ЈОВАН

ЈОВАН (ⅩⅠⅠⅠ в.) – скопски епископ. На основоположникот на СПЦ св. Сава му го предал протестниот акт (1220) од Охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан во врска со неканонското и самоволно издвојување на Пеќската архиепископија од Охридската архиепископија, како Мајка Црква. Охридскиот архиепископ остро реагирал против неканонската Српска црква. Во писмото имало и закана кон Пеќската архиепископија за нејзино одлачување од Црквата. ЛИТ.: Јевсевије Поповић, ОпÊа црквена историја са црквеностатистичким додатком, књ. Ⅱ (од 1054 до 1912), Срем. Карловци, 1912; Иван Снегаров, История на Охридската архиепископия, И–Ⅱ, второ фототипно издание, София, 1995; Јован Белчовски, Охридска архиепископија од основањето до паѓањето на Македонија под турска власт, Скопје, 1997. Рат. Гр.