СВЕТИ НИКОЛА

СВЕТИ НИКОЛА“ – гробишна црква во с. Белушино, северно од Крушево. Еднокорабната градба е ѕидана од камен и од глина. Според ктиторскиот натпис, изградена е и живописана во 1671/1672 г. Сликаната програма е блиска на стилските разбирања на линотопските работилници. Денес е запуштена поради иселувањето на православното население. М. М. „