СВЕТИ НИКОЛА

СВЕТИ НИКОЛА“ – еднокорабна црква во с. шопско Рударе, северозападно од Кратово. Ѕидана е и делумно живописана во последната четвртина на ⅩⅤⅠ век (врз основа на изгребан запис од 1567 или 1568), а потоа е целосно живописана во првата четвртина на ⅩⅤⅠⅠ век. Има ѕидан и исликан иконостас со карактеристична тематско-иконографска програма и Царски двери датирани кон 1581 г. ЛИТ.: С. Радојчиђ, Старине Црквеног музеја у Скопљу, Скопље, 1941, 46, 47; М. М. Машниќ, Црквата Свети Никола во шопско Рударе – идентификација на сликаната програма и нови сознанија, „Културно наследство“, 30–31/2004–2005, Скопје, 2006, 57–74. М. М.