ХРВАТСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

ХРВАТСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Датираат од средниот век (делови од Далмација влегуваат во Самуиловото Царство) и продолжуваат во контактите на Хрватите и Македонците како учесници во австро-турските војни (ⅩⅤⅠⅠ в.). Силен поттик на културните релации им дава објавувањето на Зборникот на македонски народни умотворби на браќата Миладиновци во Загреб (1861), со материјална помош на хрватскиот бискуп Јосип Јурај штросмаер. Хрватскиот печат ги следи настаните за време и по Илинденското востание („Обзор“, „Слободна ријеч“, „Хрватско право“, „Хрватска мисао“, „Хрватски сокол“ и „Црвена Хрватска“). Меѓу двете светски војни Македонци студираат на Универзитетот во Загреб и во 1936 г. го формираат МАНАПО (Македонски народен покрет) кој го публикува „Наш весник“, забранет по излегувањето на првиот број. На парламентарните избори (1938), претставници на МАНАПО му предлагаат на Владимир Мачек (лидер на Хрватската селанска партија) истакнување кандидати на МАНАПО на изборните листи, но, предлогот е одбиен. Стихозбирката на македонски јазик „Бели мугри“ од Кочо Рацин е издадена во 1939 г. во Самобор, во близината на Загреб. Меѓу двете војни постои соработка меѓу националистичко-сепаратистичките сили во Хрватска и Михајловистичката ВМРО. Во април 1929 г. во Софија, претставници на Македонскиот национален комитет со претставниците на Хрватската селанска партија, Анте Павелиќ и Густав Перчец, потпишуваат Декларација за пријателство и општа борба против српскиот хегемонизам и за извојување на човечки и национални права, политичка слобода и полна државна независност на Хрватска и Македонија. Соработката со хрватските сојузници продолжува во 1932 г., со испраќање на претставници на ВМРО (Кирил Дрангов, офицер и Владимир Георгиев-Черноземски, професионален атентатор) во камп во Печуј близу до југословенско-унгарската граница, каде раководеле со обучувањето на хрватски емигранти-терористи. Во нивна заедничка акција е организиран атентатот врз кралот Александар Караѓорѓевиќ во Марсеј (9. Ⅹ 1934). Лидерот на ВМРО, Ванчо Михајлов во почетокот на Втората светска војна се сели и живее во Загреб кај Анте Павелиќ. Република Македонијаја признава Р Хрватска на 11. Ⅱ 1992 г. Р Хрватска ја признава Република Македонијана 12. Ⅱ 1992 г. Дипломатски односи се воспоставуваат на 30. Ⅲ 1992 г. Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Р Хрватска во Република Македонијае Онесин Цвитан. Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонијаво Р Хрватска е Сервет Авзиу. Во 2006 г. во Битола се отвора конзулат на Р Хрватска. ЛИТ.: Христо Андонов-Полјански, Одгласот на Илинденското востание сред југословенските народи, Одбрани дела, т. 5, Скопје, 1981; Зоран Тодоровски, Дејноста на десните струи на Организацијата, Златна книга – 100 години ВМРО, Скопје, 1993; Ахил Тунте, Република Македонија – прва декада (1990–1999), Скопје, 2005. Т. Петр.