СВЕТИ НИКОЛА

СВЕТИ НИКОЛА“ – гробишна еднокорабна црква во с. Буриловци, источно од Свети Николе. Изградена е на старо култно место. Стилските карактеристики на ѕидното сликарство – извесната монументалност, пастелниот колорит и украсните елементи – упатуваат на стилските разбирања од крајот на ⅩⅤ или почетокот на ⅩⅤⅠ век. Во тематскиот склоп на сликаната програма е вклучен текстот на Неделниот прокимен. ЛИТ.: К. Балабанов, Црква во село Бориловци, „Културно наследство“, В, Скопје, 1959, 5–14. М. М. „