ЖУГИЌ, Јелена (Скопје, 20. Ⅲ 1973) – актерка. Дипломирала на ФДУ во Скопје, на Отсекот за актерска игра (1995). Од 1997 г. е член на Драмскиот театар во Скопје. Улоги: Дона Хуана во исЈелена Жугиќ тоименото дело; Сара Долорес („Тхе ловер”); Беатриче („Арлекин – слуга на двајца господари”); Ирина („Три сестри”); Костанца („Амадеус”); Панглос („Кандид… Continue reading ЖУГИЌ, Јелена
Архиви: Енциклопедија
Description.
ЖУПА
ЖУПА – предел во Дебарско. Се простира на западните падини на планината Стогово, почнувајќи од с. Горенци на север, па сè до селата Елевци и Долгаш на југ. Источната граница на пределот води по сртот на планината Стогово, а западната по источниот брег на Дебарското Езеро. Теренот е планинско-долински со езерски површини. Тој е составен… Continue reading ЖУПА
ЖУПАН, Александар
ЖУПАН, Александар (Струга, 6. Ⅲ 1919 – Скопје, 23. XI 1983) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград (1949). Специјализирал санитарна техника во Загреб. Го основал Одделението за санитарна техника при Централниот хигиенски завод во Скопје и бил негов раководител. Се занимавал со архитектонско проектирање на станбени, на општествени и на здравствени згради. Позначајни… Continue reading ЖУПАН, Александар
ЖУРА, Владо
ЖУРА, Владо (Охрид, 3. XI 1946) – новинар и публицист. Бил уредник на Радио Охрид (1961-1975), а потоа уредник на весникот на ГП „Трудбеник” во Охрид (1975-1997). Автор е на голем број написи и во дневниот печат, а посебно значајни се неговите истражувачки радио и телевизиски емисии посветени на минатото на Охрид: циклусот од над… Continue reading ЖУРА, Владо
ЖУТА, Беќир
ЖУТА, Беќир (Велешта, Струшко, 22. IX 1935 – Скопје, 2005) – економист и политичар. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје (1962) и докторирал од областа на финансиите на темата „Системот на финансирањето на станбената изградба во СР Македонија”. Бил на разни раководни функции во Општината Струга, член на Извршниот совет на Собранието на СРМ (1967–1969),… Continue reading ЖУТА, Беќир
ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ
ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ – првата книга на современиот македонски литературен јазик и правопис и првата научно поставена, теоретски образложена и фактографски аргументирана историја на современиот писмен јазик и на македонската национално-политичка мисла. К. П. Мисирков книгата ја составил главно од своите предавања во МНЛД во С.-Петербург, а во декември 1903 г. ја објавил во Софија.… Continue reading ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ
ЗАБАВИШТА
ЗАБАВИШТА -. вид предучилишни установи за деца од 5 и 6 години. Постојат во рамките на детските градинки и при основните училишта. Први вакви форми на предучилишно воспитание во Македонија се јавуваат во втората половина на ⅩⅠⅩ в. Меѓу двете светски војни, за време на Активности во забавиште Кралството Југославија, работеле во состав на основните… Continue reading ЗАБАВИШТА
ЗАБАЗАНОВСКИ РУСКИ, Атанас Прокопиев
ЗАБАЗАНОВСКИ РУСКИ, Атанас Прокопиев (Прилеп, 7. Ⅰ 1925) – првоборец, народен херој, безбедносен и спортски функционер. Татко му бил руски емигрант (донски козак), а мајката Македонка. Завршил трговско училиште, станал член на СКОЈ (1941) и фудбалер на ФК „Гоце Делчев” во Прилеп. По нападот на Прилеп (11. Ⅹ 1941) бил уапсен. Во НОАВМ бил пушкомитралезец… Continue reading ЗАБАЗАНОВСКИ РУСКИ, Атанас Прокопиев
ЗАБАРСКО УЧИЛИШТЕ
ЗАБАРСКО УЧИЛИШТЕ -. оформено со указ на Министерството за просвета на Република Македонијаод 1947 г. во Скопје како прво самостојно државно средно стручно училиште за забари-дентисти. На ова училиште се запишувале ученици до 1966 г. и за тој период дипломирале повеќе од 560 забари-дентисти. Е. М. Медицинскиот училиштен центар „Панче Караѓозов” во Скопје
ЗАБОТЕХНИЧКО УЧИЛИШТЕ, Скопје
ЗАБОТЕХНИЧКО УЧИЛИШТЕ, Скопје. Во 1953 г. е отворен Отсек за забни техничари, кој од 1972/73 се интегрира во Медицински училишен центар „Д-р Панче Караѓозов” во Скопје. Тука забните техничари, покрај општообразовните предмети, изучуваат стручни предмети и практицираат и изучуват изработка на вештачки фиксни и мобилни конструкции (коронки, мостови, шини, надградби, делумни и тотални протези), како… Continue reading ЗАБОТЕХНИЧКО УЧИЛИШТЕ, Скопје
ЗАВОД ЗА ВОДОСТОПАНСТВО НА РМ, Скопје
ЗАВОД ЗА ВОДОСТОПАНСТВО НА РМ, Скопје – институција основана во 1952 г. со задача да ги решава проблемите на водостопанските дејности во РМ. Извршил голем број истражувања и изработил енормен број студии и проекти од областа на водостопанството и заштитата од ерозија. Поседува сопствена библиотека на проекти и студии и хидролошки податоци почнувајќи од 1924,… Continue reading ЗАВОД ЗА ВОДОСТОПАНСТВО НА РМ, Скопје
ЗАВОД ЗА СПОРТСКА МЕДИЦИНА
ЗАВОД ЗА СПОРТСКА МЕДИЦИНА. Во Институтот за спорт (1955–1957) е отворена првата Амбуланта за спортска медицина, а во основаниот Републички завод за физичка култура (1957) е формирано Одделение за спортска медицина со амбуланта. Во хонорарен работен однос во него работел д-р Никола Христов. Одделението е присоединето кон Здравствениот дом Скопје и е пренесено во просториите… Continue reading ЗАВОД ЗА СПОРТСКА МЕДИЦИНА
ЗАВОД ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВОСПИТАНИЕТО И ОБРАЗОВАНИЕТО
ЗАВОД ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ШУМИТЕ
ЗАВОД ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ШУМИТЕ – специјализирана установа за уредување и користење на шумите. Како посебна установа Заводот е формиран 1952 г., а до-тогаш неговата дејност ја изведуваше Одделението за уредување на шумите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Придонесот на Заводот за македонското шумарство беше голем. Освен првата инвентаризацијата на шумите, подготовката на… Continue reading ЗАВОД ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ШУМИТЕ
ЗАВОДИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
ЗАВОДИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА -. специјализирани здравствени установи што ги следат, ги истражуваат и ги проучуваат здравствената состојба на населението, причините за појавата и за ширењето на заразните и други болести од социјално-медицин-Заводот за здравствена заштита на град Скопје ско значење, влијанието на разни фактори (вклучително и еколошките) врз здравјето на луѓето, предлагаат и преземаат… Continue reading ЗАВОДИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
ЗАВОЕВ, Петар
ЗАВОЕВ, Петар (Штип, 1880 – Софија, 1965) – раскажувач, публицист и новинар. Откако ја завршува гимназијата во Солун заминува во Пловдив, каде што се вработува како новинар. Во оваа јавна дејност поначесто го користи псевдонимот Прохор Пчински. Подоцна се префрла во Софија, каде што ја издава својата атрактивна книга Писма од Македонија. Во текот на… Continue reading ЗАВОЕВ, Петар
ЗАВРШНИ ОПЕРАЦИИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ЈУГОСЛАВИЈА
ЗАВРШНИ ОПЕРАЦИИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ЈУГОСЛАВИЈА (20. Ⅲ – 15. Ⅴ 1945). Завршните операции траеле од почетокот на Сремскиот фронт, до капитулацијата на ГАЕ. Во тоа време НОВЈ се состоела од четири армии, ВВ и ВМ во бројна состојба од околу 800.000 лица. Во борбите во состав на Првата армија на НОВЈ учествувал ⅩⅤ (македонски)… Continue reading ЗАВРШНИ ОПЕРАЦИИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ЈУГОСЛАВИЈА
ЗАВРШНИ ОПЕРАЦИИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА
ЗАВРШНИ ОПЕРАЦИИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА (1944). По конституирањето на македонската држава на Првото заседание на АСНОМ (2. Ⅷ 1944), македонската војска ги интензивирала завршните дејства за ослободување на неослободената територија. Борбените операции ги планирал, ги подготвувал и ги раководел Гш на НОВ и ПОМ како извршен орган на Президиумот на АСНОМ. По капитулацијата на… Continue reading ЗАВРШНИ ОПЕРАЦИИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА
ЗАГАДУВАЊЕ НА АТМОСФЕРАТА
ЗАГАДУВАЊЕ НА АТМОСФЕРАТА – резултат на антропогената активност, претежно во урбаните центри и во индустриски региони каде што се трошат огромни количини на цврсти, течни и гасни енергенти за производство на електрична и топлотна енергија, за транспорт и за производство на метали и хемиски и синтетички производи. На таков начин човекот создава свој процес на… Continue reading ЗАГАДУВАЊЕ НА АТМОСФЕРАТА
ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОДИТЕ
ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОДИТЕ – сите непрочистени води (индустриски или комунални отпадни води) што се испуштаат во реципиентите (реките и езерата) ги загадуваат водите. Индустриските отпадни води претежно носат разни токсични материи, тешки метали, а комуналните отпадни води големи количини органски материи што содржат високи количини биогени елементи. Затоа комуналните води ја зголемуваат продуктивноста на слатките… Continue reading ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОДИТЕ
ЗАГРЕПСКИ ТРИОД
ЗАГРЕПСКИ ТРИОД -. кирилски ракопис од македонска редакција. Се чува во Архивот на ХАЗУ во Загреб под сигн.: Ⅳ д 107. Содржи посен и цветен дел. Има 196 пергаментни листа (19х26,7) испишани со уставно писмо во постар облик. Напишан е во ⅩⅠⅠⅠ в., според јазичните особености, во Западна Македонија. Се спомнуваат имињата на Кирил Филозоф… Continue reading ЗАГРЕПСКИ ТРИОД
ЗАГРОЗЕНИ или ЗАСЕГНАТИ ВИДОВИ ЖИВОТНИ
ЗАГРОЗЕНИ или ЗАСЕГНАТИ ВИДОВИ ЖИВОТНИ – во зависност од бројноста и од статусот на нивните популации во природниот ареал на распространување, вклучени се во една од категориите на Меѓународната унија за заштита на природата (ИУЦН): критично загрозени, загрозени или ранливи. Причините за исчезнувањето на видовите, како и за намалувањето на нивните популации се поврзани со… Continue reading ЗАГРОЗЕНИ или ЗАСЕГНАТИ ВИДОВИ ЖИВОТНИ
ЗАГРОЗЕНИ РАСТИТЕЛНИ ВИДОВИ
ЗАГРОЗЕНИ РАСТИТЕЛНИ ВИДОВИ. Според категоризацијата на Меѓународната унија за заштита на природата (ИУЦН), загрозените видови (Ендангеред) претставуваат категорија што се наоѓа под одредена закана, односно се соочуваат со висок ризик за исчезнување во природата и ги исполнуваат ИУЦН критериумите за Црвена листа. Покрај оваа категорија, според ИУЦН се разликуваат засегнати видови, видови исчезнати од природата,… Continue reading ЗАГРОЗЕНИ РАСТИТЕЛНИ ВИДОВИ
ЗАДГРАНИЧНО ПРЕТСТАВНИШТВО НА ТМОРО
ЗАДГРАНИЧНО ПРЕТСТАВНИШТВО НА ТМОРО (Софија, 1896-1908) – претставништво отворено со решение на Конгресот на Македонската револуционерна организација во Солун (1896), со функција на претставништво за надворешни односи на Централниот комитет. Потребата од такво претставништво уште во првите години од дејствувањето на Оганизацијата се наметнала од повеќе причини: за обезбедување материјални средства (револуционерна литература и оружје)… Continue reading ЗАДГРАНИЧНО ПРЕТСТАВНИШТВО НА ТМОРО