ПОПОВ

ПОПОВСКИ, Димитрија (Скопје, 16. Ⅵ 1941) – унив. професор, пливачки тренер. Завршил Висока школа за физичка култура во Бел-град (1965), магистрирал на Медицинскиот факултет во Скопје (1977), на тема: „Релација меѓу телесниот развиток и со динамометар измерената мускулна снага кај машката средношколска младина во Скопје“. Докторирал на Филозофскиот факултет, Отсек за физичко воспитание во Ниш (1980), на тема: „Релације антропометриских димензија и изометриског миши¢ног потенцијала код ученика узраста од 11 до 14 г. у СР Македонији“. Работел како професор по Пливање на Вишата школа за физичка култура (1965–1978) и како предавач и редовен професор по пливање и ватерполо на Факултетот за физичка култура во Скопје (1978– 2006). Бил декан четирипати. Бил пратеник на Либералната партија во Собранието на Република Македонија(1992–1994 и 1994–1998). Долгогодишен тренер на АПК „Студент“ во Скопје и селектор на македонската репрезентација во пливање. Објавувал стручни и научни трудови, и е добитник на општествени признанија. ЛИТ.: Душан Станимировиќ, Десетгодишнина на Факултетот за физичка култура & Скопје (1977/78 –1987/88), „Годишен зборник на Факултетот за физичка култура“, бр. 1, Скопје, 1988. 25 години на Факултетот за физичка култура (1977–2002), Скопје, 2002. Д. С. Душко Поповски