ЖЕЛЕЗНОТО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ЖЕЛЕЗНОТО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА – последната (протоисториска) етапа од праисторискиот развој на Македонија. Временски ја покрива, главно, првата половина од Ⅰ милениум пр.н.е. Се дели на: рано железно време (крај на XI / почеток на Ⅹ до Ⅷ в.), средно или полно железно време (Ⅷ– Ⅵ в.) и доцно железно време или доцноархајски период (крај… Continue reading ЖЕЛЕЗНОТО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ЖЕЛИНО

ЖЕЛИНО – село во Тетовско. Се наоѓа во северното подножје на планината Сува Гора, од десната страна на р. Вардар, на надморска висина од околу 500 м. Низ селото поминува магистралниот пат М–4 кој го поврзува на запад со Тетово, а на исток со Скопје. Тоа е населено со Албанци, чиј број изнесува 4.110 ж.… Continue reading ЖЕЛИНО

ЖЕЛКИ

ЖЕЛКИ (Цхелониа; Тестудинес) – ред од класата влекачи (Рептилиа) што се одликуваат со збиено (робусно) тело и со силен рожнат оклоп, составен од два штита (грбен–царапаџ и стома£ен–пластрон). Во нашата земја се среќаваат четири видови желки, од кои два сувоземни (рид-ска желка – Тестудо херманнии и пол-Сувоземна желка ска желка – Тестудо граеца) и два… Continue reading ЖЕЛКИ

ЖЕНАТА ВО НОАВМ

ЖЕНАТА ВО НОАВМ (1941 – 1944) – учество на жените од сите слоеви на македонското општество како активни учесници и соработници во антифашистичката и националноослободителната борба. За првите партизански одреди во 1941 г. и во годините потоа жените масовно работеле на обезбедување облека и храна, илегални засолништа, извршувале курирска и известителна служба и сл. Меѓу… Continue reading ЖЕНАТА ВО НОАВМ

ЖЕНСКИ УЧИЛИШТА

ЖЕНСКИ УЧИЛИШТА -. училишни установи за одвоено воспитание и образование на женските деца. Долго време образованието на женските деца било запоставено и се одвивало одвоено од образованието на машките, како последица на сфаќањето за подредената улогата на жената во општеството и во семејството и на моралот. Првите женски училишта во Македонија се отворени околу средината… Continue reading ЖЕНСКИ УЧИЛИШТА

ЖЕРАВИ

ЖЕРАВИ (Груидае) – фамилија големи птици, кои покажуваат сличност со штрковите, а £есто се мешаат и со £апјите. Кај нас е регистриран еден вид, сив жерав (Грус грус), само во период на миграција како прелетен вид. ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерЖерав (Грус грус) ватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12, Цамбридге,… Continue reading ЖЕРАВИ

ЖЕРАВНЕНСКИ ТРИОД

ЖЕРАВНЕНСКИ ТРИОД -. македонски ракопис од втората половина на ⅩⅠⅠⅠ век. Зачувани се 34 пергаментни листа. Фрагменти од истиот триод се чуваат во 5 библиотеки. Сите пет фрагменти се напишани од иста рака и имаат исто кодиколошко оформување. Името на ракописот е по с. Жеравна, каде што го нашол П. А. Сирку. В. Д.

ЖЕРАИЌ, Бошко Душанов

ЖЕРАИЌ, Бошко Душанов (Скопје, 21. Ⅵ 1928 – Скопје, 29. Ⅵ 2007) – хирург-трауматолог. По завршувањето на основното училиште и гимназијата (Скопје, 1948, со прекини поради учество во НОБ), завршил Мед. ф. во Белград (1951-1956). Работел и специјализирал хирургија (Хируршка клиника, Белград, 1956-1962). Од 1962 работи во Скопје; бил шеф на Одделот за трауматологија на… Continue reading ЖЕРАИЌ, Бошко Душанов

ЖЕРНОВСКИ, Дамјан

ЖЕРНОВСКИ, Дамјан (Скопје, 12. XI 1934) – дипл. град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1989 г.) по групата предмети Организација, технологија и економика на изградбата, прв претседател на македонското Здружение за проектен менаџмент. Работел на научноистажувачки проекти и ги објавил книгите: „Техника на мрежно планирање во градежништвото” (1982) и „Проектен менаџмент”… Continue reading ЖЕРНОВСКИ, Дамјан

ЖЕРНОВСКИ, Кирил

ЖЕРНОВСКИ, Кирил (Дебар, 21. Ⅹ 1897 – Скопје, 28. Ⅻ 1972) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1961 до Кирил Жерновски пензионирањето во 1967 г.) по предметите Фундирање, Геомеханика и Организација на градежните работи, еден од основачите на Техничкиот факултет во Скопје. Студирал во Софија, во Грац и во Загреб, каде… Continue reading ЖЕРНОВСКИ, Кирил

ЖЕТВАР

ЖЕТВАР“ -. народно именување за шестиот месец во годината – јуни. С. Мл.

ЖЕТВАРКА

ЖЕТВАРКА -. македонско народно оро во ритам 9/16 (2,2,2,3). Најчесто се игра во Кочанско од мажи или мешано – мажи и жени, со држење на рацете за рамо или за рацете спуштени слободно надолу. Орото е темпераментно, со подрипливи чекори. ЛИТ.: Михајло Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 184. Ѓ. М. Ѓ.

ЖЕФАРОВИЧ, Даниел, помладиот

ЖЕФАРОВИЧ, Даниел, помладиот (прва половина на ⅩⅤⅠⅠⅠ век) – композитор, член на лозата Жефаровци, кои потекнуваат од Дојран. Тој бил веројатно син на композиторката Тереза Марија Жефарович. Бил дворски советник во Виена, а со музика се занимавал на аматерска основа. Во тој град објавил три композиции во стилот на салонското музицирање на времето. Б. Орт.

ЖЕФАРОВИЧ, Тереза Марија

ЖЕФАРОВИЧ, Тереза Марија (крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ и почетокот на ⅩⅠⅩ век) – композиторка од семејството Жефарович, кои, околу 1760 г. од Дојран се доселуваат во Виена. Учела музика, веројатно кај австрискиот композитор Јохан Непомук Хумл. Го објавува (1799) во Виена делото шест италијански ариети оп. 1, за вокал и пијано, творба што сведочи за високото… Continue reading ЖЕФАРОВИЧ, Тереза Марија

ЖЕФАРОВИЧ, Христофор

ЖЕФАРОВИЧ, Христофор (Дојран, крајот на ⅩⅤⅠⅠ – Москва 18. IX 1753) – калуѓер, трговец и печатар, зограф, иконописец и бакрорезец. Работел во Белград, по манастирите на Карловачката митрополија и во Виена. Во 1741 г. во Виена ја објавил книгата „Стематографија” на словенски јазик. Во неа се претставени портрети Христофор Жефарович: на јужнословен-Македонскиот грб ски светители… Continue reading ЖЕФАРОВИЧ, Христофор

ЖИВКОВИЌ, Хаџи Никола

ЖИВКОВИЌ, Хаџи Никола (Воден, 1792 – Белград, 1870) – протомајстор. Дворски архитект во Србија, во времето на кнез Милош познат како Хаџи-Неимар. Според неговите проекти или под негово раководство е изграден Конакот на кнез Милош во Крагуевац (1824); Конакот на кнегиња Љубица во Белград (1829–1831); Кнежевиот двор на улица „Милош Велики” (1829–1836), урнат во Втората… Continue reading ЖИВКОВИЌ, Хаџи Никола

ЖИВОЈНО БИТОЛА

ЖИВОЈНО – БИТОЛА –. рудник на јаглен, кој се наоѓа во југоисточниот дел на Пелагонискиот басен, на север е ограничен со Црна Река, а на југ со македонскогрчката граница. Во базалната формација на наоѓалиштето се развиени две јагленосни формации: подинска јагленосна формација и продуктивна јагленосна формација. Посебен интерес за експлоатација има продуктивната јагленосна формација, која… Continue reading ЖИВОЈНО БИТОЛА

ЖИВОТЕН СТАНДАРД

ЖИВОТЕН СТАНДАРД – кванбележи тенденција на постојан овозможувајќи ги сите потреби титет и квалитет на добра и услупораст, покажува релативно ни-неопходни за живот на организги што им се достапни на луѓето, ско ниво на животен стандард на мите во просторот. Тоа значи декако и начинот на кој тие добра и македонското население. Ваквата ка сите… Continue reading ЖИВОТЕН СТАНДАРД

ЖИВОТНА СРЕДИНА

ЖИВОТНА СРЕДИНА – нов термин во екологијата под кој се подразбира просторот на кој се одвива животот на сите живи суштества, вклучувајќи го и човекот. Затоа е неопходно овој термин да се сфаќа холистички, бизерви на јаглен во Живојно изне-Извор: Хуман Девелопмент Репортс (1990-2006), УНДП и Државниот завод за статистика на Република Македонијасуваат 105 х… Continue reading ЖИВОТНА СРЕДИНА

ЖИНЗИФОВ, Рајко

ЖИНЗИФОВ, Рајко (Ксенофон) Јованов (Велес, 15. Ⅱ 1839 – Москва, 15. Ⅱ 1877) – македонски поет од кругот на учениците на Миладинов. Води потекло од влашки доселеници од Албанија и Јужна Македонија во Велес (татко му е од Москополе, а мајка му од Негуш). Се адаптира во македонословенска средина и уште како млад станува учител… Continue reading ЖИНЗИФОВ, Рајко

ЖИТАР

ЖИТАР -. народно именување на месецот август, осмиот месец во годината. С. Мл.

ЖОЛНИ или ВУГИ

ЖОЛНИ или ВУГИ (Ориолидае) – фамилија шумски птици од подредот птици-пејачки (Осцинес). Кај нас е присутен само еден вид, жолна или вуга (Ориолус ориолус), најчесто Жолна (Ориолус ориолус) во дабовите шуми, особено по должината на речните долини. ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12, Цамбридге, 2004; Ц.… Continue reading ЖОЛНИ или ВУГИ