СВЕТИ НИКОЛА

СВЕТИ НИКОЛА“ – гробишна црква во с. Стрезовце, источно од Куманово. Во основата има трикорабен наос и трикорабна припрата (со урнат свод). Изградена е пред 1606 г. со залагање на презвитерот Петко, а живописана е во истата година благодарение на прилозите на жителите на с. Стрезовце. Во натписот се спомнува и пеќскиот патријарх Јован (Кантул). Делумно зачуваното ѕидно сликарство претставува вистинска галерија на поствизантиските стилски разбирања, во кое, посебно место зазема сликата на Успението на Богородица. Живописот им се припишува на линотопските сликари. ЛИТ.: С. Петковиђ, Зидно сликарство на подручју Пеђке патријаршије 1557–1514, Нови Сад, 1965, 203–204; М. М. Машниќ, Св. Никола на карпа (за истражувачкоконзерваторските зафати на црквата Св. Никола во Стрезовце), „Нова Македонија“ (ЛИК), 12/13. Ⅷ 2000, 21. М. М. „