ЗМИЈАНАЦ, Драги (Скопје, 25. Ⅱ 1960) – активист на невладиниот сектор, хуманитарец. Основач и извршен директор на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши” во Скопје (од 1992), промотор на правата на децата во земјата и на правата и заштитата на децата од насилство и злоупотреба. Р. Знамето на Разловечкото Знамето на Крушевската Знамето на Крушевската… Continue reading ЗМИЈАНАЦ, Драги
Архиви: Енциклопедија
Description.
ЗМИОРКИ
ЗМИОРКИ (Петромѕзонтидае) – фамилија најпримитивни организми од класата кружноусни (Цѕцлостомата), споредна гранка на ’рбетниците, кои по надворешен изглед личат на рибите (јагула), но се многу попримитивно градени. Во Македонија се регистрирани два вида, вардарска змиорка (Еудонтомѕзон хелленицус) и дримска змиорка (Еудонтомѕзон станкокарамани). Дримска змиорка ЛИТ.: М. Беазлеѕ, Гуиде то Фресхњатер Фисх оф Бритаин анд Еуропе,… Continue reading ЗМИОРКИ
ЗНАМЕТО НА РМ
ЗНАМЕТО НА РМ. На 11. Ⅷ 1992 г., Собранието на Република Македонијаусвојува Закон за знамето на РМ, според кој знамето на Република Македонијае „црвено со златно-жолто сонце, сонцето е со 8 основни и 8 споредни сончеви зраци, благо задебелени во првата половина, наизменично и симетрично наредени околу сончевиот диск, основните сончеви зраци непосредно се одвојуваат… Continue reading ЗНАМЕТО НА РМ
ЗНАМИЊА НА МАКЕДОНСКОТО ОСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ
ЗНАМИЊА НА МАКЕДОНСКОТО ОСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ -. националноослободителни воени симболи на македонскиот народ. Разните македонски ајдутски и комитско-револуционерни дружини, одреди и воени единици во ослободителните востанија користеле знамиња со разни бои и обележја. Во Разловечкото востание (1876) се веело свилено знаме со огнен црвен лав без круна на жолто поле, со натписот: „Македон˜џ – станете да… Continue reading ЗНАМИЊА НА МАКЕДОНСКОТО ОСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ
ЗОГРАФСКИ ПАЛИМПСЕСТ
ЗОГРАФСКИ ПАЛИМПСЕСТ – в. Фрагменти на глаголски старословенски текстови.
ЗОГРАФСКИ, Данчо
ЗОГРАФСКИ, Данчо (Велес, 23. Ⅳ 1920 – Скопје, 9. Ⅰ 1997) – научен работник, истражувач на поширокото подрачје на поновата историја на македонскиот народ и посебно на полето на стопанската историја на Македонија, редовен професор на Економскиот факултет во Скопје, општествен деец и педагог, академик. Основно образование и гимназија завршил во родниот град (1939), право… Continue reading ЗОГРАФСКИ, Данчо
ЗОГРАФСКИ, Димче
ЗОГРАФСКИ, Димче (Велес, 27. Ⅹ 1898 – Скопје, 3. Ⅵ 1985) – активист на ВМРО(Об) и општественик. Бил член на Комунистичката младина на Бугарија (1919), а потоа станал член на КПЈ (1920), секретар на МК на КПЈ во Штип (1923) и член на Обласниот комитет на ПК на КПЈ за Македонија (1926-1927), поради што бил… Continue reading ЗОГРАФСКИ, Димче
ЗОГРАФСКИ, Златко
ЗОГРАФСКИ, Златко (Скопје, 1954) – ред. проф. по информатика на ЕТФ во Скопје и на Соутх Царолина Стате Университѕ во САД. Докторирал на ЕТФ во Љубљана (1990). Престојувал и предавал на повеќе универзитети во САД и во Велика Британија. Научни области: роботика и вештачка интелигенција; компјутерски системи; компјутерска графика и дигитални медиуми. Тој е награден… Continue reading ЗОГРАФСКИ, Златко
ЗОГРАФСКИ, Тодор
ЗОГРАФСКИ, Тодор (Велес, 1895 – Охрид, 6. Ⅱ 1985) – часовничар и национален деец. Во родниот град завршил прогимназија, а потоа саатчиски занает во ќустендил и во Горна Џумаја. Во Велес бил секретар на Мешовитиот синдикат (1909), член на Работничкото социјалистичко друштво „Класово единство” (1909) и член на Социјал-демократската организација (1910). Како синдикален функционер, извесно… Continue reading ЗОГРАФСКИ, Тодор
ЗОГРАФСКИ, Томислав
ЗОГРАФСКИ, Томислав (Велес, 29. Ⅲ 1934 – Скопје, 14. Ⅰ 2000) – композитор. Студиите по композиција ги завршува на Музичката академија во Белград (М. Живковиќ, 1961). Од 1967 г. до крајот на животот е професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Тој е еден од најистакнатите претставници на македонската современа музика. Во својата прва… Continue reading ЗОГРАФСКИ, Томислав
ЗОГРАФСКО ЕВАНГЕЛИЕ
ЗОГРАФСКО ЕВАНГЕЛИЕ – глаголичко четвероевангелие од крајот на Ⅹ– поч. на XI в. кое се наоѓа на 272 л. од кодексот што содржи вкупно 304 л. и се чува во С.-Петербург, РНБ, сигн. Глаг.1. Некогашната празнина од една тетратка (л. 41–57 = Мт 16:19– 24:20) пополнета е со глаголички текст што потекнува од XI–Ⅻ в.… Continue reading ЗОГРАФСКО ЕВАНГЕЛИЕ
ЗОНАЦИЈА НА ВЕГЕТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА
ЗОНАЦИЈА НА ВЕГЕТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА. Вегетациската покривка на Македонија се покажува во вид на појаси, аналогно на климатските и почвените појаси. Тие детално се опишани во монографијата од Ѓ. Филиповски, Р. Ризовски и П. Ристевски „Карактеристики на климатско-вегетациските зони (региони) во Република Македонија” (МАНУ, посебно издание, 1996). Врз основа на физиономијата, вегетациската покривка може да… Continue reading ЗОНАЦИЈА НА ВЕГЕТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА
ЗООАНТРОПОГЕНИ ВЛИЈАНИЈА ВО ШУМИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
ЗООАНТРОПОГЕНИ ВЛИЈАНИЈА ВО ШУМИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА. Во античкиот период народите што живееле во Македонија ги користеле шумите на дабот прнар за брстење на овците. Повисоко во планините ја уништувале шумата за добивање летни пасишта. Тоа било причина за појава на порои и поплави. Затоа познатиот грчки филозоф Платон се противставил на уништувањето на шумата. Паралелно… Continue reading ЗООАНТРОПОГЕНИ ВЛИЈАНИЈА ВО ШУМИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
ЗООГЕОГРАФСКИ ОБЛАСТИ
ЗООГЕОГРАФСКИ ОБЛАСТИ – науката што го изучува распространувањето на животните на Земјината топка и ги утврдува основните закономерности на тоа распространување се вика зоогеографија. Територијата на Македонија припаѓа кон два зонобиома – зонобиом на медитерански полупустини (карактеристични видови: Цардуус хамулосус, Ацантхус ацулеатус, Ерѕнгиум цампестре, Е. палматум, Цартхамус ланатус, Стацхѕс рецта) и зонобиом на субмедитерански балкански… Continue reading ЗООГЕОГРАФСКИ ОБЛАСТИ
ЗООЛОШКИ ЗАВОД
ЗООЛОШКИ ЗАВОД – научноистражувачка установа во рамките на Институтот за биологија на ПМФ во Скопје. Научноистражувачката дејност на Зоолошкиот завод се одвива главно во две насоки: 1) фаунистички, зоогеографски, еколошки и зооценолошки истражувања на одделни групи животни и 2) хистолошки, односно цитолошки истражувања на одделни органи кај некои животни, главно ’рбетници. Формиран е во 1946… Continue reading ЗООЛОШКИ ЗАВОД
ЗОРИЌ, Михајло
ЗОРИЌ, Михајло (с. Јосифово, Валандовско, 12. Ⅴ 1944 – Скопје, 6. Ⅷ 1996) – доктор на науките од областа на ветерината. Дипломирал на Ветеринарниот факултет во Сараево (1970), а докторирал на Универзитетот во Загреб од областа на економиката во сточарството (1983). Работел како ветеринарен техничар во ЗИК „Изворски“ во Богданци и ЗИК „Анска Река“ во… Continue reading ЗОРИЌ, Михајло
ЗРНОВСКА РЕКА
ЗРНОВСКА РЕКА – лева притока на р. Брегалница. Извира под врвот Лисец (1.754 м), од јужните падини на планината Плачковица, на височина од 1.420 м, а се влива кај селото Зрновци, на височина од 325 м. Долга е 21 км, има вкупен пад од 1.095 м, а просечниот пад изнесува 52,1 ‰. Водите од оваа… Continue reading ЗРНОВСКА РЕКА
ЗРНОВЦИ
ЗРНОВЦИ – село во Кочанско. Се наоѓа на јужната страна на Кочанската Котлина, во подножјето на планината Плачковица, на надморска височина од околу 380 м. Со регионални патишта е поврзано на север со Кочани и на исток со Виница. Тоа е населено со Македонци, а нивниот број изнесува 2.221 ж. Главно занимање на населението е… Continue reading ЗРНОВЦИ
ЗУЛФИЌАРИ, Азем
ЗУЛФИЌАРИ, Азем (Азем Зулфиљари) (с. Равен, Гостиварско, 6. Ⅻ 1925) – политичар и општественик. Бил член на СКМ (од 1948). Ја завршил Високата школа за политички науки во Белград (1962). Бил учител, просветен инспектор, шеф на Отсекот за просвета на Собранието на Општина Гостивар, потпретседател на Околиското собрание во Тетово, претседател на Собранието на Општина… Continue reading ЗУЛФИЌАРИ, Азем
ЗУРЛА
ЗУРЛА -. музички народен дувачки инструмент со две јазичиња од типот на обоа. Според различните големини, во Македонија се користеле три вида зурли: каба (најголема), јарамкаба (средна) и џура (најмала). Најчесто се изработува од ореово дрво, во два дела. Поголемиот цевчест дел завршува во Македонска зурла конусна форма, со вкупна должина од 600-630 мм, 480-540… Continue reading ЗУРЛА
ЗУРЛАЏИСКО-ТАПАНАРСКИ СОСТАВИ
ЗУРЛАЏИСКО-ТАПАНАРСКИ СОСТАВИ (тајфи) – музички состави од зурлаџии и тапанари. Зурлаџиското музицирање во Македонија без исклучок е бордунско, а тоа значи дека без исклучок истовремено се музицира од две зурли, по една за секој од двата гласа, а ги придружува еден, понекогаш и два „Тешкото” со звукот на зурлите и тапаните големи тапана. Поради силниот… Continue reading ЗУРЛАЏИСКО-ТАПАНАРСКИ СОСТАВИ
ЅВЕРОВИ
ЅВЕРОВИ (Царнивора) – ред грабливи животни од класата цицачи (Маммалиа). Познати се 250 вида, а во Македонија се среќаваат 13 вида, систематизирани во 10 рода и четири фамилии. Фамилијата на кучињата (Цанидае) кај нас е претставена со три вида: волк (Цанис лупус), шакал или чакал (Цанис ауреус) и лисица (Вулпес вулпес). Фамилијата мечки (Урсидае) е… Continue reading ЅВЕРОВИ
ЅВИНГАЛКИ или ЧИНКИ
ЅВИНГАЛКИ или ЧИНКИ (Фрингиллидае) – голема фамилија мали птици од подредот птици-пејачки (Осцинес), специјализирани за исхрана со различни типови семиња. Во Македонија има 11 вида, од кои два само презимуваат кај нас, додека другите се задржуваат преку целата година. ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12, Цамбридге,… Continue reading ЅВИНГАЛКИ или ЧИНКИ
ЅВОНЕЦ
ЅВОНЕЦ -. звучна направа со конусен облик, излеана од бронза. Произведува исклучиво еден тон, кој никогаш не бил во функција на музицирањето во македонската музичко-фолклорна практика. Ѕвонецот има само функција на сигнал, кога е врзан на вратот на домашните животни (кози, крави Ѕвончиња или ждребиња). Со иста функција се употребува како училишно ѕвонче, со кое… Continue reading ЅВОНЕЦ