ПОПОВ

ПОПОВИЌ, Василие (Цицо) (Скадар, 12. Ⅱ 1914 – Скопје, 10. ⅩⅠⅠ 1962) – сликар, сценограф и карикатурист, еден од основоположниците на карикатурата и на сценографијата во РМ. Дипломирал на Уметничката школа во Белград (1938). Ги поставува темелите на македонската карикатура уште од 1933 г. (Мотив од кафеаната, 1933; Јосиф Михаиловиќ, 1939; Лазар Личеноски, 1953). Има пресудно влијание врз развојот на македонската карикатура. Набргу пројавил интерес за сценографијата. Изработил модерни и впечатливи сцени за претставите во Македонскиот народен теа-тар во Скопје (Аида, 1954; Жар птица, 1961; Крвави свадби, 1962; Ромео и Јулија, 1962). С. Аб.-Д.