ПОПОВ

ПОПОВСКА, Цветанка (Скопје, 26. Ⅷ 1950) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1996 г.) по предметите хидраулика, хидрологија и речна хидротехника. Завршила постдипломски студии во Делфт, Холандија (1980/81), докторирала во Скопје (1988). Главно поле на научниот интерес $ се теориските и експерименталните хидраулични истражувања. Водела научноистражувачки проекти и објавила голем број трудови. Главни дела $ се книгите: „Механика на флуиди“ и „Хидраулика“. Љ. Т.