СИГМА

„СИГМА“ (1979) – списание за популаризација на математиката меѓу средношколците, првин под наслов „Информативен гласник“ (1979-81). Го издава Сојузот на математичарите на Македонија, до 1994 г. по 2 броја годишно, од 1994 до 1999 по 3 броја, а од 1999/2000 наваму по 4 броја (вкупно 70 броја со околу 4.600 страници, заклучно со 2005 г.). Н. Ц.