СТРУМИЧКА

СТРУМИЧКА (ТИВЕРОПОЛСКА) ЕПАРХИЈА (Ⅳ в.). Оваа епархија со епископална столица станала најпрочуена по мачеништвото на светите Петнаесет тивериополски свештеномаченици (362), кога градот го добил името Мартириополис (град на маченици). Епархијата повремено била дел од Јустинијана Прима, на Охридската архиепископија, на Цариградската патријаршија, на Бугарската егзархија и на Српската православна црква. ЛИТ.: Иван Снегаров, История на Охридската архиепископия, И–Ⅱ, второ фототипно издание, София, 1995; Јован Белчовски, Охридска архиепископија од основањето до паѓањето на Македонија под турска власт, Скопје, 1997; Р. Грујиђ, Струмичка епархија, во: Азбучник Српске православне цркве, Београд, 1993. Рат. Гр.