ЈУГОСЛОВЕНСКО-БУГАРСКИ ДОГОВОР ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО

ЈУГОСЛОВЕНСКО-БУГАРСКИ ДОГОВОР ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО (1937). Пред крајот на 1936 г. Велика Британија извршила притисок врз Владата на Југославија за придобивање на Бугарија за Балканскиот пакт. Југославија и Бугарија склучиле, во Белград, Договор за вечно пријателство (24. Ⅰ 1937). Пред потпишувањето на јавниот договор ги усогласиле интересите, при што постигнале таен договор според кој Бугарија се… Continue reading ЈУГОСЛОВЕНСКО-БУГАРСКИ ДОГОВОР ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО

ЈУГОСЛОВЕНСТВО

ЈУГОСЛОВЕНСТВО – идеолошки производ на политичките структури на југословенскиот систем. Имала пропагандна цел за поуспешно решавање на националното прашање врз замислените принципи на АВНОЈ. Во националните тензии по 60-тите години на ХХ в., овој термин бил користен како инструмент за неутрализирање на националното чувство во насока на создавање нова „југословенска нација”. Во Македонија како Југословени… Continue reading ЈУГОСЛОВЕНСТВО

ЈУЖНОСЛОВЕНСКИ ЈАЗИЦИ

ЈУЖНОСЛОВЕНСКИ ЈАЗИЦИ. Од самите почетоци на славистиката како научна дисциплина (т.е. од крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в.) е прифатена конвенционалната поделба на словенскиот јазичен свет на три групи: западна, источна и јужна. Јужните Словени, т.е. носителите на јужнословенските јазици во В– Ⅵ в. од н.е. се спуштиле кон југ од прататковината и се населиле на Балканскиот… Continue reading ЈУЖНОСЛОВЕНСКИ ЈАЗИЦИ

ЈУЗБАШИќ, Димитрие Миланов

ЈУЗБАШИќ, Димитрие Миланов (Дарувар, Хрватска, 30. IX 1909 – Сарбрикен, Германија, 1974) – хирург, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, еден од првите 19 избрани наставници при формирањето на Мед. ф. во Скопје (1947). Извршил успешна трансформација на Хируршкото одделение во современа Хируршка клиника. Бил редовен професор, шеф на Катедрата по хируршки болести и… Continue reading ЈУЗБАШИќ, Димитрие Миланов

ЈУНСКО ПАРТИСКО СОВЕТУВАЊЕ НА СКОПСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА КП ВО МАКЕДОНИЈА

ЈУНСКО ПАРТИСКО СОВЕТУВАЊЕ НА СКОПСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА КП ВО МАКЕДОНИЈА (Водно, сега населба Козле, 22. Ⅵ 1941) – партиско советување на кое била донесена одлуката за оружено востание. На советувањето присуствувале околу 30 лица – членовите на МК на КП во Скопје, сите секретари на партиските ќелии, како и одделни членови на КП со организациониот… Continue reading ЈУНСКО ПАРТИСКО СОВЕТУВАЊЕ НА СКОПСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА КП ВО МАКЕДОНИЈА

ЈУРА

ЈУРА (џура) – зурла со најмали димензии. Има многу пискав и продорен звук, поради што секогаш ја свири водечката мелодија. Тогаш бордунската мелодиска линија ја свири зурлата со средна големина, наречена јарамкаба (в). Во минатото најчесто се користела во Гевгелиско, како придружник на русалиските ора, а денес ретко се среќава во зурлаџиската свирачка практика. ЛИТ.:… Continue reading ЈУРА

ЈУРУКОВ, Никола

ЈУРУКОВ, Никола (с. Лабаница, Костурско, 1880 – Софија, 26. Ⅳ 1923) – архитект, идеолог на МЕФО. По Првата светска војна се вклучил во политичката активност на македонската емиграција во Софија и станал претседател на Костурското братство и учесник во Привременото претставништво на бившата ВМРО (1919). Бил член на Привремената комисија на македонските братства (1920), член… Continue reading ЈУРУКОВ, Никола

ЈУРУКОВСКИ, Димитар

ЈУРУКОВСКИ, Димитар (с. Галичник, 1942) – градежен инженер, редовен професор. Градежен факултет завршил во 1966 г., а магистрирал во 1970 г. и докторирал на Универзитетот во Белград (1980). Од 1970 г. работи во ИЗИИС, почнувајќи од асистент па сè до редовен професор. Бил раководител на ЛДИ, заменик-директор (1981–1985) и директор (XI 1985 –Ⅻ 1997). Престојувал… Continue reading ЈУРУКОВСКИ, Димитар

ЈУСТИНИЈАН Ⅰ

ЈУСТИНИЈАН Ⅰ (527–565) – ромејски император, кој за последен пат ја возобновува Римската Империја, спојувајќи го Источното со Западното Римско Царство. За да воспостави силна ромејска власт, ги ликвидирал државите на Вандалите (534) и на Остроготите (555), ја освоил Југозападна шпанија од Визиготите, го задушил востанието „Ника” во Цариград (532). Го осудил монофизитизмот, ја затворил… Continue reading ЈУСТИНИЈАН Ⅰ

ЈУСТИНИЈАН Ⅱ

ЈУСТИНИЈАН Ⅱ (669–711) – византиски цар (685–695, 705–711), син на Константин Ⅳ. Војувал против Арабјаните, против Бугарите и против Склавиниите. Потчинил голем број Словени во Македонија (688/9) и ги преселил во Мала Азија. Бил симнат од престолот, му бил исечен носот и бил протеран на Херсонес. Со бугарска помош, по десет години се вратил на… Continue reading ЈУСТИНИЈАН Ⅱ

ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА

ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА – доцноантички град, седиште на истоимена архиепископија. Името го добива по својот основач царот Јустинијан И (527–565); градот е изграден (535) во родното место на царот – Тавурисион (ден. с. Та-ор, Катланово). Со царски декрет станува центар на политичко-административната, на црковната и на воено-стратегиската власт во префектурата Илирик. Архиепископијата Јустинијана Прима влегува во… Continue reading ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА

ЈУСУФ ЧАК ДЕДЕ

ЈУСУФ ЧАК ДЕДЕ (Ениџе Вардар, ? – ?, 1546) – поет, дервиш од Ениџе Вардар. Бил шејх на мевлевиските текии во Ерусалим, во Одрин и во Истанбул. Напишал две дела што се однесуваат за мевлевискиот дервишки ред, а пишувал и љубовни песни со мистичен и со световен карактер. ЛИТ.: Историја на македонскиот народ, том втори.… Continue reading ЈУСУФ ЧАК ДЕДЕ

ЈУСУФ, Суреја

ЈУСУФ, Суреја (Сüреѕѕа Ѕусуф) (Скопје, 1923 – Орен, РТ 1977) – дипломирал на Групата ориентална филологија во Белград. Бил професор во Учителската школа во Скопје, професор на Педагошката академија во Приштина, уредник на списанието Чеврен. Автор е на книгите: Ние и нашиот јазик, Турска граматика, Поезија на турските поети од Југославија, Али ага, Раскази, и… Continue reading ЈУСУФ, Суреја

КАБА, Лиман Јаја

КАБА, Лиман Јаја (Дебар, 1924 – Банова Јаруга, Славонија, април 1945) – народен херој од НОАВМ. Откако завршил основно училиште, по Априлската војна (1941) Лиман Каба учел во Гимназијата во Приштина, каде што дејствувал и на организирањето на антифашистичката младина, поради што двапати бил апсен (1942). Избегал од Приштинскиот затвор и се вратил во Дебар,… Continue reading КАБА, Лиман Јаја

КАБА, Мухамед

КАБА, Мухамед (Дебар, 3. Ⅱ 1941) – економист. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје. Работел како референт и началник на Одделението за стопанство во Собранието на Општина Дебар и шеф на Комерцијалниот сектор во Фабриката за теписи „Новост” во Дебар. Бил еден од раководителите на младинските организации во градот и член на ЦК на СКМ.… Continue reading КАБА, Мухамед

КАБАКЧИЕВ, Христо Стефанов

КАБАКЧИЕВ, Христо Стефанов (Галац, Романија, 2. Ⅰ 1878 – Москва, СССР, 6. Ⅹ 1940) – бугарски и интернационален комунистички деец, доктор по историски науки, застапник за македонската нација и државност. Дипломирал право на Софискиот универзитет и бил член на ЦК на БРСДП (1905–1928), еден од делегатите на Копенхагенскиот (1910) и на Базелскиот конгрес на Ⅱ… Continue reading КАБАКЧИЕВ, Христо Стефанов

КАБРОВСКИ, Тоде Василев

КАБРОВСКИ, Тоде Василев (с. Горно Ореово, Битолско, 8. 1945) – просветен и културно-национален деец во Австралија. По завршувањето на Учителската школа (1964) и на Вишата педагошка школа (на Групата за историја и географија) во Битола (1967), во 1969 г. се иселил во Австралија (Рокдаел, Нов Јужен Велс) и 36 години работел во Телстра корпорејшен лимитед.… Continue reading КАБРОВСКИ, Тоде Василев

КАВАДАРЦИ

КАВАДАРЦИ – град во Повардарјето со 34.252 ж. (2002 г.). Се наоѓа од двете страни на Ваташка Река (Луда Мара) во Тиквешката област, на надморска висина од Кавадарци 270 м. Зафаќа површина од 866 ха. Има променета медитеранска клима со просечна годишна температура на воздухот од 13,6°Ц и просечна годишна количина на врнежи од 476… Continue reading КАВАДАРЦИ

КАВАЕВ, Владимир

КАВАЕВ, Владимир (Струга, 1885 – 1931) – лекар, хирург, учесник во Владимир Каваев Октомвриската револуција. Првин учи во Духовната семинарија во Цариград, а потоа ја завршил Воено-медицинската академија во Петроград. Специјализирал хирургија во Берлин (1920). Бил личен пријател и соработник на В. И. Ленин. Работел во КИ на репатријацијата на емигрантите. По враќањето во СтругаContinue reading КАВАЕВ, Владимир

КАВАЕВ, Филип Т

КАВАЕВ, Филип Т. (Струга, 1904 – Битола, 1974) – гимназијален професор по македонски јазик и литература, фолклорист. Беше пасиониран собирач на македонски народни умотворби, особено на народните песни за Битола и Битолско, еден од први-Филип Т. Каваев те членови на Здружението на фолклористите на Македонија и еден од основачите на Друштвото за наука и уметност… Continue reading КАВАЕВ, Филип Т

КАВАЕВА-ЕТИНГЕР, Елена Јузеф

КАВАЕВА-ЕТИНГЕР, Елена Јузеф (Ченстохова, Полска, 1893 – Охрид, 1982) – лекар, специјалист за детски болести, учесник во Октомвриската револуција и во НОБ, организатор на санитетската служба во Охрид. Дипломирала медицина во Берлин, по што заминала на работа во Петроград (1914). Специјализирала педијатрија во Берлин (1920). По доаѓањето во Македонија (1923) соработувала со членовите на КПЈ.… Continue reading КАВАЕВА-ЕТИНГЕР, Елена Јузеф

КАВАЕВА, Депа

КАВАЕВА, Депа (Деспина) – собирачка и пејачка на народни песни од времето и од градот на Миладиновци, Струга. Соработувала во подготовките на Зборникот на Браќата Миладиновци. За нејзиниот живот и дело пишувал Петар Чакар (Која била Депа Каваева?, во „Нова Македонија”, 23-27. Ⅹ 1962). Таму се изнесуваат податоци дека Депа Каваева е внука од помала… Continue reading КАВАЕВА, Депа

КАВАЛ

КАВАЛ – .дувачки народен инструмент од типот надолжни флејти. Претставува богато орнаментирана дрвена цевка, отворена на двата краја. Се изработува од јасеново дрво, најчесто во три должини: 600, 700 и 800 мм. На предната страна има 7 мелодиски отвори и еден на задната страна за палецот. Во традиционалната практика редовно се музицирало бордунски – истовремено… Continue reading КАВАЛ

КАВАЛА

КАВАЛА – град во егејскиот дел на Македонија, Република Грција, со 65.000 ж. (2002 г.). Претставува пристаниште формирано на местото на античкиот град Неаполис. До почетокот на ⅩⅠⅩ в. К. била населена главно со Турци. Во 1898 г. бројот на населението изнесувал 9.500 ж., од кои 5.000 биле Турци. Во време и по Првата светска… Continue reading КАВАЛА