ЃУРЃОВДЕН

ЃУРЃОВДЕН -. христијански православен празник, посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец (6. В/23. ИВ). Се смета за најголем пролетен празник. Го празнува не само христијанското, туку и другото население во Македонија, бидејќи во неговата основа е некој постар претхристијански празник на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто. Празникот е исполнет со разни обичаи, најмногу со магиско-апотропејска цел – да се обезбеди напредок и плодност на стоката и полињата, здравје, среќа и напредок на луѓето. Некои од обичаите се изведуваат вечерта спроти празникот, други на самиот ден пред изгрејсонце, а некои во текот на целиот ден. Кај нас со овој празник започнува летната половина од годината што трае до Митровден. На овој ден се главуваат момоци, селски одборници, протуѓери, полјаци и сл. На празникот се бе-рат билки, се запотнува по домовите и се верува дека билките или потката ќе ги чува од разни несреќи. При берењето на билките се пеат билјарски песни. Исто така, песни се пеат и при нишањето на нишалки на младите. ЛИТ.: Коле Симитчиев, Ѓурѓовденските народни песни и обичаи кај Македонците, Србите и Бугарите, „Македонски фолклор”, Ⅵ, 12, Скопје, 1973, 97-105; Танас Вражиновски, Остатоци на ѓурѓовденското жртвопринесување во Валандово и Марвинци, „Македонски фолклор”, Ⅵ, 12, Скопје, 1973, 131-134; Наум Целакоски, Дебарца, обреди, магии и обредни песни, Скопје, 1973, 131-134; Марко Китевски, Златна чаша, Скопје, 1983. М. Кит.