТАНТИН БРЕГАЛНИЧКИ (ПРЕСЛАВСКИ) (IX-Ⅹ в.) – ученик на светите браќа Кирил и Методиј, втор словенски епископ (по св. Климент Охридски). Напишал повеќе црковни дела, меѓу кои најпознато му е „Поучното евангелие”. Клучен етичко-филозофски поим во овој текст е милосрдието како основа на христијанската религија. Меѓу луѓето ќе се развијат вистински етички односи ако знаат што… Continue reading КОНСТАНТИН БРЕГАЛНИЧКИ (ПРЕСЛАВСКИ)
КОНСТАНТИН-КИРИЛ ФИЛОСОФ
КОНСТАНТИН-КИРИЛ ФИЛОСОФ (Солун, 827 – Рим, 14. Ⅱ 869) – словенски просветител. За животот и дејноста на К.-К.Ф. има голем број извори на лат., слов. и др. јазици. Најбогат со податоци и најсигурен од нив е Опширното житие (ЖК) со изводи и од негови оригинални дела, напишано од брат му Методиј и Климент Охридски (меѓу… Continue reading КОНСТАНТИН-КИРИЛ ФИЛОСОФ
КОНСТАНТИНОВ, Душан Христов
КОНСТАНТИНОВ, Душан Христов (Крагуевац, Србија, 17. Ⅴ 1924 – Битола, 20. Ⅰ 2002) – етнолог и историчар, издавач на весници и одделни публикации, еден од основачите на Друштвото за наука и уметност во Битола, полиглот (со познавање на над 20 јазици) и со две дисертации одбранети на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје (на… Continue reading КОНСТАНТИНОВ, Душан Христов
КОНСТАНТИНОВ, Јанко
КОНСТАНТИНОВ, Јанко (Битола, 18. Ⅰ 1926) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград (1952). Развил богата проектантска дејност и учествувал на анонимни архитектонски конкурси. Како проектант работел во шведска и во САД. Во 1964 г. во Скопје е ангажиран во изработката на планот на централното градско подрачје. Од 1966 г. до пензионирањето (1991) работел… Continue reading КОНСТАНТИНОВ, Јанко
КОНСТАНТИНОВ, Љупчо
КОНСТАНТИНОВ, Љупчо (Охрид, 11. Ⅻ 1946) – композитор и аранжер. Неговите први творечки обиди датираат од крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите годни на ⅩⅩ в. Се истакнува и како аранжер на голем број хитови („Само ти”, Калиопи; „Бела птица”, Д. Поповски; „Љубовта е сказна заборавена”, М. Антевска, „Те барам”, Б. Велетанлиќ и др.).… Continue reading КОНСТАНТИНОВ, Љупчо
КОНСТАНТИНОВ, Милош Христов
КОНСТАНТИНОВ, Милош Христов (Ресен, 26. Ⅲ 1926 – Скопје, 7. Ⅵ 1993) – етнолог, историчар и публицист, долгогодишен директор на градските архиви на Битола и на Скопје, универзитетски професор. Основно училиште и гимназија завршил во Битола (1937-1946). Бил учесник во НОАВМ и на служба во ЈНА (1944-1947). Го издавал бригадниот весник „Зрак” (1944) и објавувал… Continue reading КОНСТАНТИНОВ, Милош Христов