КОЛАРОВСКИ, Гоце

КОЛАРОВСКИ, Гоце (Скопје, 5. Ⅰ 1959 – Скопје, 30. XI 2006) – композитор, диригент, педагог, научник, општествен деец. Во своето творештво (оркестарско, камерно, солистичко) ја спојува македонската музичка традиција (фолклор, духовна музика) со современите композиторски техники. Ав-тор на музиколошки студии по прашањата на современата музика и музичкото образование. Редовен професор (1999– 2005 – декан) на… Continue reading КОЛАРОВСКИ, Гоце

КОЛЕВ, Благоја

КОЛЕВ, Благоја (Св. Николе, 2. Ⅱ 1930) – архитект и урбанист. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1955). Докторирал во Белград (1981). Како проектант работел во Заводот за урбанизам на СРМ и во Заводот за урбанизам и архитектура на Град Скопје. Редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Неговото творештво од областа… Continue reading КОЛЕВ, Благоја

КОЛЕВСКИ-ЛАВСКИ, Лазо Филипов

КОЛЕВСКИ-ЛАВСКИ, Лазо Филипов (с. Мрзеново, Велешко, 1918 – близу до Плетвар, на патот Кавадарци-Прилеп, 2. Ⅲ 1942) – првоборец и народен херој. Како Лазо Колевски-Лавски печалбар во Белград, се вклучил во тамошното синдикално движење. По враќањето во Прилеп, како активист на УРС-овите синдикати, бил примен за член на КПЈ и учествувал во Илинденските демонстрации во… Continue reading КОЛЕВСКИ-ЛАВСКИ, Лазо Филипов

КОЛЕДАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

КОЛЕДАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ -. обредни лирски народни песни што се исполнуваат на празникот Бадник – Коледе. Тие се неразделно поврзани со коледарските обичаи, со палењето на коледарскиот оган, но и со одењето по коледица по куќите. Децата најпрвин околу коледарскиот оган, а потоа по домовите пеат коледарски песни, со кои искажуваат желби за среќа, здравје… Continue reading КОЛЕДАРСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

КОЛЕМИШЕВСКИ, Панде

КОЛЕМИШЕВСКИ, Панде (Ре-сен, 17. Ⅱ 1948) – новинар. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Во НИП „Нова Македонија” од 1971 г. ги минал сите професионални скалила: соработник во Градската рубрика, во „Екран”, дописник од Белград, уредник на Саботниот прилог, заменик на главниот уредник и одговорен уредник, генерален директор (1988-98). Основач и главен и одговорен уредник на… Continue reading КОЛЕМИШЕВСКИ, Панде

КОЛЕНЦЕВ-КОКИНОС, Христо

КОЛЕНЦЕВ-КОКИНОС, Христо (Лерин, 1916 – Скопје, 1987) – припадник на македонското и на грчкото комунистичко движење, учесник во Антифашистичкиот отпор. Бил член на Окружниот одбор на НОФ за Леринско и секретар на Окружниот комитет на КОЕМ за Леринско. ЛИТ.: Егејска Македонија во НОБ, В, 1948, Скопје, 1981. Ст. Кис.

КОЛЕТИС, Јоанис

КОЛЕТИС, Јоанис (?, 1774 – Атина, 1847) – грчки политичар, водач на т.н. „француска” партија, претседател на грчката Влада (1844 –1847). Во грчкото Собрание ја промовирал мегали идејата како политичка програма за создавање голема грчка држава за сметка на балканските владенија на османлиската држава, вклучувајќи ја и Македонија (1844). ЛИТ.: Ричард Клог, Историја Грчке новог… Continue reading КОЛЕТИС, Јоанис

КОЛИШЕВСКИ-МИТРЕ, Лазар Панев

КОЛИШЕВСКИ-МИТРЕ, Лазар Панев (Свети Николе, 12. Ⅱ 1914 – Скопје, 6. Ⅶ 2000) – металски работник, комунистички и национален деец, народен херој на Југославија и државник – претседател на првата влада на НРМ, организационен секретар на ПК на КПЈ за Македонија. Го завршил Военозанаетчиското училиште на Военотехничкиот завод во Крагуевац и се вклучил во комунистичкото… Continue reading КОЛИШЕВСКИ-МИТРЕ, Лазар Панев

КОЛОБАИСА, ТРЕСКАВЕЦ

КОЛОБАИСА, ТРЕСКАВЕЦ (Дабница, Прилепско) – античко планинско светилиште. 350 м западно под доминантниот Златоврв (1.422 м) на долгото планинско плато Трескавец. Се наоѓа 4 км северно од Варош, 600 м над полето. На натписот посветен на Аполон Етеуданос (Громобиец) и на Артемида местото е именувано како Колобаиса. Остатоците од нивниот храм се секундарно вѕидани во… Continue reading КОЛОБАИСА, ТРЕСКАВЕЦ

КОЛОВСКИ, Марко

КОЛОВСКИ, Марко (Струга, 25. XI 1957) – музиколог. На Факултетот за музичка уметност во Скопје дипломира (1983) првин на Одделот по музичка теорија и педагогија, а потоа и на Одделот по музикологија, во класата на проф. Драгослав Ортаков. Работи како наставник во Струга, а потоа (од 1985) е музички соработ-Марко Коловски ник и уредник на… Continue reading КОЛОВСКИ, Марко

КОЛОЖЕГ

КОЛОЖЕГ -. народно именување на првиот месец во годината – јануари. С. Мл.

КОЛОНИЗАЦИИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

КОЛОНИЗАЦИИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА (1918–1953). Во означениот период во Македонија биле извршени две колонизации. Првата колонизација била извршена во периодот меѓу двете светски војни (1918–1941). Со колонизирање во Македонија семејства од другите краишта на Кралството Југославија големосрпскиот владејачки режим настојувал да ја разбие компактната етничка целост на населението од овој дел на Македонија и да изврши… Continue reading КОЛОНИЗАЦИИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

КОЛОНИЗАЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА во времето на османлиското владеење

КОЛОНИЗАЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА во времето на османлиското владеење (ⅩⅣ–ⅩⅠⅩ в.) – вселување инородно население на територијата на Македонија. Најважниот фактор на османлиската колонизација во Македонија биле турските номадски сточари, пред с” Јуруците. Уште кон крајот на ⅩⅣ в., доброволно или со присила од државата, биле префрлувани од Мала Азија. Јуруците биле вклучени и во посебна… Continue reading КОЛОНИЗАЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА во времето на османлиското владеење

КОЛОНИЗАЦИЈАТА на Вардарскиот дел на Македонија како систем

КОЛОНИЗАЦИЈАТА на Вардарскиот дел на Македонија како систем (1912–1941) – туѓоземно населување за менување на националната структура спроведувана во 4 етапи: 1912–1915, 1919–1924, 1924–1928, 1929–6 април 1941 г. Колонизирањето се вршело врз основа на специјалните акти: „Уредба за населување на новоосвоените и присоединети области на Кралството Србија” од 20. Ⅱ 1914 и „Претходни одредби за… Continue reading КОЛОНИЗАЦИЈАТА на Вардарскиот дел на Македонија како систем

КОЛОНИЗАЦИЈАТА на Егејскиот дел на Македонија

КОЛОНИЗАЦИЈАТА на Егејскиот дел на Македонија (1913 – 1928) – државно и меѓународно стимулиран имигрантско-емигрантски процес. Паралелно со протерувањето на македонското население по силата на Нејскиот договор (1919) и Лозанскиот мировен договор (1923), грчката држава спроведувала колонизација на Егејскиот дел на Македонија за да го смени етничкот состав на населението. Колонизацијата се вршела со население… Continue reading КОЛОНИЗАЦИЈАТА на Егејскиот дел на Македонија

КОЛОНИЗАЦИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ВОЈВОДИНА

КОЛОНИЗАЦИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ВОЈВОДИНА (1945-1946) – колонизација извршена врз основа на Уредбата за населување во Војводина и Уредбата на Комисијата за населување од Аграрниот совет на ДФЈ (8. IX 1945). Аграрниот совет донел решение од Македонија во Војводина да бидат колонизирани 2.000 семејства, главно во Банат (во околината на Панчево, Вршац и Пландиште). Во… Continue reading КОЛОНИЗАЦИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ВОЈВОДИНА

КОЉОЗОВ, Борис

КОЉОЗОВ, Борис (Богданци, 1930 – Скопје, јуни 1998) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1980 г.) по предметите од областа на металните конструкции и испитувањето на конструкциите. Се усовршувал во САД (1964/65). Бил декан на Градежниот факултет (1979– 1981). Со темелното познавање на челичните конструкции, имал значајна улога во развојот на… Continue reading КОЉОЗОВ, Борис

КОМАРЦИ, ВИСТИНСКИ

КОМАРЦИ, ВИСТИНСКИ (Цулицидае) – двокрилни инсекти, со тенко тело и со издолжени нозе. Слаби летачи. Мажјаците се среќаваат покрај води и се хранат со растителни сокови, а женките цицаат крв од човекот и од животните. Ларвите и куклите живеат во водна средина. Во Македонија оваа фамилија е застапена со неколку видови. Најчест е обичниот комарец… Continue reading КОМАРЦИ, ВИСТИНСКИ

КОМАРЦИ, ДОЛГОНОЖНИ

КОМАРЦИ, ДОЛГОНОЖНИ (Типулидае) – двокрилни инсекти со долги нозе и со долги тесни крилја. Слаби летачи. Слични се на вистинските комарци. Развитокот и распространувањето им е условено од влажноста. Се среќаваат во влажни шуми и ливади, во густи грмушки, покрај брегови на реки, Долгоножен планински потокомарец ци и покрај други води. Оваа фамилија во МакедонијаContinue reading КОМАРЦИ, ДОЛГОНОЖНИ

КОМИНТЕРНАТА И МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ

КОМИНТЕРНАТА И МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ (1919–1943). Од формирањето на Коминтерната и нејзиниот Балкански секретаријат македонското национално прашање беше присутно во сите официјални акти, бидејќи беше централен проблем на Балканот, особено по поделбата на Македонија со Балканските војни (1913), потврдена и на Версајската мировна конференција (1919). Отпрвин тоа беше разгледувано како политичко, а во партиските дискусии… Continue reading КОМИНТЕРНАТА И МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ

КОМИТЕТ ЗА ПОДДРШКА НА ГРЧКАТА ЦРКВА И ОБРАЗОВАНИЕТО

КОМИТЕТ ЗА ПОДДРШКА НА ГРЧКАТА ЦРКВА И ОБРАЗОВАНИЕТО (Атина, 1886) – продолжувач на пропагандната дејност на укинатиот Силогос за ширење на грчката писменост. Комитетот бил под директна надлежност на Министерството за надворешни работи на Грција. Неговата дејност за ширење грчка просвета и пропаганда во Македонија ја финансирала Владата преку конзулатите. ЛИТ.: Ελενη Μπελια, Η εκπαιδευση… Continue reading КОМИТЕТ ЗА ПОДДРШКА НА ГРЧКАТА ЦРКВА И ОБРАЗОВАНИЕТО

КОМИТОПУЛИ

КОМИТОПУЛИ – млади кнезови, синови на кнезот Никола, браќата Давид, Мојсеј, Арон и Самуил. Тие ја искористиле тешката ситуација во Бугарија (969) создадена со нападите на кнезот Свјатослав, се осамостоиле во Југозападна Македонија и ги поставиле темелите на новата држава во Македонија, позната како Самуилово Царство. Во почетокот ја признавале византиската власт. Во 973 испратиле… Continue reading КОМИТОПУЛИ

КОМНИН, Алексиј

КОМНИН, Алексиј – син на Константин Ангел и Теодора (ќерка на царот Алексиј Комнин), ктитор на манастирската црква „Св. Пантелејмон” во с. Нерези (Скопско), изградена и живописана во 1164 г. ЛИТ.: Д. Барџиева-Трајковска, Св. Пантелејмон, Нерези, Скопје, 2004. З. Р.-Н. Династијата Комнинци

КОМНИНИ

КОМНИНИ – византиска фамилија и династија (1081–1185). За основоположник се смета Алексиј Ⅰ Комнин (1081–1118). Во времето на Комнините Византиското Царство доживеало политички, економски и културен просперитет. Покрај Алексиј Ⅰ владееле и Јован Ⅱ (1118–1143), Мануил И (1143–1180), Алексиј Ⅱ (1180– 1183) и Андроник И (1183–1185). Посебно се истакнала и историчарката Ана Комнина. ЛИТ.: Ф.… Continue reading КОМНИНИ