ЦРНОГОРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

ЦРНОГОРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Се воспоставуваат во средниот век кога цар Самуил го поразува дукљанскиот владетел кнезот Јован Владимир, ја приклучува неговата држава кон Самуиловото Царство, го донесува Јован Владимир на дворот во Преспа и го оженува со ќерката Косара, па го враќа да управува во Дукља како негов зет и вазал. По Берлинскиот конгрес (1878) истакнати Црногорци пројавуваат голем интерес за случувањата во Македонија. Јован Петров Рогановиќ го издава трудот „МакедонскиŸ вопрос на почве его истории, Ìтнографии и политики“ (КазанÏ, 1900). Поетот Мило Јовичиќ во песната „Македонија“ ја воспева борбата на Македонците и негодува за односот на Европа кон нивните страдања, а Црногорци-доброволци учествуваат во Илинденското востание (Јово Јовановиќ, Никола Вукмировиќ и др.). По Востанието многу Македонци емигрираат во Цетиње, Бар и во Улцињ. Црногорска војска учествува во борбите во Првата балканска војна во Македонија (1912). Во Кралството на СХС постојат силни литературнокултурно-просветни црногорскомакедонски врски. Во 2006 г. Владата на РМ усвојува одлука за отворање Генерален конзулат во Подгорица. По референдумот за независност на РЦГ (21. Ⅴ 2006), Владата на РМ ја признава како независна и самостојна држава и воспоставува дипломатски односи на амбасадорско ниво (12. Ⅵ 2006). Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на РЦГ е Душко Лаличевиќ. ЛИТ.: Христо Андонов-Полјански, За односот на Црна Гора спрема настаните во Македонија во 1903 година, Одбрани дела, т. 5, Скопје, 1981; Љубен Лапе, Моменти од литературно-културните и политичките врски на Црногорците со Македонците во 30-тите години од ⅩⅩ век, Македонија во ⅩⅤⅠⅠⅠ, ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ век, Скопје, 1992. Т. Петр.