ЈОВАН

ЈОВАН – велики хартулариј на Западот, подоцна монах, ктитор на обновувањето на манастирската црква „Св. Архангели” во Прилеп (Варош) околу 1270–1280 г. Насликан како ктитор во великосхимничка облека, со моделот на црквата в рака. Од сегментот на небото го благословува Раката Господова. ЛИТ.: Б. Бабић, Три грчка фреско-натписа на зидовима цркава средњевековног Прилепа из друге половине ⅩⅠⅠⅠ в., „Зборник ликовне уметности”, МС, 5, Нови Сад, 1969, 26–28; З. Расолкоска-Николовска, Ктиторскиот портрет во ѕидното сликарство во Македонија, Цивилизации на почвата на Македонија, 2, МАНУ, Скопје 1995, 213–214. З. Р.-Н.